ПОЧЕТНА

БИКОТ

Колку би било убаво да се сака еден Бик, но оној Бик кој припаѓа на подобрата половина од личностите родени во овој знак. Се работи за личности кои се едноставни, практични, способни да ви понудат сигурна и конкретна иднина, создадена од задоволствата на битисувањето во својата куќа во која ќе бидете сакани и почитувани од сите. Сето ова ќе биде зачинето со полна сензуалност, фантазија и внимание. Животот би можел да ви биде како сон кој не смеете со ништо да го нарушите; не дозволете да ви се појави страв од љубомора. Имајте доверба во својот партнер затоа што тој ќе ве сака и ќе ви биде верен. Можете слободно да го оставите да се занимава со своите општествени обврски, да патува и да напредува, но и во тоа не е добро да се претерува.

Кога ќе се запознаете со Бикот проверете дали припаѓа на оваат група или на онаа другата во која се мрзливите, троми типови, кои се многу поводливи, без стимулација и интересирање за светот кој ги опкружува, што еден ден може да резултира со намалено интересирање и за вас. Значи ако не го возбуди ништо што правите за него, ако јаде без чувство за мерка, не се надевајте многу за подобра иднина.


Мажот Бик малку е романтичен, но и многу реален. Тој е многу бавен и внимателен во се, но кога еднаш ќе се одлучи знае да биде директен и недвосмислен. Ако некому му пречи неговата природност, Бикот во најдобар случај ќе го смета за лицемер. Верноста му е многу важна и ни еден однос, дури ни деловниот, нема да го изгради ако нема доверба во дотичната личност. Во љубовната врска е тој оној кој води, но паметните совети од жената нема никогаш туку така да ги отфрли. Во него можете да имате доверба, тој е верен на својот избор до крај. Жената која ќе го одбере Бикот за партнер мора да ја има на ум неговата потреба за стабилна врска, но не треба да му се оневозможи романтичното доживување - тој материјално се обезбедува за да може емотивно да се опушти. Мажот Бик има голема потреба за љубов и без љубов не би можел да живее. Нежен е, но и страствен и своето однесување може да го прилагоди кон секоја партнерка. Убеден е дека љубовта мора отворено да се покаже, без оглед дали ќе се оствари. Љубовта за него е рамноправност иако многу често се случува да ја наметне својата волја. Во сексот не е романтик ни идеалист, но што се однесува до потенцијата и плодноста е еден од најмоќните во Зодијакот. Овој тип на маж навистина не е склон кон аскетизам, дури може да се каже дека склон се во животот да подреди на сетилните уживања. Неговата исклучително развиена сетилност не значи дека не е способен за длабока љубов. Чувствата му се длабоки, го опиваат и владеат со него, па иако не е многу романтичен може да сака страсно, трајно и длабоко. Многу често зае да биде премногу љубоморен. Сексот за него е извор на уживања. Незаситен е и неуморен, но не сака ексцентрични љубовни положби (за тоа нема развиена фантазија). Пригушена светлина и тивка музика за него е идеална интимна атмосфера. Има потенцијали за склоност кон разврат и бисексуалност (тоа го смета за чиста егзотика). Во бракот е многу практичен, по природа е добар, толерантен, го сака домот, семејството, пошироката фамилија, а голем недостаток му е тврдоглавоста. Тој е совршен сопруг кој неизмерно ги сака децата. Опасен е единствено кога со него се управува и многу подобро е да се придобие со ласкање или со потполна отвореност. Тој својата љубов ја покжува на дело и не сака премногу да зборува за тоа. Обожава жена која го сака домот и семејниот живот. во состојба е од својата жена да направи култ за кој во секој момент е спремен да се жртвува. Неговиот дом е негов храм чии врати се отворени за секој добронамерен човек.

 

Жената родена во овој знак ќе ве привлече со својата женственост и шарм, но и со својот карактер т.е. со јачината на личноста. Таа знае како суптилно да ве заведе, знае да биде грижлива и нежна, но и многу упорна во остварувањето на своите замисли. Заради сите наведени карактеристики жената Бик е створена за стабилна врска, односно брак. Без оглед што во младоста може да делува недоверливо, заради својата потреба да се допадне на другите, таа сепак бара некој на кого ќе се посвети. Оваа жена мечтае за една љубов низ која потполно ќе се оствари и која ќе и даде сила за сите други напори. За жената Бик љубовта е бавно, долго, страсно уживање. Сака да се возбудува со размислувања за првиот бакнеж пред да дојде до него. Во љубовта се предава на партнерот и ниедна негова мисла не и е туѓа. Спремна е да ги покаже своите чувства и таму каде што тоа не се очекува. Љубовта за неа е приватна работа, но не бега ни од јавноста. Во сексот е многу страствена и сензибилна. Таа има повеќе ерогени зони од останатите, а моќта на нејзиното либидо е воглавно еднаква на длабочината на нејзините чувства. Има развиено инстиктивно спознание на еротиката. Таа во секоја земја во секој кревет се чувствува како во својот, а сеедно е каде се води љубов ... важно е да се случува. Жените родени во знакот на Бик често талкаат низ светот во потрага за идеалниот, а завршуваат в кревет со некој кој е малку необичен. Сетилните уживања ги прима со слухот и мирисот. Најмногу ја возбудуваат милувања по вратот и градите. Таа е чувствителна, нежна и полна со страсти. Премногу троши. Има потреба за грижа, внимание и љубезност. Склона е кон лезбејство. Во бракот е одлична домаќинка, добра мајка и сопруга. Сака нежност и многу е чувствителна. За неа нејзиниот дом е светилиште во кое за секого има место ако не ја загрозува усогласеноста и хармонијата. Пожртвуваноста, доверливоста и приврзаноста се основни одлики на жената и мајката Бик. Нејзина најголема мана е изразената своеглавост.