ПОЧЕТНА

БИК

Неопходно е да не брзате! Од односот со Бикот морате да ја занемарете нетрпеливоста и да ја покажете непоколебливата упорност. Малодушноста и фрустрираноста мораат да бидат решително отфрлени. За да биде освоен, Бикот чека неговите евентуални партнери да ги прифатат правилата на неговата игра, постепено да се здобијат со негова доверба, за неговите врски полека, но сигурно да се стегнат. Бикот сака да се чувствува охрабрен, по потреба и закрепнат и сигурен. Но тој исто така ќе биде охрабрен кон оние кои го привлекуваат ако забележи дека предизвикува немир и разурнувачка желба... Возбудувањето, радоста, уживањето, остануваат за него природни, нормални изрази на чувства: за него гревот воглавно е нешто туѓо. Се е понудено, се е составен дел на дарбината и великодушноста кои не дозволуваат да се спречат со никакви комплекси или забрани.


Господинот Бик ги цени сите вредни работи, а таков е и со жените. Јулија според неговата мерка мора да биде блескава, и тоа во секоја прилика. Типичниот претставник на овој зодијачки знак е повеќе наклонет кон оние жени кои добро ја совладале поделбата на “машки” и “женски” работи. Неретко тоа значи тој да заработува, а со самото тоа да има одлучувачки збор по сите прашања, а жената му доаѓа како природен украс во совршено средениот дом. За да го освоите мора да бидете такви. Потрудете се да го совладате готвењето на гурмански специјалитети (зачудувачки е како желудникот влијае на срцето кај овие луѓе) и водете сметка као се однесувате во друштво.


Госпоѓицата Бик е во потрага по солидна врска. Ако сте авантурист, кој сонува за тоа да го освои Монт Еверест, шансите да ја освоите ова жена се никакви, а причината е многу едноставна – нејзе и е потребен маж кој секогаш ќе биде покрај неа, таа мора да биде сигурна дека во секоја прилика може сериозно да смета на вас. Значи, чевллите за планинарење заменете ги со елегантни чевли и одведете ја во театар или во некој луксузен ресторан. Внимателно избран подарок или букет на цвеќе можат да помогнат за во вас  да пронајде сродна душа, која исто така ги цени убавите и вредни работи.