Добрите прилики и динамичниот месец постепено привршуваат па така Јарците за фебруари ќе мора добо да се подготват и да се соочат со тековните проблеми. Во првата и втората декада можете да очекувате доста голема криза поврзана пред се со активностите на работното место додека во последната декада помалку работите ќе почнат да се средуваат, но сеуште нама да бидат добри. Главно оружје со кое ќе можите да се браните во овој месец ќе биде комуникативноста која во првата половина од месецот ќе ви биде доста добра. Особено е поволна првата недела каде Сатурн вашиот владетел добро ќе го аспектира Меркур, планетата на комуникациите која моментално е во вашиот знак. Ќе бидете способни до таа мера да ги уверувате луѓето, па ткаа и најголемите ваши грешки и недостатоци во работењето, ќе можете лесно да ги прикриете. На овој начин ќе ви се појават и безброј нови перспективи за реализација на деловните планови, меѓутоа добро е ако можете да ги одложите за некој наредн период или барем после 20 фебруари кога планетите ќе бидат малку во подобра положба одколку сега. Во Последната декада од месецот ќе ви се врати виталноста и енергијата, па ќе можете многу посоодветно да одговорите на проблемите. Финасиската сотојба помалку ќе се влошува. Не се оптеретувајте со непотребни грижи на ова поле, наскоро ќе имате прилика за поголема заработка, па ќе успеете да ги средите проблемите. Студените мора да го искористат почетокот на месецот за полагање на испити, а за учење периодот е добар до 18 Февруари кога Меркур го напушта вашиот знак.
Месецот кој доаѓа ќе биде доста бурен на љубовен план за типичните Јарци. Расправиите со партнерот не ќе можите да ги избегнете. Ќе бидат доста чести па некаде кон крајот на месецот ќе заборавите што значи мирна љубовна идила. Донекаде ова е добро бидејќи ќе сватите навистина тоа и ви треба. Желбата сепак на крајот од месецот ќе ви се оствари, но при тоа ќе поминете низ еден период во кој многу работи ќе промените во вашето однесување, а и многу проблеми ќе проголтате. Старите врски во овој месец ќе останат без основа, па ќе мора да барате нов начин за хармонизација на односите. Во почетокот ќе му префрлувате на партнерот за грубото однесување и флертувањето. Некои можеби ќе измисуваат авантури кои подоцна не ќе знаат како да ги оправдаат. Дури ако се случи да дојди до прекин на врската нема да имате прилика да најдете ништо интересно. Што и да превземете претходно добро размислете за последиците. Оние кои скоро влегле во врска постојано ќе се прашуваат дали го направиле вистинскиот избор. Секој чекор на партнерот ќе го анализирате. Несвесно ќе се трудите да ги издвоите неговите негативни особини и да ги пренагласите. Ако ви здосадило прекинете ја врската не мора да се измачувате. Слободните ќе водат интензивен и помалку драматичен љубовен живот. Ќе ви се случуваат авантури но и доста компликации со нив. Ќе биде нагласена потребата за партнер, љубов, прегратка, а постојано ќе наидувате на некоја личност која намерно или ненамерно ќе ве повредува. Бидете подготвени на ваквите успони и падови и потрудете се да научите нешто од овој период, наредниот месец ќе биде доста посреќане за вас. Кај некои може да се случи некое пријателство да премине во љубов што нема да биде пријатно за вас. Последнта недела од Февруари ќе имате некои расправии во семејството за кои ќе немате оправдување за таквата состојба. Размислувајте за своите грешки и не дозволувајте да се одалечите од родителите или децата бидејќи тоа покасно тешко ќе го надополните.
Проблемите на работното место негативно ќе се одразуваат врз вашето здравје, а ќе се рефлектираат во вид на воспаленија и најразлични неочекувани болести. Внимавајте на мочниот меур, желудникот и бубрезите. Имајте на ум дека долгите прошетки го намалуваат нивото на шеќер во крвта. Во втората половина од месецот се јавува одредено расчистување кое ќе ви ја врати енергијата за повторно да бидете во елементот. Проблеми со здравјето најповеќе ќе почуствуаат постарите претставници кои покрај ревматските проблеми мое да имаат проблеми со бубрезите, жолчката и уринарниот тракт. Внимавајте на кожата особено внимавајте од изгореници и посетете стоматолог доколку во изминатиот период тоа не сте го направиле. Бидете внимателни при парувањата и при управувањето со автомобил.
Одлучете веќе еднаш што сакате во љубовниот живот, дали сакате да ја задржите старата врска или да барате среќа во нова.
Добро ќе се сложувате со Вагите и Водолиите, но најповеќе ќе ви одговараат Биковите. Избегнувајте ги Рибите. И двајцата имаат потреба за удобен дом и секој ќе вложи многу енергија во тоа. И едниот и другиот имаат карактеристичен страв од долгови, па тоа ќе ја елиминара можноста од финансиски тешкотии. Можеби ќе собираат стари предмети затоа што двајцата се интересираат за минатото. Взаемна е и нивната потреба за враќање кон природата и можеби ќе се изрази преку љубовта према градинарство или кампирање. Бидејќи им е толку убаво во нивниот дом и бидејќи се толку среќни кога ќе бидат заедно може да се случи целосно да се исклучат од надворешниот свет.