Потрудете се малку да го намалите животното темпо. Ќе мора да го промените амбициозниот начин на размислување и да бидете пофлексибилни во деловните акции. Пред да тргнете во акција би било добро да ги решите сите заостанати проблеми од порано. Ќе бидете ладнокрвни кога вашите претпоставени нема да имаат разбирање за вашите потреби. Обрнете повеќе внимание на некои важни документи и приложете ги навреме ако не сакате да имате проблеми со државните ограни. Покажете повеќе разбирање кон некоја постара личност од вашата близина.
ЉубовЕмоционалните односи не ви се стабилни, погрижете се повеќе за оваа свера на животот. Нежноста и љубовта од вашиот партнер ќе ви бидат најпотребни оваа недела, па сторете нешто тоа и да го добиете. Некои Јарци особено слободните ќе уживаат во авантури. Јарците во брак ќе се трудат да ја одржат стабилноста во односите со партнерот.
ЗдравјеЗдравствената состојба ви е одлична, но сепак на вашиот огранизам му требаат витамини.