ЛАВОТ

Лав и Овен
Во оваа врска конфликтните ситуации можат да имаат важна улога, бидејќи и двата партнера уживаат во тоа. Ако се појават финансиски проблеми, животот би можел да стане многу тежок за нив, бидејќи и едниот и другиот имаат изразена потреба за удобност во животот. Агресивноста која е присутна и кај Лавот и кај Овенот, може да се одрази во креветот особено после некоја жестока расправија. Овенот можеби ќе ужива да води љубов, а истовремено да го мрази Лавот.

Лав и Бик
Ако и двајцата мислат дека се во право, ништо неможе да го промени нивното мислење, а тоа може да доведе до несакани последици. За да се одржи оваа врска најдобро е никој да не настојува да го промени карактерот на другиот. Но интересот за домот, кариерата и занимливите пријатели може да ја одржува оваа нехармонична врска. Бикот може да претерува во сексот, меѓутоа ни Лавот нема помали потреби. Сексуалниот живот е на задоволувачко ниво.

Лав и Близнаци
За многу кратко време се врзуваат меѓусебно. На прв поглед оваа врска би требало да биде успешна, меѓутоа ако по одредено време дојде желбата на Лавот да доминира и ситуацијата се менува. Лавот се восхитува на Близнаковата оштроумност и спретност со кој ги совладува препреките. Близнаците ја ценат блескавата интелегенција на Лавот и неговиот на чин на решавање на проблемите. Ова меѓусебно почитување на квалитетите е одличен предуслов за добро заедничко живеење.

Лав и Рак
Комбинација осудена на пропаст. Не постои ништо што меѓусебно ќе ги поврзи. Ако машкото е Лав врската може да се одржува, само затоа што жената Рак многу полесно ја поднесува доминантноста на Лавот. Во обратен случај, ако мажот е Рак,  мора да биде папучар за да се одржи истата. Ракот е пасивен во сексот, а Лавот кој е многу активен не сака да се успие некој во негово друштво, па можеби ќе на друго место ќе побара возбудување. Позиотивна работа во оваа врска е тоа што ако дојде до несогласување помеѓу овие двајца тоа никогаш нема да допре до очите на јавноста.

Лав и Лав
На двајцата им е важна кариерата што може да доведи до појава на натпреварувачка атмосфера помеѓу нив. Машкото Лав мора секогаш да биде водач, меѓутоа ќе мора упорно да се бори со Лавицата која не сака некој да е подоминантен од неа. Многу време ќе се троши во креветот, со оглед на тоа што имаат голем сексуален нагон и голем број домашни проблеми тука ќе се разрешат. Физичката привлечност меѓу нив најчесто е нодолива, а потребите и желбите им се заеднички. Ова е напната врска во која доминира или љубов или омраза.

Лав и Девица
Овде добро се знае кој заповедува, а кој слуша. Лавот е великодушен и оптимист, додека Девицата е скржава и песимистична, меѓутоа штедат и работат заеднички, па материјално се усогласуваат. Во сексот Лавот можеби ќе се чувствува фрустрирано, бидејќи неговата топлина и љубов секогаш настојува да ги искажува, а малку е веројатно дека Девицата тоа ќе му го овозможи, затоа што работата му е на прво место. Ова е тешка врска која не би ви ја препорачале.

Лав и Вага
Постојат големи шанси оваа да биде успешна врска, барем на естетски план. И двајцата го сакаат тоа што е убаво и се доста осетливи на надворешниот изглед. Најчесто станува збор за убав пар.  Сексуалните потреби им се со сличен интензитет, меѓутоа се разликуваат по својата природа, на Вагата им е неопходен сјај и фантазија кои  Лавот неможе да ги разбере. Лавот секогаш сака да биде горд на својот партнер, а Вагата токму тоа и му го овозможува. Вагата е многу ретко авторитативна и непостои причина да не ги цени Лавовските амбиции.

Лав и Скорпија
Многу нестабилна врска. И двајцата се со силна волја, меѓутоа сепак тешко меѓусебно се надополнуваат. Единствено што може да ја одржи врската е силната страст што ја поседуваат, тоа и меѓусебно ги привлекува. Скорпијата сака детално да го анализира секој со кој доаѓа во контакт Лавот, иако самиот е премногу таинствен и ќе биде огорчен кога Лавот ќе го прави истото. Скорпијат  сака да диктира кога и како ќе се трошат парите што не е во соогласнст со нормите на Лавот.

Лав и Стрелец
Заедничкиот живот на  овие двајце е без илузии и секогаш ги прати некоја топлина. Ова е врска која многу ветува. Во креветот сексуалниот однос помеѓу овие два зодиачки знака се карактеризира со спортска издржливос -игра на предизвик, кој кого ќе победи. И за двајцата важи мотото “хероите се заморуват”.  Ако Лавот се одлучи да се посвети на својата кариера, во тој случај Стрелецот ќе го охрабрува и поттикнува бидејќи незнае за љубомора и верува дека не треба да е зависен никој од друга личност.

Лав и Јарец
Една од главните причини за оваа нестабилна врсак е различното финансиско гледање. Лавот ужива во скапи облеки, го привлекуваат работи кои се симбол на углед, доедека Јарецот нема потреба за такви животни задоволства и повеќе е склон кон штедење. Исто постојат и големи разлики во сексот, бидејќи Лавот понекогаш сака да претерува, а Јарецот ја сака умереноста. Трпеливиот Јарец е во состојба да преоголта доста увреди меѓутоа затоа знае и да се освети. Најчесто ова е врска која завршува несреќно.

Лав и Водолија
Нивните доживувања се надпросечни, брзо меѓусебно се доверуваат и лесно се одлучуваат за секс или брак. Заеднички им се две особини- непоколебливоста на своите ставови и гордоста.  Лавот сака смиреност и стабилност, меѓутоа сепак ги опростува слободните испади на Водолијата. Подобро е ако Водолијата е машко. Одлика и на двајцата е независноста и неподнесувањето на авторитети. Ако сепак дојде до одредени недоразбирања тие ќе бидат жестоки и страствени, најчесто поради некои споредни работи.

Лав и Риби
Лавот мора да свати дека еротски никогаш нема да биде задоволен. Мора да ја заштитува нежната Риба која се впива, опростува и трпи. Рибите се најчесто папучари, попустливи, жртви и се поднесуваат, а Лавот бара јака личност која е способна машки да ги поднесува проблемите и не сака да изиграва нејзин заштитник. Единствено што ќе го задржи Лавот во оваа врска е тоа што неможе да најде подобар партнер кој ќе му пружи поголема чувствителност и поддршка од Рибата. Ако машкото е Лав тоа е идеално.