СТАОРЕЦ

Ако сте родени во еден од наведените денови,
тогаш вашиот натален симбол е стаорец:

18.02.1912 - 05.02.1913.
05.02.1924 - 23.01.1925.
24.01.1936 - 10.02.1937.
10.02.1948 - 28.01.1949.
28.01.1960 - 14.02.1961.
15.02.1972 - 02.02.1973.
02.02.1984 - 19.02.1985.
19.02.1996 - 06.02.1997.
06.02.2008 - 25.01.2009.

Основни особини
Позитивни: енергичен, шармантен, мил, друштвен, ведар, шеговит, упорен, трпелив, интелектуален, благороден, поштен.
Негативни: користољубив, алчен, агресивен, деструктивен, сомничав, манипулатор, досаден.

Основната мотивација на животот на Стаорецот е потребата да успее. Зема се што може да дофати, собира, граби, но се тоа на елегантен и префинет начин. Во принцип е опортунист, но настојува никого да не повредува во исполнувањето на своите стремежи. Околината ја искористува одушевувајќи ја со својот шарм. Но, тоа воглавно трае само толку долго додека е присутен.
На прв поглед изгледа смирен, урамнотежен и ведар. Но, под таа површина се трупаат чувства, немир, неуроза и агресија. Секогаш е прв кој се буни против постоечкото. Критиката му е силна страна. Инаку е молчелив и не ги поверува своите тајни.
Лесно го губи прегледот над ситуацијата. Парите брзо ги троши и во животот не си ускратува ништо. Се стреми кон совршенство и многу е уреден. Во тоа често претерува. Започнатото секогаш го завршува. Незадоволството и претераната педантност го прават самокритичен и вреден работник. Најистраен е од сите знаци. Постојано е спремен да се бори без милост и без оглед на последиците.
Во љубовта е спремен на партнерот да му пружи небо и земја. Извонреден е љубовник, полн со фантазија и одушевување.
Има повеќе вкус од повеќето луѓе. Неговиот вкус е префинет, но обоен со снага и жестина. Во се настојува да го искористи својата вештина на управување со другите луѓе, така што во суштина живее од трудот на другите. Повеќе е ориентиран на интелектуален, а помалку према мануелна работа. Со многу идеи, остроумност и флексибилност ги совладува препреките. Во животот најмногу му пречи наговото постојано незадоволство и стремежот да живее во сегашноста.
Лоша страна на Стаорецот е неговата подложност на надворешниот сјај, те. површноста. Повеќе внимание посветува на надворешниот изглед, а помалку  на содржината. Спремен е да ја разубави вистината со мали неискрености, и кога тоа не е потребно. Често пати е премногу критичен.
Екстровертираниот стаорец е активен во друштво, има многу познаници, но малку вистински пријатели. Ужива во оговарање и скандали. Интровертираниот Стаорец е насочен кон уметноста, внимателен е кон пријателите кои ги има неколкумина, но затоа вистински.
Стаорецот е спретен во говорот и пишувањето. Многу писатели се родени во тој знак. Детсвото на Стаорецот е безгрижно, средината на животот полна со грижи и промени. Зрелото доба и староста донесуваат удобност и мир.

Изглед и однесување
Впечатокот кој Стаорецот го остава е љубезноста, пријатноста, со голема доза на немир и подвижност. Лесно склопува познанства и пријателства и постојано е окружен со голем број луѓе. Неговата немирна природа му овозможува постојано со нешто да е зафатен. Во непрекината е потрага за знаење и информации, па затоа сред сите тие активности останува малку време за одмор и интрспекција. Во кризни ситуации не е толку снажен, вешт и сигурен како што изгледа.

Маж Стаорец
Самиот себе си високо се цени и смета дека е непогрешлив. Мисли дека никој не го разбира и дека животот е полн со одговорности. Со него не може да се дискутира, затоа што цврсто се држи за своите ставови. Во друштво о истакната појава. Со задоволство се дружи со жени, а посебно му е убаво кога им помогнува во неволја. За него е вистинско уживање кога жените зависат од него.

Жена Стаорец
Безгрижниот флерт не ја интересира многу, нејзина цел е да се омажи. Посебно ја цени сигурноста. Во својот партнер бара потпора. И покрај големата ангажираност во општествениот живот, сепак се враќа на брачното гнездо. Постојано е во страв од губење на партнерот.

Поволни занимања
Најповолна работа за Стаорецот е онаа во која може да се истакне и да се доведе до израз смислата за деликатност, енергија, пробојност и спретност во комуникациите. На пр. : продавач, службеник, трговски патник, книговодител, издавач, деловен човек, бизнисмен, музичар, сликар, писател, говорник и сл.

Совети
Стаорецот треба да се обиде да се ослободи од минатото и агресивноста. Неговата голема зависност од друштво, го спречува на мир да ги согледа своите цели и амбиции. Стаорецот чувствува и мисли дека вреди повеќе од оние кои го опкружуваат. Околината треба да ја прифати онаква каква што е, а не со сила да се обидува да ја промени. Амбициозноста е силана карактеристика на Стаорецот, но потребно е ненасилно остварување на целите.

Односите на Стаорецот
Во љубовта му е потребна поддршка и восхит, а најмногу му одговара Змејот, додека добри врски може да оствари и со Биволот, кучето и Свињата. Треба да ги избегнува Коњот и Зајакот. Добри пријателски односи воспоставува со Свињата, Змијата, Змејот и Мајмунот, врката со Петелот е површна, а трба да ги избегнува Кучето, Тигарот, и Зајакот. Добри деловни односи можни се со Змејот и Свињата, успех доживува и со Мајмунот и Биволот, а Коњот треба да го избегнува.