Ако сте родени во еден од наведените денови
тогаш вашиот натален симбол е Петел:
08.02.1921-27.01.1922
26.01.1933-13.02.1934
13.02.1945-01.02.1946
31.01.1957-17.02.1958
17.02.1969-05.02.1970
05.02.1981-24.02.1982
23.01.1993-09.02.1994
09.02.2005-01.28.2006
Личностите родени во знакот на Петел се многи плашливи и внимателни. Размислуваат практично и кога треба нешто да направат, секогаш тоа го проверуваат на повеќе начини, а го прават само на еден и не сакаат да применуваат ништо ново ако нештото проверено функционира. Тоа за нив е преголем непотребен ризик. На петелот ништо не му бега. Поради тие способности добри се како новинари, адвокати, хирурзи и.т.н.
Петлите се многу искрени и не играат игри зад некои маски. Тие се како отворена книга и ако на овие луѓе му подадете рака кога им е најпотребано ќе ве ценат целиот живот. Тоа може да ги наведе некои да ја искористат довербата и отвореноста на овој знак, но тоа не е добро бидејќи не треба да се заборави дека Петелот секогаш ги држи очите отворени.
Петлите се перфекционисти и сакаат се да држат под контрола. Исто така сакаат да се во центарот на вниманието, тоа им е афродизијак. Тие се мајстори на стилот, што можи да се заклучи по нивното облекување и начинот на кој го средуваат домот. Меѓутоа, Петлите очекуваат и од партнерот во тоа совршено да ги прати, што некогаш може да биди многу заморно.
Луѓето родени во овој знак треба да научат да се држат ди свиоте чувства исто толку колку што се држат до својот изглед.
Особини:
Личностите родени во знакот на Петел, сакаат да се во центарот на вниманието, да ги забавуваат пријателите и да запознаваат нови луѓе. Тие можат да бидат многу интересни за друштвото, дури и гога од нив ништо не се очекува. Тешко може да се случи да видите Петел нерасположен. Тие се тие кое секогаш се добро облечни и се најгласни во друштвото.
Исто така можат да бидат критични кога во прашање е нивниот изгле, а понекогаш и критични према изгледот и начинот на однесување на другите. Иако другите често ги оптужуваат дека се егзибиционисти, (а понекогаш знаат да бидат), ај нив сепак е изразена нивнаат топла и сентиментална страна коај е секогаш на местото каде е потребна.
Петлите се независни и ретко слушаат совет од некого. Тие веруваат во себе и нема потреба некој друг да ги води во животот. Исто така тие се многу храбри личности, секогаш спремни да застанат пред некого и да го одбранат она што треба да се одбрани.
Љубов
Петлите уживаат во романтиката и љубовта воопшто, така што речиси е возможно околу нив секогаш да најдат љубов. Тие сакаат добро облекување, атмосфера и друштво, така што секогаш можат да направат соодветна романтична атмосфера. Личностите родени во знакот на Петел умеат да импресионираат со совојот изглед, но доколку е потребно можат да забавуваат и со својата интелегенција.
Постои опасност овие личности да тргнат по потрага на партнер доколку постоечкиот стане многу предвидлив. Петлите се независни и затоа можат да бидат неверни, но само со вистинската личност. Кога е задоволен со врската тој е многу верен и пожртвован.
Кариера
Линостите родени во знакот на Петел размислуваат логично и јасно, но не сакаат да донесуваат одлуки под притисок. Доколку им се обезбеди работа кој аможат да ја работаат во мир остваруваат успешна кариера. Доколку имаат време да размислуваат и во тоа да бидат слободни, дотогаш ќе доаѓаат до нови и свежи идеи.
Идеална работа за овие личности е онаа во која се самите газди и во која успесите и заслугите се јасно дефинирани. Единствена слабост на овој знак е тоа што напорно работат за да заработат пари, а сакаат да го потрошат брзо.
Им одговараат работи кои имаат врска со јавноста, продажбата и политиката. Исто така можат да бидат добри забавувачи, козметичари па дури и војници.
Сакаат: да заведуваат, сериозни разговори, флерт, да сонуваат, да трошат пари и понекогаш да бидат сами.
Мразат: да ја изгубат својата линија.
Односи
За љубов: најдобра комбинација е меѓу биволот и петелот, добар избор е стаорецот, змијата, Зајакот, мајмунот, кучето и друг петел, а неповолен е тигарот.
За пријателство: најтрајно пријателство е со тигарот, а добра врска остварува со биволот, змијата, Зајакот и мајмунот, треба да ги избегнува змејот и коњот.
За работа: да не се впушта во деловни односи со змеј и тигар, поддршка и соработка може да бара од стаорецот, но најдобро е да се потпре само на себе.