КУЧЕ

Ако сте родени во еден од наведените денови,
тогаш вашиот натален симбол е КУЧЕ:

28.01.1922-15.03.1923
14.02.1934-03.02.1935
02.02.1946-21.01.1947
18.02.1958-07.02.1959
06.02.1970-26.01.1971
25.01.1982-12.02.1983
10.02.1994-30.01.1995
29.01.2006-17.02.2007

Сте слушнале за изреката дека кучето му е најдобар пријател на човекот. Тоа е така, но во кинеската астрологија кучето се опишува како многу непредвидливо животно. Кучињата се верни, лојални и.т.тн, но по кинескиот хороскоп на кучето најголемиот проблем му е довербата. Во секој случај ја ценат вистината, со исклучок на мали лажги кои му помагаат само за да замине понатаму. Кучињата се добри пријатели, верни и можат многу добро да слушаат. Имаат исклучително чувство за правда и неправда.
Меѓутоа можат да бидат големи догматичари и да се грижат за работи само за нив интересни и мили, а притоа од видот да им избегаат навистина важни работи. Исто така Кучињата лесно го менуваат расположението и кога се тажни, најповеќе сакаат да побегнат и сами да си ги решат проблемите. Тоа често ги доведува во ситуација самите на себе да си наметнат стравувања и да прават проблеими таму каде ги нема. Затоа овој чувствителен знак мора да научи да им верува на другите, бидејќи без доверба можат дса станат многу критични.
Како соработници Кучињата се доста добри, а во љубовта имаат проблем со постојаното барање на вистинската личност. На првиот состанок можат да бидат така уплашени и нервозни, тоа лесно да го префрлат на партнерот.
Кучињата најсреќни се кога се во движење. На работа или дома, овој знак постојано нешто работи. Било да прави нешто ново или да поправа нешто старо, целта му е единствена-да функционираат нешатат колку можи подобро.  Меѓутоа мораат да работат многу на себе, со целе да се соочат со своите стравувања. Исто така мораат да сватат дека нивните критериуми некогаш се преголеми и дека поради нив можат да ги оддалечат сите личности кои ги сакаат.

Особини
Во природата на Кучињата е да бидат искрени и храбри, секогаш спремни да се борат кога е потребно и гога има причина за тоа. Тие сочувствуваат со другите, посебно ако на некој е нанесена неправда. Пријателите им се многу важни и нив Кучиљата никогаш нема да ги изневерат.
Кучињата  помагањето на другите го чувствуваат како потреба, посебно ако некада забележат непоравда. Тие всушност светот го разбираат многу сериозно и затоа не сакаат да гледаат како тој се расипува.
Во карактерот на овие луѓе постои еден вид песимизам, кој се распламтува во ситуации во кои е повредена нечија чест или кога човештвото доживова некој криза. Можеби луѓето родени во овој знак мора да научат дека понекогаш треба да се опуштат.

Љубов
Личностите родени во знакот на Куче можат да слушаат и со тоа да го охрабруваат партнерот да ги дели своите мисли, сомнежи и проблеми со нив. Но кога тие треба да ги откријат своите чувства и размислувања со партнерто, тогаш настанува проблем, бидејќи Кучињата се доста непредвидливи према другите. Кучињата се многу верни и пожртвувани и очекуват од партнерот да биде токму таков. Еднаш кога довербата на Кучето е изгубена, ќе биде многу тешко одново да се гради врската од која бил изневерен.
На овие луѓе многу им е полесно со некого да се спријателат, па потоа полека да влекуваат во романсата. Кога љубовта е во прашање, овие луѓе мора да научат дека секој збор и коментар не треба да се калава на срце.

Кариера
Нa кучињата слободно моат да им се доверат многу одговорни задачи, бидејќи одговорноста во работата е нивното мото. Тие во работаат се секогаш разумни и трезвено размислуваат. Исто така кучињата избегнуваат конфликтни ситуации колку што можат повеќе, бидејќи то а ги прави нервозни.
Како соработници се добри и кога ќе ветат дека ќе ја за вршат некоја работа, ја работат до крај. Најчесто во работата го водат главниот збор, бидејќи организацијата им оди од рака кога работата е во прашање. Најповеќе им одговара работа поврзана со законот и социјалата, а добри се како доктори, советници и свештеници.

Сакаат: накит посебно сребрен, хорор филмови и детективски романи, да памтат родендени, да учат за другите култури, да се дружат...
Мразат: лицемерие, себичност, неверство и лага..

Односи:
Во љубовта најдобар однос постои меѓу Кољот и Кучето, добри врски остварува и со Змејот, Тигарот, Мајмунот, Стаорецот и Свињата. Треба да ги избегнува Биволот и друго Куче.
Во пријателството најдобро се сложува со Тигарот, добри односи има и со Змејот, Зајакот, Коњот и Свињата, а односите на Кучето со Козата и Петелот не се длабоки.
Во деловните односи најдобро се сложува со Змејот, Коњот и Свињата, а треба да ги избегнува Тигарот, Мајмунот и Козата.