СВИЊА

Ако сте родени во еден од наведените денови,
тогаш вашиот натален симбол е Свиња:

16.02.1923-04.02.1924
04.02.1935-23.01.1936
22.01.1947-09.02.1948
08.02.1959-27.01.1960
27.01.1971-24.02.1972
13.02.1983-01.02.1984
31.01.1995-18.02.1996
18.02.2007-06.02.2008

Кога ќе се спомне свинјата како животно секогаш се мисли на нешто лошо. Но тоа е случај во западните земји, но и некои други цивилизации. Кинезите имаат сосема спротивно мислење за Свињата и таа завзема доста високо место во системот на вредности. Свињите се пријатни и поседуваат најпрефинети манири со голема смисла за вкус. Тие се исто така перфекционисти и до таа мера што другите ги сметаат за снобови.  Едноставно тие имаат смисла за луксуз кој мора да го има во се што ги опкружува. Овој знак верува во најдобрите квалитети на човештвото и затоа себеси не се смета за супериорен во било која смисла. Свињите исто така многу вложуваат во своите пријатели и семејството и многу напорно работат со цел сите кои се во нивниот живот да бидат среќни. Да му се помогне на другите е вистински задоволство за Свињата. Таа е среќена кога околината е насмеана.
Кога во околината нема некој кој Свињата го цени и го сака, за не тоа е многу тажна глетка. Свињите можат да бидат големи пријатели и партнери во било која смисла, но тоа може да ги доведе во ситуација да бидат искористени.
Свињите се доста интелегентни суштества кои учат додека се живи, си играат и испробуваат разни работи во цел да се стекнат со нови знаења. Често луѓето можат да ги сватат погрешно и ги тумачат како мрзливи личности поради ниванта претерана потреба за уживање во убавите нешта.
Исто така овие луѓе се добри животни партнери, благодарение на нивното златно срце и љубав према семејството и најсреќни тогаш кога околу себе имаат многу различни луѓе.

Особини
Свињите се многу омилени во друштво и тоа најповеќе поради својата искреност и  поради тоа што секогаш се расположени да помогнат кога сите други ќе се разбегнат. Во почетокот се доста резервирани према непознатите, но кога ќе здобијат нечија доверба тие му го отвораат своето големо и топло срце. Иако кругот не неговите пријатели е доста голем тие имаат само неколку добри вистински пријатели на кои најповеќе и безусловно има веруваат. Во нивниот каратктер постои и доза на наивност и невиност, што другите често ја користат.
Свињите се толерантни и им дозволуваат на другите да имаат доволно простор и слобода за себе, бидејќи не сакаат да предизвикуваат било каква расправија. Тие и покрај тоа не се слаби, но ако мораат да се борат, тие се борат до последните сили, било да се борат за себе или за другите. За нив достоинството е многу значајно и затоа не сакаат луѓето да се шегуват на нивна сметка и неправедно да ги оптужуваат. Свињитњ низ животот одат оптимистички, надевајќи се дека во луѓето ќе го најдат најдоброто.

Љубов
Луѓето родени во овој знак мораат многу да експеримантираат и да истражуваат за љубовта, со една единствена цел да го пронајдат вистинскиот партнер. Тие во љубовта многу вложуваат во себе, па затоа многу им ја искористуваат оваа особона. Меѓутоа нивната доблест е во тоа што брзо учат од сопственото искуство и затоа истите грешки ретко кога им се повторуваат.
Можеби многу нема да заприметат, но Свињите многу памтат работи за кои се чини дека не се многу важни. Многу се толерантни и на својот партнер му даваат доволно простор кој му е потребен  за слободен живот. Меѓутоа за да го направат тоа потребно е да стекнат голема доверба во него. Нивната жива фантазија и ентузијазам лесно привлекува луѓе. Затоа Свињите често се опкружени со потенцијални партнери. Нивни е само да ги одберат вистинскиот.

Кариера
Личностите родени во овој знак се многу амбициозни и многу добро ја одржуваат рамнотежата помеѓу работата и љубовниот живот.  Речиси е невозможно да го изневерат колегата. Свињите се вредни работници и на секоја задача им пристапуваат сериозно и ефикасно. Всушност нив најмногу им одговараат работи кои се работат во соработка со другите и со кои можат да се делат идеите.
Свињите не сакаат ризик, бнидејќи тој ги прави нервозни. Ретко во него се опуштаат, а тоа го прават само тогаш гока се потополно сигурни дека ќе успеат.  Идеална работа за нив е онаа која е поврзана со законот, медицината или музиката. Добри се како писатели, библиотекари, истражувачи, научници, социјални работници..
Сакаат: да подаруваат подароци, да им е убаво, да организираат работи, да озборуваат, да читаат книги, постојано да бидат во контакт со луѓе.
Мразат: да донесуваат тешки одлуки, посесивни луѓе, проневери, негостопримливи луѓе, да не знаат на што се..

Односи:
Љубов: најдобар однос има со Зајакот, а потоа следат Мајмунот, Коњот и Козата. Биволот и Кучето можат да ја повредат.
Пријателство: Зајакот и Козата најповеќе ја толерираат природата на Свињата.
Работа: мора да ги избегнува деловните контакти со Коњот, додека успешна соработка може да оствари со Мајмунот, Козата, Зајакот и Змејот.