ЗМИЈА

Ако сте родени во еден од наведените денови,
тогаш вашиот натален симбол е ЗМИЈА:

23.01.1917 - 10.02.1918
10.02.1929 - 29.01.1930
27.01.1941 - 14.02.1942
14.02.1953 - 02.02.1954
02.02.1965 - 20.01.1966
18.02.1977 - 06.02.1978
06.02.1989 - 26.01.1990
24.01.2001 - 11.02.2002

Основни особини
Позитивни: мудра, интелектуална, интуитивна, културна, привлечна, симпатична, елегантна, племенита, страствена
Негативни: мрзелива, екстравагантна, посесивна, осветољубива, самокритична, непостојана, флегматична.

Основна задача на Змијата е да го најде својот сопствен мотив, пат, активност или личност на која потполно ќе се посвети. Во нејзе постојат многу внтарешни конфликти, како последица на блокираните чувства. Се додека не го најде својот основен мотив на живеење, Змијата ќе има потешкотии со себеси и со својата околина. Но, кога мотивот е еднаш најден, животот на змијата се менува.
Змијата не се задоволува со секојдневните тривијални нешта. Животот на Змијата како да е поделен во прецизно дефинирани епизоди од кои извлекува дефинитивна поука. Змијата го сака таинственото и мистичното. Таа е шармантна и паметна личност. Многу внимание посветува на изгледот, на културата на однесување, на сопствеништвото, парите и угледот. Често се служи со оружјата на духот за да напредува. Не сака да се напрега во работата, но и покрај тоа добро заработува. Удобноста &  значи многу, понекогаш и повеќе од парите и богатсвото. Во финансиските работи има среќна рака и не треба да се грижи. Ако &  требаат секогаш ќе најде пари. Нејзината посесивност се протега и на материјалното сопствеништво. Она што е нејзино и само нејзино.
Нејзините најголеми грешки се дволичноста, своеглавоста и неконтролираните чувства. Ако самата себеси си поставува високи норми самата станува на себе непријател. Често претерува во с#.
Екстравертната Змија е свесна на својата моќ над другите и го бара својот мотив во надворешните активности. Интровертираната Змија си создава тврд оклоп низ кој малку работи поминуваат. Има малку блиски пријатели, но тие пријателства се трајни и многу од нив очекува.
Змијата не губи време во празни разговори. Таа е интелектуалец филозоф и мудрец. Поседува и значителна интуиција кој треба да ја култивира. Затоа не се придржува на објективноста. Поголема важност им придава на своите чувства и симпатии и во тоа често е во право. Ретко позајмува пари иако со задоволсво им помага на другите, но само со совет. Ако некому му прави услуга, тогаш за возврат очекува зависност, а самата како да ги добива правата над таа личност.
Во љубовта е егоистична и љубоморна, дури и на личноста која повеќе не ја сака. Животот често си го комплицира со вонбрачни авантури. Змијата во секој јслучај треба да избегнува врски со Тигарот.
Првите две фази во животот на Змијата се релативно мирни. Третата фаза е полна со авантури, а завршната фаза е веројатно мирна старост. Змијата е нежна, мудра и индивидуална со многу таленти.

Изглед и однесување
Змијата во своето однесување е постојана, еднонасочна, покажува снажна волја. Таа е и независна од околината затоа што не сака другите да управуваат со нејзиниот живот. Змијата најгорделиво суштество, не одстапува лесно од своите принципи. По природа е затворена и таинствена, дури и ладна, па затоа ретко ги покажува своите чувства. Луѓето не ја разбираат, нема многу пријатели, но зо задоволство склучува познанства. Околинат или ја сака или ја мрази – нема средина.

Маж Змија
Романтичен е и шармантен, со смисла за хумор. Се облекува помалку наконтено и сака да излегува. Со задоволство склопува пријателства со жени. Ако е оженет, сака семејство со многу деца, затоа што со тоа постигнува жената да биде зависна (жената нема време за други работи). Силно е љубоморен. Не познава препреки. Ако сака нешто де оствариспремен е се да прегази за да дојде до целта.

Жена Змија
убава е и заради тоа е успешна во општеството. Змијата е симбол на женственост. Така во Јапонија (и на други места) ако некој сака силно да и поласка на жената вели: “Ти си вистинска змија”. Таа е интелигентна и жедна за знаење, но и посесивна, па затоа бара потполна верност од партнерот. Во с# е скапа жена, затоа што го сака најдоброто и највредното. За себе бара многу внимание. Нејзиното работно место е купатилото каде што се чисти и дотерува. Кујната во принцип ја избегнува.

Поволни занимања
Змијата мора да ги избегнува занимањата поврзани со ризик и оние кои бараат напор. Поседува смисла с апоединости, смисла за организација и способност да ги контролира кризните ситуации. Не се меша со толпата и не ги толерире луѓето под нејзиното ниво. Најповолни занимања: професор, писател, филозоф, правник, психијтар, политичар, дипломат.

Совети
Најважно е Змијата да го најде мотивот, задачата во која ќе ги искаже своите способности. Не смее да има премногу доверба и да се потпира на другите. Но бидејќи често бара потпора во другите, во случај на неуспех е многу осветољубива. Тоа треба да го надмине. Една мана која треба да ја совлада е и неодлучноста. Змијата е природно посупериорна и затоа не би требало да и биде тешко да покаже малку милост кон “обичните” луѓе.

Односите на Змијата
Љубов: Змијата сака потполно внимание од партнерот и силно е љубоморна. А од друга страна се одликува со квалитети какви што се верност и лојалност. Змијата добро се сложува со Биволот, Петелот, Змејот,  Кучето и Свињата. Лоша е комбинацијата на Змијата со Тигарот.
Пријателство: нејзината комуникација е претежно интелектуелна, но голема улога во друштвените контакти игра и интуицијата. Најдобри пријателства се можни со Змејот, Зајакот, Петелот и Коњот. Врските со Тигарот се најлоши.
Работа: за нејзе е најповолна индивидуална работа. Таа е повеќе филозоф и мудрец одколку деловен човек. Најуспечни деловни односи можни се со Коњот, Змејот, Зајакот и Стаорецот.