ЗМЕЈ

Ако сте родени во еден од наведените денови,
тогаш вашиот натален симбол е ЗМЕЈ:            

04.02.1916 - 22.01.1917
23.01.1928 - 09.02.1929
09.02.1940 - 26.01.1941
27.02.1952 - 13.02.1953
13.02.1964 - 01.02.1965
31.01.1976 - 17.02.1977
17.02.1988 - 05.02.1989
05.02.2000 - 23.01.2001
23.01.2012 - 09.02.2013

Основни особини
Позитивни: среќен, успешен, полн со ентузијазам, витален, сентиментален, интуитивен, продуховен, бистар, совесен, точен, чесен.
Негативни: тврдоглав, раздразлив, прегласен, жесток, зборлив, неверен, незадоволен, лесно осудува, егоистичен, супериорен, тиран, диктатор, злопамтило.

Змејот поседува дебел оклоп кој го заштитува од опасностите на животот. Неговиот мотив во животот е моќта и да би го остварил, се служи со суптилен, комлексен начин па често се случува во тие манипулации да ја изгуби контролата над ситуацијата. Змејовите во себе носат нешто таинствено, магично. Секој Змеј на некој начин е и “волшебник” кој повеќе се служи со интуицијата и инстинктот отколку со разумот. Го привлекуваат мистериите на животот. Бара одговор на прашањето: “Зошто сум овде?”, “Каде одам?”, и слично. неговиот дух е буден, испитувачки и еластичен. Тој веројатно е најразборит од сите знаци. Физички и психички е полн со виталност и енергија. Неспособен е свесно да предизвика зло, зборува директно и му недостасуваат најелементарните форми на тактичност. Контактите со него се исцрпувачки. Од другите го бара најдоброто но и од себе си. Тој самиот е идеалист и го бара совршенството. Способен е и многустран, се што работи го работи добро и совесно. Без оглед на подрачјето на активноста секогаш и секаде е прв и ужива во успехот. Во работите е вешт многу ретко има парични проблеми.
Луѓето со задоволство ги слушаат неговите совети и неговото влијание на околината е многу значајно. Многу зборува и често кажува повеќе отколку што мисли, а изразот може да му биде и груб. Раздразлив е тврдоглав и премногу горделив. Ентузијазмот го тера на непромислени акции и тогаш лесно ја губи контролата на чувствата. За разлика од другите добродушниот, но понекогаш и бесен Змеј, ретко учи од искуството. Во кавгата веројатно е најкомплетен непријател, не ги заборава навредите, а неговата одмазда е страшна.
Окружен е со љубов, но тој самиот не е посебно заинтересиран. Нема проблеми и не е никогаш разочаран во љубовта. Во принцип не е верен и често ги менува партнерите, но и самиот е многу баран. Ретко се врзува за постојано, повеќе ужива во самотијата. Мана му е што ужива и  прифаќа бизарни и разблудни идеи, а сето тоа од единствена причина: да ја шокира и зачуди околината.
Екстровертниот Змеј е бомбастичен, со прекумерен (невкусен) хумор и сека да ги привлече луѓето со својата бистрина и шарм. Интровертниот Змеј е длабок мислител, не зборува многу, внимателно ги бира пријателите, иако е кон сите љубезен.
Во првата фаза од животот е премногу критичен и затоа се среќава со извесни потешкотии. Во втората фаза од животот со чувствува посупериорен и посилен од околината и често доаѓа во судир со неа. Последните фази од животот обично му донесуваат се што барал во животот.
Да се разбере и да се опише Змејоте многу тешко, затоа што постојано е во процес на промени. Кога ни се чини дека сме го разбрале тој веќе е поинаков.

Изглед и однесување
Змејот сака да се истакне и да покаже дека е поинаков од својата околина, дека неговиот дун функционира на чуден, изненаден и скоковит начин. сака друштво, но не е зависен. Во толпата се чувствува неудобно и повеќе го привлекуваат помали, одбрани групи на луѓе. Најголема пречка за да се вклопи во околината е неговата независност и индивидуалност. Се однесува како што му одговара, па зависно од друштвото во кое се наоѓа, може да биде шокантен или љубезен, па така никој не е сигурен како ќе реагира.

Маж Змеј
Мажот Змеј чувствува постојана супериорност над жената. Единственото подрачје кое го препушта на жената е домаќинството и одгледувањето на децата. Во животот му е потребен постојан предизвик. Не се задоволува со вообичаената рутина на животот. Змејот во бракот не е верен и обично има некоку пријателки за кои никој не знае. Брачниот партнер мора да се задоволи со подредената улога. Но тоа не сначи дека мажот Змеј е суров и крут, тој напротив е многу внимателен и се грижи за семејството. Неговите “излети” се најчесто краткотрајни. Лесно се заљубува, но тој интерес не трае долго. Семејството секогаш му е на прво место. Бара многу внимание и обожување, а го привлекуваатснажни личности.

Жена Змеј
Жената на овој знак постојано е опкружена со голем број на обожаватели и како што е понапред кажано верноста не е голема доблест на Змејовите. Иако е полна со флертови и сексуални привлечности, нејзините авантури обично не се сериозни. Во се е многу дискретна. Домаќинството и рутината не се за оваа жена. Иако сака домот да и биде чист и уреден, тоа најчесто го постигнува со помош на другите.

Поволни занимања
Квалитетите кои Змејот ги покажува во своето занимање се креативноста и способноста за независно мислење. Најповолни занимања се: свештеник, уметник, глумец, парапсихолог, архитект, лекар, археолог, директор, амбасадор, политичар.

Совети
Многу проблеми кои ги сретнува Змејот потекнуваат од неговиот став на супериорност. Но, тоа не значи дека е лоша карактерна особина, иако често смета во воспоставувањето на разбирање. За никого, па ни за Змејот, не е убаво да се живее без пријатели. За да се одомаќини во светот и да стекне нешто повеќе човекова топлина, трема малку да го намали својот елан и активностите. Своите остри коментари треба да ги ублажи и да не суди на околината од висините на своите стандарди. Треба да научи дека не е секој така надарен и витален како него. Со еден збор, треба да покаже малку повеќе љубов.

Односите на Змејот
Љубов: на емоционалните односи Змејот пристапува од оддалеченост. Остава впечаток на независност, како партнерот да не му е безусловно потребен. Најдобри односи остварува со Мајмунот и Стаорецот, а односите со Биволот и Кучето не се препорачливи.
Пријателство: змејот ги привлекува луѓето од сите знаци и тешко е да се каже кој знак  е најповолен за создавање на цврсто пријателство. Можеби најповолни се Мајмунот и Змијата, а најнеповолни Кучето, Петелот и Свињата.
Работа: поволни деловни односи Змејот склопува со снажните и витални луѓе во знакот на Свињата, Тигарот, Мајмунот и Козата. Судири може да очекува со Стаорецот, Петелот и Кучето.