БИВОЛ

Ако сте родени во еден од наведените денови,
тогаш вашиот натален симбол е БИВОЛ:

06.02.1913 - 25.01.1914
24.01.1925 - 12.02.1926
11.02.1937 - 30.01.1938
29.01.1949 - 16.02.1950
15.02.1961 - 04.02.1962
03.02.1973 - 22.01.1974
20.02.1985 - 08.02.1986
07.02.1997 - 27.01.1998
26.01.2009 - 13.02.2010

Основни особини<
Позитивни: вреден, стрплив, истраен, горделив, урамнотежен, прецизен, мирен, цврст, резервиран, практичен, искрен.
Негативни: бавен, тврдоглав, диктатор, крут, осветољубив,

Биволот (вол, бик, говедо) е промислен ,сака мир, повлеченост, а мрази непромислени потфати. Биволот го карактеризираат авторитет, тврдоглавост, голема стрпливост и доверливост. Зад едноставната надворешност се крие прецизност, методичност и урамнотеженост. Неговиот успех е базиран на способноста да предизвикува доверба.
Истрајно и методично ја изградува својата материјална сигурност. Ако се разлути, а тоа ретко се случува, никогаш не попушта. Бесно го застапува својот став и во тој случај е жесток и агресивен. Подобро е да не се предизвикува, затоа што  може да биде многу опасен.
Ја почитува традицијата и по природа е конзеррвативен и одбива се што е ново. Насочен е потполно кон задоволување на желбата за сигурност, (финансиска, емоционална и сл.), а од сиромаштија се плаши. Иако е општествено суштество,  поседува внатрешни квалитети кои му овозможуваат да преживее и да успее и на пуст остров. Многу му значат удобноста, доброто јадење и пиење, љубовта, домот. Колкуе постар толку повеќе е приврзан за домот и семејството, така што семејството секогаш му е најважна работа во животот. Блиската околина често не го разбира, и иако изгледа груб и неосетлив, тоа тешко го погодува. Од семејството бара потполна послушност и лојалност. Од една страна сака да биде газда во куќата, а од друга страна е спремен да жртвува се се за своето семејство.
Биволот може да биде нежен сензуален, но не и романтичен и страствен. Ретко ги покажува своите чувства, а флертот не е негова особина. Неговите утилитаристички стремежи се главна причина за разочарувања во љубовта. Во принцип биволот не е љубоморен во однос на љубовниот партнер. Љубоморен може да биде во смисла на авторитети и надмоќност. Лојален е, иако на тој свој квалитет не му обрнува многу внимание.
Тој е вреден работник полн со креативност, па заради својата внимателност пополека и сигурно напредува кон благосостојба. Неговите односи кон другите луѓе се карактеризираат со тешкотии, затоа треба да ги избегнува работите поврзани со јавност, како што е трговија и сл.
Екстравертниот бивол е друштвен, племенит и забавен. Поседува таленти на водач кој заштитнички се грижи за своите следбеници.
Интровертниот бивол е способен длабоко да размислува за основните животни прашања. Наклонет е кон повлеченост затоа што го прогонува комплекс на помала вредност.
Маните на биволот се неподвижноста и егоизмот. Неподвижноста може да предизвика различни здравствени пречки. Потребно е повеќе време да посвети на физичка активност.
Младоста воопшто му е смирена без големи неприлики. Во вториот дел од животот можат да се појават неприлики во врска со партнерот. Тешкотиите уште повеќе се зголемуваат во третиот дел од животот. Ако дотогаш се помине среќно староста ќе му биде мирна.

Изглед и однесување
Биволот остава впечаток на сигурност, доверливост, бавност, разборитост. Ккон другите е пријатен, мисли доста бавно, и долго му треба додека сфати. Вредно и доверливо ги извршува своите обврски, но сака да ужива и во одморот. Кругот на познаници му е релативно мал, и ретко се движи надвор од него. Странците му изгледаат сомнителни, затоа што е полн со предрасуди и навики. Тој е типичен пример на конзервативец и со годините таа негова карактеристика станува се поизразена.

Маж бивол
Среќен е во улога на водач, авторитет, шеф. Во подредена улога не се снаоѓа најдобро. Иако во друштво добро се снаоѓа, тој во принцип е осамен волк. Но тоа не значи дека ужива во осаменоста, туку осаменоста му служи како средство за остварување на целта. Често се задржува во домот, но ужива и во природата. Желба му е да има своја градина или фарма.

Жена бивол
Не е сентиментална, таквите работи ја одбиваат. Цврсто се придржува кон општествените обичаи и норми. Жената бивол е совршена жена-домаќинка. Во куќата е газда затоа што најчесто се здружува и бара партнери со послаба волја. Домот и е главно подрачје на активност и ретко ги преминува тие граници. Таа е совесна мајка и го обожава своето семејство. Претставува пример за брачна верност. Не и треба никој со кој ќе го дели животот и проблемите затоа што и самата е доволно снажна.

Поволни занимања
За биволот најдобро е да го избере занимањето во кое доаѓа до израз прецизноста, стрпливоста, разборитоста. Него не го краси флексибилноста на мислењето. Поволни се уметнички и стопански занимања на пр: фармер, техничар, механичар, фотограф, кувар, медицинска сестра, болничар, архитект, хирург, војник, полицаец.

Совети
Биволот би требало да ја развива смислата за хумор и шега. По природа е сериозен иако не е намќор. Треба да му се спротистави на стремежот за повлекување, отпорот кон новото и тврдоглавата упорност. Биволот може само да се советува, но и тогаш е прашање дали ќе го прифати советот. Наредбите и заповедите од било кој вид само ја потврдуваат неговата опозиција и отпор. Биволот треба да научи дека постојат и поинакви луѓе од него, со различни ставови и темпераменти. Не поседува толерантност и тоа му е голем недостаток. Престрого го оценува однесувањето на околината, и треба прилично да го припитоми своето его. Неговата голема доблест е способноста за жртвување, давање на заштита и сигурност на послабите. Тој е и психички и физички постабилен од останатите знаци.

Односите на биволот
За љубов: најдобра комбинација е меѓу биволот и петелот, добар избор е стаорецот, змијата, Зајакот, мајмунот, кучето и друг бивол, а неповолен е тигарот.
За пријателство: најтрајно пријателство е со тигарот, а добра врска остварува со петелот, змијата, Зајакот и мајмунот, треба да ги избегнува змејот и коњот.
За работа: да не се впушта во деловни односи со змеј и тигар, поддршка и соработка може да бара од стаорецот, но најдобро е да се потпре само на себе.