Ако сте родени во еден од наведените денови
тогаш вашиот натален симбол е МАЈМУН:
20.01.1920 - 07.02.1921
06.02.1932 - 25.01.1933
25.01.1944 - 12.02.1945
12.02.1956 - 30.01.1957
30.01.1968 - 16.02.1969
16.02.1980 - 04.02.1981
04.02.1992 - 22.01.1993
22.01.2004 - 08.02.2005
Основни особини
Позитивни: вешт, интелигентен, остроумен, оригинален, инвентивен, ентузијаст, страствен, прилаговлив
Негативни: превртлив, непостојан, плиток, суетен, надоверлив, без скрупули, неверен.
Мајмунот напредува во животот со помош на лукавства, спретност, лаги и прилагодливост. Тој е друштвено суштество, одлично се снаоѓа во сите ситуации, дипломатичен е и полн со такт. Кај него многу тоа е скриено и замаскирано. Иако изгледа љубезен, спремен да помогне, тоа е само негова маска, во суштина е егоист. Кога му треба помош се преправа, во состојба е да се улижува и на луѓето кои не ги сака. Остроумен е иако површен, сака промени, немирен е и многустран. Обврските, послушноста, моралот играат споредна улога во неговиот живот. Негови најлоши мани се недоверливост, површност, недостаток на упорност, а се служи и со лаги за да ги задоволи сопствените желби. Надарен е со снага на убедувањето, хуморот, подвижниот дух и способноста да излезе неповреден и од катастрофални ситуации. Инвентивно и оригинално го решава и најтешкиот проблем со зачудувачка брзина. Мајмунот црпи од непресушниот извор на идеи и секогаш наоѓа нов начин своите планови да ги спроведе во дело. Кај тоа понекогаш ќе замине во погрешна насока, но не за долго, веќе го гледа решението и новата идеа. Се служи со илегални и безобзирни методи, затоа што неговото лично исполнување секогаш е на прво место и при тоа совеста ретко го мачи. Нечесен е само толку долго додека е сигурен дека нема да биде откриен. А факт е дека ретко е фатен на дело.
Го исполнува голема жед за знаење, но бега од потешки предмети. Со задоволство чита и собира разновидни информации. Кај тоа доброто памтење секогаш му доаѓа на помош. Секогаш е добро информиран за се што се случува. Се сеќава и на најмалата ситница од се што прочитал, слушнал или видел. Меморијата му е голема помош во животот.
Во принцип е опортунист со среќна рака. И покрај негативните особини луѓето го бараат неговото друштво. Вешт е во работата, финансиите, забавен во друштво и во се останато што бара спретност и прилагодливост. Добар е соработник и партнер, било со луѓето кои му требаат, или со оние на кои им подарил целосна доверба. Нема занимање во кое не може да успее.
Екстравертниот Мајмун, а тоа големо мнозинство Мајмуни, нагласено е друштвен, иако склопува познанства со различни луѓе без оглед на видот и класата. Кај интровертираниот Мајмун уште повеќе е нагласен егоизмот. Тогаш е склон кон барање на вистината во филозофирањето.
Но едно треба да се запомни, Мајмунот на мисли на зло, не планира зло и на сака зло. Неговите акции потекнуваат од незрелото, детинско однесување. Мајмунот всушност е вечно дете, никогаш пораснато, а ретко зрело. Првата фаза во животот ја поминува среќно, разиграно и зздоволно. Другата фаза е полна со немир. Мнозинството Мајмуни умираат насилно, далеку од дома или осамено.
Маж Мајмун
Мажот Мајмун изгледа вечно млад, но тоа повеЌе духовна состојба. Самиот себеси никогаш не се зема премногу сериозно и спремен е да се пошегува на своја сметка. Играта му е главна тема на животот. Така на пример Петар Пан, симболот на вечната младост, можеби најдобро ја илустрира желбата за игра и мотото на Мајмунот: Не сакам да “пораснам”. Иако е страствен повеќе ја сака размената на идеи и мисли отколку сексот.
Жена Мајмун
Жената на овој знак се одликува со голема прилагодливост. Таа е душа и срце на секое друштво, самата бара разновидност, забава и ретко се врзува за семејството и домот. Кај мажот ја привлекува духовитоста и интелектот повеќе од сексуалноста. Иако е многу зафатена и барана, за разлика од мажот Мајмун, се задоволува и верна е на еден човек.
Поволни занимања
За мајмунот не е важно кое занимање ќе го одбере. Важно е да не биде рутинска работаи од него да се бара креативност, брзина, прилагодливост. Со задоволство се занимава со проблемикои другите не можат да ги решат, но ако работата е премногу комплицирана, брзо се заситува, се уморува и се откажува. Можеби најдобро му одговара политика, дипломатија, трговија, новинарство исл. За да успее и напредува за Мајмунот е посебно важно да стекне високо образование. Многу Мајмуни се движат на работ на законот, а често и го прекорачуваат.
Односите на Мајмунот
Љубов: мајмунот воглавно воспоставува добри односи со сите знаци. Варојатно најдобри се односите меѓу Мајмунот и Змејот и во тој однос нема досадување. Добри партнери му се и Стаорецот и тигарот. Треба да ги избегнуваат Биволот, Кучето, Коњот.
Пријателство: најдобри пријателства се меѓу Мајмунот и Змејот, Тигарот, Зајакот и Стаорецот. Коњот, Змијата, Петелот и Козата не го сметаат Мајмунот за најдобар партнер и го избегнуваат.
Работа:најдобар партнер наоѓа во Тигарот, Змејот и Свињата. Од Мајмунот во деловните односи треба да се чуваат Стаорецот, Биволот, Змијата, Козата, Петелот и Кучето.