АСТРОМЕТЕОПАТИЈА


На временските осцилации, помалку или повеќе, реагираат сите, но најтешко ги поднесуваат хроничните болни. Наспроти редовното земање на пропишаната терапија, симптомите на основната болест се засилуваат, а метеопатските тешкотии се поизразени и кај жените во менопауза. Во прилогот кој следи откријте како астролошките знаци реагираат на временските промени.

Овен
Овните не мора да ја слушаат временската прогноза, бидејќи нивните глави се чувствителни и на најмала промена на атмосферскиот притисок. Нивните тела особено се чувствителни на количеството на светло: ако го немаат доволно, работната способност ќе им биде значително намалена и ќе бидат многу нерасположени.

Бик
Меѓу крајната чувствителност и индиферентност, Биковите се некаде на пол пат. Иако силно реагираат на секое врнење на дожд, тоа на нивното расположение многу малку влијае. Може да се каже дека Биковите се зависници од дождливите денови, бидејќи како земјен знак водата секако дека им е потребана. Ако се решат за прошетка, патот сигурно ќе ги одведе до некоја фонтана или поточе.

Близнаци
Близнаците најсилно реагираат на ветерот. Бидејќи тој ги движи облаците, го пречистува воздухот и носи миризби од далечните краишта. Поради тоа и дождот не им е некој непријател, дождливо попладне е најдобро за прошетка по освежен и со озон богат воздух. Најтешко им паѓа кога ќе видат утринска магла, бидејќи таа ги задушува и ин носи главоболка.

Рак
Раковите се обожаватели на неочекуваните летни времиња, кои со себе носат облаци од пустински песок. Ја сакаат миризбата на навлажнета земја и немаат ни малку обѕир спрема досадните повеќе дневни врнежи од дожд кои место освежување носат меланхолија и тага.

Лав
Децата на сонцето и светлината бараат онолку дожд, колку што им е потребно за нормален живот. На вишокот влажност и облаци се исклучително чувствителни. Нискиот атмосферски притисок ги прави чудни и раздразнети. На првиот зрак сончева светлина, кој ќе ги пробие облаците, овие луѓе со воодушевување длабоко воздивнуваат.

Девица
Како заштитник на летните жетви Девицата е наклонета спрема дождот. Склона е и кон снежни покривки, кои на одредена земја делуваат како топол тепих, но затоа особено е чувствителна на мраз, поплава и суша. Најмногу им пречи чувството на немоќ спрема разорните сили на природата.

Вага
На овие есенски деца дождот им е близок. Проблемот е во тоа што со дождот доаѓаат и студот и влагата, на кои сите Ваги се многу чувствителни, бидејќи слабото нагласено Сонце не им дава физичка издржливост. Како непоправливи естети, се радуваат на росата на тревата, и мразулците кои се спуштаат од покривите.

Скорпија
Бидејќи владее со подземниот свет, Скорпијата на своите штитеници им подарила посебна отпорност спрема темнината од облаците, грмотевиците и молњите. Тоа не значи дека Скорпиите не се љубители на пустинскиот свет и снежните белини. Тоа се луѓе со крајности на кои метеоролошкиот декор им е од особено значење.

Стрелец
Бидејќи Стрелецот го бележи почетокот на зимата, логично е да се помисли дека овие луѓе се имуни на лошите метеоролошки услови. Но не е баш така: ова е огнен знак, кој можеби повеќе од Овенот и од Лавот страда ако Сонцето е премногу скриено зад облаците. Исто така, Стрелците мора да примат одредено количество светлосна енергија, па ако треба и со фототерапија.

Јарец
Јарците се познати ревматичари, кои временските промени ги чувствуваат на својот грб. Особено тешко ги поднесуваат ветровите, ниските температури и падот на атмосферскиот притисок. Нивното пресериозно лице уште повеќе ќе се замрачи на темни облаци, молњи и громови. На овие луѓе навистина треба да им се посака добар ден. Студот многу не им пречи.

Водолија
Тоа што Јарците го чувствуваат во грбот, Водолијата го чувствува на зглобовите. На промените на температурите телото на Водолијата реагира со остри болки и крцкање во зглобовите. Го сакаат дождот и се шетаат по него без чадор, но само кога се двајца и тоа поради романтика.

Риби
Рибите ја сакаат водата во сите агрегатни состојби; ја обожаваат снежната белина, мразулците, па дури и грмотевиците но само тогаш кога тие се на топло, суво и сигурно. Дождот е добредојден, но само кога прави романтика. Понекогаш им станува голем непријател поради лабилната рибина рамнотежа, а со тоа ги фрла во долготрајна и длабока депресија.