ХОРОСКОП ЗА НАЈМЛАДИТЕ

Што се може да очекувате од вашиот син или ќерка, односно каков третман бара вашето дете, и како треба да се однесува према родителите зависи од многу фактори: генетските особини, средината, но најмногу од астролошкиот знак и други позначајни обележја во наталната карта. Ако сте родител ќе ви биде од голема помош овој прилог.

Овен
Дете родено во овој знак, било од каков пол и во која било средина, кавгите и расправиите ќе им бидат секојдневна појава. Нивните родители треба да имаат нерви како бандери, за да понекогаш останат глуви, бидејќи детето Овен, кога е разбеснето се и сешто зборува со јасна цел да ги навреди родителите. Кога ќе се смират, најчесто им е жал. Во пубертетот посебно лудуваат и не постои начин да се смират. Совет- Овновите на сила со сила враќаат.


Бик
Децата родени во овој знак бараат многу љубов и нежност, а делуваат како до тоа да не им е потребно. Доста им е важно какви односи имаат родителите и секогаш знаат кој од родителите треба да се обвини. За овие деца не треба да се грижите премногу за нивната иднина, особено на материјален план, бидејќи на секој мал Бик, сон му е што побрзо да се осамостои. Место за родителите секогаш ќе има, не само во нивното срце, туку и во нивниот дом.


Близнаци
Како и во младоста, така и во постарите години Близнаците го задржуваат, она детинското во себе. Своите родители секогаш ги расположуваат со смеа и смисла за игра. Среќно ќе се провлекуваат низ сите препреки, а вистински мајстори се во измислување на спасувачки приказни и објаснувања. Доста се бистри и брзо реагираат, па затоа и добро се снаоѓаат во животот. Кога имаат проблеми, секогаш бараат помош од родителите, но нажалост многу ретко ја нудат самите.


Рак
Чувствителни во детството и ранливи во пубертетот, посебна приказна се децата родени од овој воден знак. Со нив е тешко, бидејќи ги кријат своите чувства непристапно, а од нив им зависи целиот живот. Се однесуваат ладно и непристапно, а очекуваат да ги заграбите. Доколку родителите не им даваат доволно љубов и чувство на сигурност, Раковите ќе бидат многу несреќни. Доколку односите со родителите им се барем малку добри одма се гледа колку им значи родителскиот дом.


Лав
Ова се деца кои многу рано ќе се изборат за место во семејството. Да се скроти еден Лав е доста тешка работа. Успехот се постигнува само тогаш кога проблемите се решаваат на пријателски начин со разбирање без употреба на сила и закани. Лавовите доста ги ценат своите родители, но ако тие применуваат сила можат да очекуваат дека нивниот Лав, кога тогаш ќе им го врати.Постарите Лавови добро знаат што сакаат и додека не ја остварат својата цел нема да застанат.


Девица
Ова се најпослушните и најпедантните деца, со што се истакнуваат меѓу своите врсници. Ќерките се внимателни према мајката, а синовите се секогаш спремни да му поможат на таткото при куќните работи. Со училиштето ретко имаат проблеми, а лошите оценки повеќе ги вознемирува нив, отколку нивните родители. Девиците се совесни и одговорни, малку повеќе пасивни и нервозни, а вечно раздвижени помеѓу семејството и работата. Помошта од родителите многу им значи, но знааат да ја ценат и почитуваат.


Вага
Вагите добро знаат како да го добијат тоа што го сакаат, па затоа родителите ретко им одбиваат. Поради ова, Вагите често се однесуваат разгалено, барајќи љубовта да им се докажува со подароци и внимание. Вагата секогаш наоѓа начин како нештото да се оддолжи, а се труди да одржува рамнотежа и добри семејни односи. Мразат агресивност и избегнуваат личности кои на тој начин ги решаваат своите проблеми. Ако некој од родителите има ваков карактер, тогаши Вагата ќе го промени своето однесување.


Скорпија
Уште како мали се како ѓаолчиња, а ништо не се подобри ни во пубертетот. Секогаш се немирни, прво велат не сакам, а потоа мама или тато. На секој лош поглед на родителите, викање и скратена нежност од родителите покасно се одмаздуваат. Брзо се осамостојуваат и тргнуват по својот пат. Кога тоа ќе го направат и односот со родителите им станува подобар. Синовите се доста љубоморни на својот татко, ако мајката му придава големо внимание.


Стрелец
Стрелците се весели и разиграни деца на кои им е најдобро кога не се дома. Се радуваат кога тргнуваат на пат, а најголемо задоволство им претставува играњето со своите врсници. Не се многу послушни, но може да им се наметне одреден ритам на однесување. Љубопитни се и постојано нешто запрашуваат, што секогаш треба да им се одговори. Мрзливи се и не сакаат да го учат тоа што не им е интересно. Често знаат да побегнат од дома, а не сваќаат зошто се крева толкава паника од тоа. Со родителите имаат пријателски однос не толку интимен.


Јарец
Јарците се тешки и сериозни деца, мистерија дури и за своите родители. Невозможно е да ги натерате да го направат она што не го сакаат. Упорни се и тврдоглаво работат по свое. Не се многу омилени во друштвото на своите врсници и затоа со саати си играат самите. На училиште секогаш си имаат некој предмет, кој им задава главоболки, или професорот не ги поднесва. На родителите не им кажуваат што ги мачи, се стремат кон самосталност и добро се грижат за себа и за другите. Ако во детството родителите према нив биле коректни, ќе им се одолжи во староста.


Водолија
Тоа се деца самоиницијативни, со кои е многу тешко да се оствари соработка. Тие едноставно не слушаат и не се плашат од казнување, ни од родителско викање. Слично е и со училиштето. За некои предмети ќе покажуваат поголемо интересирање, а тие резултати ќе бидат очигледни. Водолиите имаат многу пријатели и повеќе сакаат да се со нив отколку дома. Пубертетот го минуваат доста бурно, со посебен стил на облекување, со што ќе бидат во расчекор со родителите и авторитативните личности. На почетокот односот со родителите им е лош, а се подобрува со текот на времето.


Риби
Чувствителните деца Риби, често се голема грижа за родителите. Своите проблеми не знаат сами да ги решаваат, што можеби е добро, бидејќи ако самите ги решаваат, уште толку ќе ги замрсат. Бескрајно се заљубуваат, што најдобро ќе се виде по апетитот и оцените. Рибите се многу нежни и знаат да им подарат љубов на своите родители, а ако е потребно и доживотна грижа. Секогаш знаат да ги задоволат оние кои ги сакаат. Не е добро, родителите да применуваат казнени методи, со оглед на тоа што Рибите, после тоа долго страдаат, иако тоа не го покажуваат.