Каде да го пронајдете идеалниот партнер

Љубовта не ретко се крие на дофат на раката, буквално на најобичните места - во самопослуги, на работното место, во кино, театар итн. Со помош на астролошката анализа на карактерите, откријте на кое место и на кој начин најлесно ќе го пронајдете вистинскиот партнер, односно кои места ги преферираат машките претставници на дванаесете зодијачки знакови.

Овен-ексклузивни места
На сите ни е позната брбливоста на припадниците на овој знак, како во местата кои ги посетува така и према личностите со кои се дружи. Со сигурност може да се каже дека најголем број на Овните се шуткаат по ексклузивни места до кои патуваат редовно со најблескави модели на автомобили. Па доколку сакате да му се приближите мора да бидете многу елегантни, шик и помалку снобовски. Оние пак кои не можат да си дозволат скап автомобил ќе ги најдете на сите видови спортски натперевари како го навредуваат судијата.


Бик-таму каде што  се служи добра храна
Реномиран ресторан, не многу скап со добра храна, тоа е типичен амбиент во кој со голема веројатност ќе се сретнаете со некој Бик. Не треба да се исклучи и можноста дека може да ги најдете во самопослугите и пазарите. Мажите Бикови ќе ги прпознаете по корпа полна со намирници или како држи в рака некој производ и внимателно го чита напатствието за подготвока на храната. Биковите покрај тоа имаат и шесто сетило за откривање на добри залаци по снижени цени што кај нив ја зголемува љубовта према јадењето бидејќи е поврзано со штедливоста.


Близнаци-таму каде што има светло
Од изложби до панаѓури, од инугурации до презентации, од конференции за печат до театри - се што е поврзано со комуникации приликииза нови средби и доживувања е вистински мамец за мажите родени во знакот на Близнаци. Ги преферираат диско-клубовите со силна бучава, психо-делични светла со бројно и помалку лудо друштво. Aко сакате да ги освоите мора да бидете љубител на патувања, авантури и промени, но пред се треба да бидете друштвени и добри со сите негови многубројни пријатели.


Рак-домашна атмосфера
Ракот го привлекуваат сите места кои имаат некаква врска со куќата, станувањето и уредувањето на просторот за живеење. Раковите се чуствуваат како риба во вода во големите маркети за мебел. Ништо помалку не уживаат и во зелените површини на градските паркови, читајќи весник или работејќи на својот лаптоп. За освојување на маж Рак потребно е да ја негувате традицијата, да потекнувате од добро семејство, да имате љубов према куќата, семејството и животните.


Лав-одбрани локации
Местата на кои најлесно се станува плен на Лавовите дефинитивно се оние кои се поврзани со убавините на животот и грандиозноста. Козметичките салони и сауните се најпосетувани од овие луѓе кои на сопственото тело, физичката кондиција му посветуваат голем дел од своето време. Другата страст на овие мажи се ексклузивните одмаралишта како и големите балови или забави. За освојување на Лавот морате да покажите дека живеете на висина како и на интелектуална така и на физичка смисла и секако дека потекнувате од реномирано семејство.


Девица-Фитнес клубови
Магичниот збор за мажите родени во овој знак секако дека е фитнес. Ова кај Девиците подразбира добра кондиција на телото но и на духот. Повеќето од Девиците сакаат да бидат здрави и тоа по секоја цена, а повеќе од вероватно ќе  ги најдете во гимнастичките сали за овие луѓе најголемо задоволство е да му се воодушевувате на нивните мускули и гради. Можат да се најдат и во обични маркети во одделот за средства за лична хигиена. Ако сакате да имате вистинска Девица во своја близина бидете нежни попусливи, секогаш во топ-форма и секако внимавајте на хигиената. 


Вага-места со стил
Најразличните мондемски собиралишта ги хранат чуствата на најубавите мажи во Зодијакот - Вагите. Воглавно овие луѓе ги обожаваат поканите за венчавки, изложбии сите оние места на кои се спојуваат убавината со добриот вкус, а притоа тие да се дел од тој настан или барем да придонесат со своето присусто и добриот изглед. Најчесто ќе ги сретнете на изложби како со воодушевување гледаат во некоја слика или пак во реномирани ресторани како шармантно се смешкаат. Ќе ги освоите со добрата гардероба и шарм.


Скорпија-мрачни места
Мажите Скорпии најчесто се сретнуваат на места кои имаат врска со еросот и сите негови манифестации. Покрај тоа Скорписката љубов према темните страни на животот ги прави овие луѓе страствеи љубители на хорор-филмовите и егзотичните места. Ако имате намера да се сретнете со маж роден во овој знак ќе го најдете на кино на некој хорор-филм или ако сте похрабра припадничка на понежниот пол во некој стриптиз бар. За да го освоите мора да покажете дека сте страствена личност.


Стрелец-манифестации
Состаноци, конгреси, митинзи - тоа се три прилики да сретните маж роден во овој знак. Овие места му ја смируваат жедта за големата потреба за покажување. По некогаш и тешко се наоѓаат бидејќи често патуваат. Доколку сакате да уловите Стрелец ќе мора да посетувате манифестации, но можете да ги најдете во книжари, читални и антикваријати. За да го освоите, мора да покажете авантуристички дух секогаш спремни на сите потфати.


Јарец-осамнеи места
Општо познато дека припадниците на овој знак мразат гужва. Поради тоа работното место и се што е поврзано со него, како семинари, симпозиуми, презентации и слично, за вас е единствена прилика да се сретнете со маж роден во овој знак. Доколку видете некој како се шета по паркот или сам седи во кафуле читајќи весници тоа највероватно е Јарец. Ќе го најдете и на осамени места во природа каде ужива подалеку од полудената маса.


Водолија-авангардни места
Типично место за лов на овие луѓе се специјализираните продавници за аудио и видео техника како и продавниците за компјутери. Се што е супер модерно револуционерно и авангардно потекнува од водолиините способности и предизвикува голем интерес кај припадниците на овој знак. Затоа доколку сакате да се сретнете со него ќе мора најпрво да се договорите по Фејсбук. Водолиите исто ги привлекуваат диско клубовите. Во нив наоѓаат чуство на слобода и вкус на непознато и непредвидено.


Риби-необични места
Сите активности кои можат да се наречат невообичаени и чудни, а до израз доаѓа максималната индивидуална слобода, се местата каде можете да ги најдете мажите родени во знакот на Риби. Можат да се сретнат и како ДиЏе-и во диско клубови или работници во сите видови уметнички занимања, но можете да ги сретнете на големите хуманитарни собири, екологисти, љубители на животни итн. Мора да покажете голема сентименталност доколку сакаде да ги освоите.