Идеално занимање

Се наоѓаме на крајот од учебната година, период кога многу средношколци треба да донесат важна одлука во својот живот, а тоа е занимањето. Некои ќе го продолжат школувањето, некои ќе почнат да заработуваат, во секој случај треба да се донесе одлука - а што понатаму? Во прилогот кој следи според астролошкиот профил ќе се обидеме да помогнеме во вашата дилема. Добра забава!!!

Овен-техника
Овој енергичен знак добро се снаоѓа во секоја работа во која се бара самостојност, креативност, смелост, ризик, физичка издржливост и акција. Не сака ограничување ниту авторитети. Идеално занимање на овенот е агент за пропаганда и сите работи поврзани за техника. Занимања кои му одговараат се: спортист, војник, полицаец, менаџер, истражувач, машинец, електротехничар, адвокат, пропагандист, учител. Лоши се: политичари, судии и дипломати затоа што не се тактични и премногу се пристрасни.


Бик-архитект
Биковите се спори и практични па затоа во работата не сакаат ризик. Поседуваат таленти за уметност и бизнис. Се што е корисно, конкретно и какорезултат на работата има практична примена привлечно е за Биковите. Идеално занимање за Бикот е архитект, а побрзите и покомуникативните Бикови можат да работат како рецепционери. Занимања кои му одговараат се: банкар, архитект, глумец, музичар, сметководител, агроном, моден креатор. Не му одговараат занимања поврзани со јавноста и комуникациите.


Близнаци-комуникации
Овој интелектуален знак е како создаден за сите занимања во кои може да ја употреби својата физичка и ментална подвижност, снаодливост и прилагодливост. Насреќни се кога работат повеќе работи истовремено. Како интелегентни говорници се истакнуваат како адвокати но можат да работата и како секретари. Најсоодветни занимања за близнаците се: новинар, секретар, фототграф, трговец, адвокат, поштар, издавач, карикатурист, возач и писател. Не му одговараат занимања поврзани со затворени институции.


Рак-образование
Иако мнозинството на Ракови се меки луѓе и покажуваат осетливост, кога се во прашање парите и работата, тие се способни и практични. Ја ценат сигурноста и не им е тешко да изедуваат и монотони работи ако им донесуваат материјална корист. Ракот е штедлив и добро ги познава цените, па затоа е роден економист, но се истакнува и како писател или професор по книжевност. Им одговараат занимањата: економист, болничар, воспитувач, трговец, писател, дефектолог. Несоодветни се за сите сфери од областа на техниката и информатиката.


Лав-менаџер
Лавот поседува голема амбиција и непоколеблива волја. Не сака да биде незабележан, снобовски настроен сака елитни занимања. Одличен е организатор, па затоа идеалното занимање за Лавот е раководител на фирма. Се истакнува како наставник (ги сака децата и сака да работи пред публика), глумец, забавувач, менаџер, раководител, фотомодел, спортски коментатор, спортист, лекар. Не ги сака позадинските занимања во кои не може да се истакне. Ја мрази едноличната работа, а ситниците им ги препушта на другите.


Девица-медицина
Девицата е темелна совесна и практична. На работа не сака да се експонира, туку работи во мир и тишина, па затоа често се десна рака на шефот. Перфекциониста е, и има трпение за ситници. Заинтересираноста за човечкото здравје и хигиена ги прави извонредни лекари. Се истакнуваат како: банкари, благајници, научници, лекари, писатели, часовничари, лингвисти, критичари и советници. Не можете да ги сретнете како политичари, менаџери, рудари, полицајци и сите занимања кои се поврзани со авторитет.


Вага-уметност
Вагата е позната по своите способности да тактизирање и по дипломатската вештина. Никој како таа не е во состојба толку вешто да ги изложи своите ставови иако треба да ги брани и оправдува своите или туѓите постапки. Големи се естетичари и етичари. Важни им се формата и односите си околината. Најчесто работат тимски, а идеални занимања им се правник и ликовен критичар. Им одговараат и занимањата: судија, политичар, козметичар, дипломат, електроничар и информатичар, а лоши се за секаква самостална работа.


Скорпија-војска
Скорпијата е знак кого го привлекува се таинствено и недоволно изразено. Многу рано се одлучува за својот избор на занимање и тврдоглаво се занимава со него иако не постигнува некои резултати. Максимално се задлабочуваат и концентрираат во својата работа. Посебно им одговараат занимањата: хирург и новинар, а добри се како: хемичари, шпиони, истражувачи, психолози, војници, критичари и пропагандисти. Не се добри: воспиутачи, социјални работници, трговци, модни креатори и музичари.


Стрелец-туристички водич
Припадниците на овој знак се активни и со немирна природа, која тешко ги држи на едно место. Голем дел спортисти имаат нагласен знак Стрелец, како и голем број интелектуалци и луѓе кои со својата специфична идеологија влијаат на развојот на мислењето во својата средина. Со оглед на тоа што имаат вишок енергија најдобро се докажуваат како спортисти и трговски патници. Најчести занимања на стрелецот се: амбасадор, свештеник, професор по филозофија, “вечен студент” и туристички водичи. Не се добри како агрономи, сметководители, банкари и техничари.


Јарец-политиката
Јарецот е знак кој го краси голема амбициозност и коректност во извршувањето на работните задачи. Тој е совесен, трудољубив, упорен и секогаш се труди да ја прошири и усоврши својата работа. Не сака да му наредуваат, па затоа му одговараат сите раководни занимања и политиката. Се истакнуваат како градежни инжињери, композитори, геолози, психијатри, писатели, рудари, агрономи и организатори. Лоши се како: фотомодели, фитнес инструктори, глумци, лекари, хемичари и трговци.


Водолија-филмски работници
Водолиите сакаат возбудливи работи. Монотонијата ги одбива и им ја руши секоја амбициозност. Фоторепортер е идеално занимање за Водолиите затоа што тука ги поврзуваат двата елементи кои ги сакаат и со кои владее: снимањето и пишувањето. Им одговараат сите литерални и слободни професии. Најчесто се сраќаваат како; писатели, музичари, филмски работници, пилоти, социјални и туристички работници и научници. Не сакаат да работат со пари, па затоа и во овие дејности покажуваат лоши резултати.


Риби-дизајн
Рибите се одликуваат со голема чуствителност која ја внесуваат во секој дел од својот живот па така и во работата која ја обавуваат. Сродни им се сите занимања кои се обавуваат во големи институции: здравствени, социјални и културноуметнички. Идеални занимања им се: глумец и социјален работник, а добри се и како: учители, ветеринари, воспитувачи, свештеници, болничари, сликари, пејачи, издавачи и дизајнери. Не се истакнуваат во професиите каде е потребна физичка работа, а лоши се како: војници, трговци, банкари и менаџери.