ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ И ЛАГАТА


Често се соочуваме со ситуации каде мора малку да прикриеме дел од вистината. Дали тоа го правиме намерно од некаква корист, или тоа ни причинува задоволство и сакаме да бидеме интересни во друштвото, или пак можеби едноставно чувствуваме потреба да не ја зборуваме вистината, секако тоа се нарекува лага, а начинот на кој го правиме, тоа ќе ни откријат планетите од прилогот кој следи.

Овен
Луѓето родени во овој знак се премногу импулсивни и непосредни за да си дозволат себеси луксуз на лажење или прикривање на вистината. Овните го зборуваат она што го мислат, а последиците од тоа ги согледуваат дури кога сето тоа ќе се заврши. Скоро секогаш заклучуваат дека не се створени за политичари, ниту за дипломати, но затоа барем секокаш ја зборуваат вистината. Ако при тоа се случи со тоа да повредат некого, ќе им биде жал, но нема да можат да го сузбијат својот нагон на спонтано однесубање. Тешко се прилагодуваат во општествените обичаи во кои владеат полувистини, зашто сметаат дека сите мораат да бидат искрени и спонтани како нив.

Бик
Биковите припаѓаат на првиот фиксен знак, кој искажува потешкотии во прилагодувањето на различни менталитети. Биковите избегнуваат лаги и добро е што прават така, затоа што само тоа им недостасува за да се вовлечат во проблеми. Знаејќи дека може да биде вовлечен во ситуација да лаже Бикот на сите начини настојува да ја избегне. Вистината може да ја избегне или да ја прикрие само во случај кога судбината му е во прашање, значи може да се каже дека со лаги се користи повеќе за добронамерни отколку за цели на напад.

Близнаци
Близнаците се познати глумци кои својот лик чесно го толкуваат и се придржуваат кон улогата која себеси си ја задале. Заради својата еластичност и способност за прилагодување на секаква ситуација, на Близнаците им се случува да знаат да лажат како никој, било за одбрана било за напад. За тоа не водат премногу сметка и тогаш за нив не важат некои општоприфатени правила. Способни се за политичари и дипломати, но за Близнаците границата меѓу бесплатни лаги и неопходна дипломатија е честопати замаглена, така што во нив не треба да се има премногу доверба.

Рак
Познатата емотивна нестабилност која ги краси припадниците на овој знак е причина што Раковите многу често упаѓаат во големи лаги, така што животот се повеќе им се комплицира и имаат впечаток дека целиот свет е многу суров. Заслугата или кривицата за ова ја сноси Месечината владетелот на овој воден знак. Иако кај Рковите не може да се смета не некоја стабилност, сепак сензибилноста и интуицијата ги наведуваат на тоа да го одберат најдобриот пат. Ако со вистината не го повредува ближниот, Ракот ќе ја каже, но и ќе се послужи со мали лаги за да не поремети нечија благосостојба или гордост.

Лав
Чесни, доверливи, константни; тоа се особини кои се врзуваат на личноста на Лавот кој ќе ризикува и себе си да се ископромитира, но вистината во секој случај ќе ја искаже. за среќа неговата широкоградост е од таков карактер што во лага ќе се впушти само онолку колку навистина е неопходно. Ако е во прашање нешто што за него има големо значење во сотојба е да се претвори во извонреден лажов и тогаш не е спремен на било какви компромиси. Само оние кои знаат да ја почитуваат неговата лојалност и искреност можат да сметаат на Лавовата наклонетост. Значи, заради тоа немаат многу пријатели, затоа што не е лесно да се најдат луѓе кои ќе се сложуваат со неговите оцени и ставови.

Девица
Заради тоа што го носат печатот на Меркур, Девиците се и тоа како способни да излажат, поготово тогаш кога се изложени на критика која се однесува на нивната работна компетентност. Од друга страна бидејќи стравуваат од можноста да бидат откриени, Девиците знаат малку и да подзастанат во лажењето, затоа што не можат да ја поднесат ситуацијата која може да се исконструира по повод откривањето на лагата. Потребата да задобиваат симпатии ги тера да се однесуваат на адекватен начин и да лажат кога е за тоа потребно за да не ја изгубат подлогата под нозете.

Вага
Како што е постојано наклонета кон воспоставување рамнотежа, Вагата на ист начин се однесува и со наклоноста кон лагите: сака да постигне мир со самата себеси и со другите, во било која прилика или ситуација. Нејзината жед за вистина и правда е одлучувачка кога се работи за сериозно прифаќање на моралните принципи. Во името на тие морални принципи Вагите се спремни малку и отмено да излажат. Тоа гоправат и во име на благородни цели но и заради тоа да помогне на оние кои ги сака. Вистината инаку ја соопштува гласно и отворено, така да на сите може да им биде јасно какви се нејзините ставови.

Скорпија
Можеби заради Плутон, господарот на подземниот свет и прикриените нешта или заради Меркур кој во Скорпија е влијателен, Скорпијата е еден од најспособните лажговци меѓу зодијачките знаци. Инстиктот за лажење кај Скорпијата е толку силен што ретко успева да го скроти, затоа што ја забавуваат туѓите реакции. Може да им се случи толку да се соживеат со лагата што пред свиоте блиски ствараат за себе потполни друга слика. Во секој случај многу се резервирани и успеваат многу ефикасно да ја зачуваат тајната која им е доверена. Знаат да молчат кога тоа е потребно за да не си наштетат себеси и на другите. Најмногу заради тоа Скорпиите имаат многу убава перспектива како политичари.

Стрелец
Со оглед на тоа дека во другите имаат потполна доверба, Стрелците секако се можеби најискрените личности во хороскопските знаци. Стрелците не знаат да лажат, а бидејќи многу често се и зборлести, може да се случи во своите приказни малку да претераат, и некој збор или ситуција да ја преувеличаат. Заради тоа потоа се каат и влетуваат во друга крајност сакајќи да го поправат она што го пореметиле. Бидејќи се доброчудни и широкогради луѓе успеваат да изнудат или да добијат прошка за она што го згрешиле. Од нив е тешко да се добие објективно мислење кое ќе биде без емоции и чувства.

Јарец
Бидејќи Јарците се многу амбициозни, нормално е да не познаваат и признаваат никакви препреки на патот до остварување на целта која си ја одредиле. Во сотојба се да ја премолчат секоја вистина која на било каков начин би ги пореметила нивните планови. Што се однесува до лагите Јарецот ќе излаже тогаш кога му е навистина потребно и корисно, затоа што тој е политичар на кого не можат толку лесно да му избегаат одредени стратегии во однесувањето. Во секојдневниот живот и семејството Јарецот ги почитува моралните норми и не лаже или тоа го избегнува па се однесува на искрен и лојален начин.

Водолија
Карактеристично за родените во овој знак е тоа што внимателно ќе избегнуваат да ја кажат вистината која може да им наштети на нивните блиски или на личностите со кои решиле да одржуваат долгорочни односи. Водолиите лажат тогаш кога ќе согледаат дека таквата лага може да биде корисна за општо добро. Водолиите исто така во душата ја познаваат уметноста на дипломатијата, која им е многу сродна и која им овозможува да извршуваат функции на посредници меѓу две струи на спротивни мислења. Способни се да дадат право и внимание истовремено и на едната и на другата страна.

Риби
Ако припадникот на овој знак излаже, тогаш тоа е заради тоа некако да се извлече од немилосрдните животни обврски кои го опкружуваат, а за кои не е подготвен. Рибите летаат на крилјата на идеализмот и мечтата, тие се забавуваат замислувајќи подруги реалности, фантастични ситуации кои ги одделуваат од баналноста, од која Рибите бегаат како од чума. Понекогаш се склони да излажат, со тенденција да ги разубават работите, така што плека стекнуваат општи симпатии и благонаклоност. Кој добро ги познава и ги цени никогаш нема да биде затекнат или непријатно изненаден. Како и да е со своите лаги Рибите не сакаат никого да повредат, така што може да се каже дека со тоа сакаат да помогнат.