ЉУБОВТА ВО ДОЛГИТЕ ЗИМСКИ НОЌИ


Огнените знаци, освен Стрелецот, тешко ќе најдат услови за љубов во зимските ноќи. Земјените знаци пак кои секогаш тешко се возбудуваат, ќе претеруваат со барањата, а од воздушните најтешко ќе им биде на Вагите. Меѓу водените најбрзо ќе реагира Рибата.

Овен
На Овните во зимата најмногу им недостасува сонцето и топлинмат ама затоа треба да смислите начин да ги мотивирате и да ги возбудите. Најдобро тоа ќе го направите ако иамте моторна санка и лудо ги возите низ снежните улици. Ќе реагираат брзо. жестоко и незаборавно.

Бик
Биковите се најмрзливите во хороскопот па зимата за нив е вистинскиот период за уживање. Но проблемот е што со нивната мрзливост и емотивно многу споро реагираат. Сакаат убави и опипливи ниешта и ако успеете да го довлечкате во вашиот богато наместен стан ќе стане многу зборлест. Покрај искреноста сервирајте му и неколку еротски двосмисленсоти убаво истакнати облини и –готов е.

Близнаци
Овие луѓе сакаат промена на амбиентот нови луѓе и нови идеи. Што значи зимата за нив е отежната околност. Сепак ќе најдат некое собиралиште каде што ќе ги искажат своите интелектувални способности. Можете да го привлечите ако интересно и убаво зборувате за своите погледи на свет или доживувањата од некои далечни земји.

Рак
Раковите се домаќини без разлика на ветерот или снегот и тие добро се чуствуваат во својот дом. Во ова време од годината најповеќе примаат пријатели доколу им покажете сигурност јачина на карактерот како и тоа дека ќе земете со себе одговорност кон семејните задачи Ракот ќе почне многу позитивно да ве гледа. Кога ќе заклучи дека сте созреале едноставно ќе ве згрепчи.

Лав
Доколку успеете заспаните Лавови, на сред тешките зимски ноќи да ги доведете во добро загреана луксузна соба веќе сте на добар пат. Потоа употребете шампањ, крзно, неколку комплименти и како последен степен малку масажа реакцијата ќе биди силна и страствена.

Девица
Девиците се секогаш воздржани па затоа уште потеШко им е во зимата да најдат добар помошник. Тие с личности на кои им се приоѓа а тие тешко приоѓаат. Во зимата луѓето се помалку активни па затоа и шансите на овие луѓе им се помали. Но, доколку ги однесете на некоја куќна забава на која ќе најдат некоја душа доволно грижлива упорна и трпелива големи се шансите да прозборат нивните емоции.

Вага
Зимските услови кои носат грдо време малку дружење и многу нервоизни луѓе не делува баш добро на емоциите кај овие луѓе. складноста убавината на околината како и умерената температура се најплодно тло за нивните емоции. Споменатата атмосфера можи да се најди делумно во некој ресторан или на некоја забава кај пријателите но далеку е она што Вагата го бара.

Скорпија
Скорпините емоции немаат многу врска со климатските услови. Едноставно можете да ги мотивирате ан следниот начин: бидете им роб ќе станат посесивни, покажете непослушност ќе станат љубоморни, оставете ги ќе станат осветољубиви. Но ако ве пратат и контролираат во зимските услови тоа ќе им биде многу тешко па можеби и нивните емоции повеќе ќе се разгорат.

Стрелец
Стрелците најлесно се сноѓаат во зимските услови патувањето без разлика на зимските услови кај нив делува подтикнувачки. Доволна е само жичара малку сонце и топла соба во некој планински хотел и нивните емоции веќе се раздвижени.

Јарец
Зимата најмногу му одговара на овие луѓе. секако во топол амбиент и куртоазна посета. Јарците се конзервативни а љубов водат многу далеку од јавноста. Доколку покажете сериозност штедливост а покрај тоа ја спомнете возвишеноста на бракот сигурно ќе реагира бурно.

Водолија
На овие луѓе зимата не им смета за нивното интензивно дружење со луѓето. Напротив зимата е добра кога лесно ќе ве пронајде а вие самите сакате да бидете пронајдени. НајповеЌе ќе се заинтересираат за вас ако слободно размислувате и имате топол пријателски пристап.

Риби
Кога Рибите се во прашање посакувана е ноќта бидејќи таа во се дава тон на раомантика. Долгите зимски ноќи према ова најповеќе им одговараат на овие луѓе. Дури и во мола ладна соба ќе ви одговорат на секој ваш знак со внимание а тоа лесно ќе го прочитате во нивните сонливи нежни очи.