ХОРОСКОП НА МЕНОПАУЗАТА


Менопаузата е еден од најзначајните периоди од животот на жената за кој истовремено многу малку се знае. Тоа е период на завршување на репродуктивната способност на жената и почеток на нова состојба на духот. Психичките и физичките реакции на оваа состојба се различни, а можеби од овој прилог некои ќе имаат корист во пребродувањто на преодот.

Овен
На почеток го одбиваат фактот дека времето проаѓа и дека цел живот не може да се биде во извонредна форма. Затоа проблемите на жената Овен најпрво ќе бидат приврзани со неприфаќањето на физижкото пропаѓање. Тврдоглавоста, тие проблеми само ќе ги зголеми и ќе го спречи прилагодувањето на новата ситуација. Советите од добронамерните, да се впуштат во некоја активност како на пример аеробик или јога, се добро прифатени од Овните и затоа најчесто овие жени вредно вежбаат.

Бик
Овие жени го следат ритамот на природата, па така и овој период ќе го дочекаат едноставно и без некои големи проблеми. Жената Бик е цврсто приврзана за своите деца и во овој период најчесто почнува да се подготвува за внуци. Проблеми можат да настанат доколку жената Бик немала деца. Најлесно овој проблем би го решила доколку прифати некое дете на чување или се вклучи во работа поврзана со помош на деца.

Близнаци
Близнаците се вечни деца па затоа тешко ќе го прифатат овој немилосрден знак на времето. Можни се јаки потиштености и прихички кризи кои за жал можат подолго време да потраат. Но од друга страна Близнаците се многу снаодливи па некои можат на едноставен начин да го заобиколат оваој кризен период. Кај некои љубопитноста и проникливоста, менопаузата ја прават прилика за размислување за сите аспекти на животот кои до сега ги одбивале.

Рак
Овие жени ќе имаат безброј напади на меланхолии и многу проблеми кои оваа хормонална револуција со себе ги носи. Едноставно бараат мотиви за плачење, а во овој период ги имаа дури од повеќе бидејќи се пречуствителни. Да се плачи секако дека не е злосторство напротив има ослободителен ефект. На Раковите, во овој период најважна им е топлината од децата и блиските.

Лав
Лавиците во почетокот би можеле да имаат по некој проблем, но тој набрзо ќе го снема откако оваа жена ќе свати дека стареењето не им го загрозува авторитетот и дека репутацијата со годините дури и пораснува. Тогаш ќе заборави на сите свои пречки и горчини и ќе почни да ги клука сите оние што ја опкружуваат со уште повеќе жештина од порано. Улогата кралица на домаќинството одлично му прилега, а улогата кралица мајка, уште повеќе. Децата не би требало да се потпираат на нејзината доминација иако ги има сите атрибути да стани супер бабичка.

Девица
Девиците не поседуваат некои изразени мајчински чувства. Тие повеќе се ориентирани на професионалниот успех и во повеќето случаеви влегувањето во менопаузата е сватено како ослободување од досегашните пречки, кои повремено им правеле проблем во нивното работење. Ако имале деца ќе бидат пресреќни што сега се возрасни и дека конечно ќе тргнат по своите независни патишта. Со можни физички потешкотии ќе се соочат само прагматичните.

Вага
Вагите би можеле да бидат многу погодени во овој период. Нејзината трансформација ќе биде долготрајна и макотрпна и нема ни малку да им биде лесно да ја напуштат формата на која се навикнаа. Интелектуалните активности за Вагите се многу привлечни, па ако поради семејни обврски, неможела до сега да ги оствари, не им е доцна со тоа да почнат сега. За во тоа да успеат ќе треба да се ослободат од својата потреба-куќата да свети како аптека и секој ручек да биде како банкет во кралски двор.

Скорпија
Овие жени во периодот на менопаузата стануваат недопирливи и мистични И затоа нема да покажат надворешни знаци на некакви внатрешни промени. Односот со децата нема да ја загрижува, бидејќи иако се трудела да им даде максимална слобода секогаш над нив доминирала. Така да и во овој период таа ќе продолжи со истиот стил. Односот со мажот и е уште помал проблем. Секогаш се базира на својот магнетски шарм само што сега повеќе нама да боцка. Што всушност се случува во нејзината внатрешност ни во сонот нема да признае. Тоа може само малку да се почуствува по нејзиното агресивно однесување или слој на шминка повеќе. Во секој случај причини за грижи нема - за Скорпијата драматичните ситуации се облик на прочистување.

Стрелец
Овие жени за многу кратко време се навикнуваат на оваа промена. Овој преод тие го гледааат како благодет во кој ќе имаат многу слободно време кое може да го потрошат на сите оние работи кои порано сакале да ги работат, а кое времето тогаш не им дозволувало. Нема ни на момент да заплаче, напротив таа токму сега ќе расцвета. Ако нејзините деца мислат да ја користат како бејби ситерка за нејзините деца, одма нека заборават на тоа, бидејќи ако финансиите и дозволуваат, жената Стрелец веднаш заминува не некое патување или крстарење, а во најлош случај ќе започне да се занимава со некој рекреативен спорт.

Јарец
Јарците не поседуваат некои изразени мајчински чувства. Тие повеќе се ориентирани на професионалниот успех и во повеќето случаеви влегувањето во менопаузата е сватено како ослободување од досегашните пречки, кои повремено им правеле проблем во нивното работење. Ако имале деца ќе бидат пресреќни што сега се возрасни и дека конечно ќе тргнат по своите независни патишта. Со можни физички потешкотии ќе се соочат само прагматичните.

Водолија
Водолиите живеат со класичен атрибут на женственост и не им придаваат поголемо значење на репродуктивната функција на жената. Доколу немаат семејство и деца, овој период највероватно нема ни да го почуствуваат. Но доколку жената Водолија до сега живеела како мајка и домаќинка, највероватно токму сега ќе и почне времето на одлучни промени. Ќе се запише на некој курс, ќе продолжи да се занимава со запоставените професии или можеби ќе го продожи прекинатото студирање. Во секој случај, за жената Водолија тоа ќе биде правец према иднината кој носи повеќе задоволство од минатото.

Риби
Овие жени ќе имаат безброј напади на меланхолии и многу проблеми кои оваа хормонална револуција со себе ги носи. Едноставно бараат мотиви за плачење, а во овој период ги имаа дури од повеќе бидејќи се пречуствителни. Да се плачи секако дека не е злосторство напротив има ослободителен ефект. За Рибите, најдобро во овој период е да се посоветуваат со стручна личност.