ШТО ПОСЛЕ ВОДЕЊЕТО ЉУБОВ



Водевте љубов: ќе заспиете и двата веднаш или едниот останува буден и несреќен? Или пак се вбројувате во оние среќни парови кои после водењето на љубов уште долго заљубено се мазнат и разговараат? Европеецот после сексот со партнерката се занимава само 4,3 минути, а 39% од машките заспиваат веднаш. Жените, според статистичарите се многу повнимателни... Кај хороскопските знаци е одредено како се однесуваат по водењето љубов. Слободно проверите.

ОВЕН -самозадоволен дивјак
Дивјак кои после беспомошното водење љубов се свртува на своја страна и, е убеден дека неговиот партнер(ка) после тоа сигурно никогаш нема да заборави самозадоволно ќе заспие. Најпретпазливите Овнови сепак ќе соберат толку сила да ви шепотат најмногу три минути вулгарни зборови и да ве милуваат(гњават). Кога ќе се разбудат сакаат негде да заминат но повеќето од нив незнаат каде па остануваат. Најдобро е да се отарасите од нив додека не биде касно. 

БИК- ќе лежи со часови
Мрзливите Бикови обожаваат долго да се милуваат. Во состојба се со часови да лежат на кревет, и бараат од вас да ги милувате, чешкате... Потоа тие ќе ве милуваат вас, што значи дека ќе ве гребат, притискаат, штипат и притоа неразбирливо ќе брботат. Оние пак најчуствителните со сила ќе пробаат да легнат на вас како би се осигурале, дека нема да им побегнете. Во најдобар случај ќе поминете само со брух(кила). Ако сакате да водите љубов со часови тогаш сте го одбрале правилниот партнер.

БЛИЗНАЦИ-време за случки од минатото
Во секој случај најзборлестото суштество од зодијакот. После сексот ужива да раскажува случки од минатото, подло ги оговара бившите партнери(ки), и како дете лаже, дека сте му вие љубовта на неговиот живот. Потоа го вклучуваат телевизорот и ве малтретираат да заедно со него гледате хумористичната серија, на која ќе умира од смеење со часови. Најдобро ќе поминете ако при рака има LapTop. Во тој случај веднаш се вклучува на Facebook и почнува да ви ги прераскажува постовите. Без разлика за кој Близнак се работи нема шанси да заспиете.

РАК- лепенка од која не можете да се отарасите
Лепенка од која никако не можете да се отргнете. Цела ноќ ќе лежи цврсто прилепен до вас и гласно ќе воздивнува , и тоа право во вашето уво. По илјада пати ќе ве прашува дали навистина го сакате. Најтрагичното од се, тоа што ќе ви зборува како мало дете, глупаво гугајќи, што ќе ги нервира и најфлегматичните партнери. Обичните смртници не можат воопшто да го поднесат. Бидејќи го менуваат расположението, тешко е да му погодите што во сексот бараат.

ЛАВ- совршен грчач
Ќе брбори без престан, и тоа секако за себе. Ќе ви поставува вообичаени прашања, од типот”Душо зарем не бев генијален?”, односно “Срце зар не сум супер женска?”. На секој ваш потврден одговор, ќе ве бакнува, оние посуптилните ќе плачат од среќа. Набрзо смирено ќе заспие и ќе грче се до наутро. Лошо ќе си поминете, ако случајно му најдете некоја забелешка во сексот. Се препорачува само на наглувите личности.

ДЕВИЦА- манијак за крстозборки
После водењето на љубов одма се фрла на крстозборките. Ќе ви се обраќа исклучиво со ”Планина на К”, или ”Режисер на М” и слично. Некои пак ќе читаат книга, а во краен случај ќе ги завршуваат недовршените пресметки од работа. Друштвените Девици,ќе бараат од вас да играте брза географија, додека оние најдосадните ќе ве малтретираат со партија шах се до наутро. Ако се работи за Девица од низок тип сигурно ќе ве натера да играте ”мижи-татара”, и тоа потполно голи.

ВАГА- тест за нуркање
После водењето на љубов ќе пробаат да ве натераат заедно со нив да влезете вкупатило на заедничко бањање. Никако не се сложувајте бидејќи штом влезете во кадата, ќе ви ја ставаат главата под вода, ќе ве прскаат со пена во очите, или пак ќе ве тријат со сун”ер на грбот толку силно што ќе ви го отстранат горниот слој на епидермот. Најекстремните Ваги ќе проверат колку долго можете да издржете без воздух под вода.

СКОРПИЈА-  никогаш доста
Натприродно суштество на кое никогаш не му е доста. Во состојба е  цела ноќ да води љубов без да застане. Во краткотрајните паузи кои сепак ги прави, радознало ќе ве испитува за вашите сексуални навики, за сексуалните навики на вашите бивши љубовници, после што љубоморно повторно ќе навали и тоа толку долго се додека не паднете во несвест. Највероватно ќе ве прогласи за аматер и според него сте далеку од тоа што го посакува во сексот.

СТРЕЛЕЦ-снага и за склекови
И после најстраственото водење на љубов, Стрелецот има вишок на енергија, што голем број од вас ќе го потрошат на тој начин, што ќе прават склекови над партнерот. Следниот ден со задоволство ќе раскажувате за вашите љубовни подвизи. Помирните Стрелци- интелектуалци ладнокрвно го палат светлото и продолжуваат да читаат книга таму каде што застанале претходната вечер. Сите обиди да се сврти вниманиете на себе ќе останат залудни

ЈАРЕЦ-исповеди со цигара
Досаден меланхолик, кој после сексот пали цигара и околу еден час пуши без да каже ниту еден збор, а потоа е започнува својата животна приказна. После краткиот осврт на детството, со нагласок на неколку најтажни моменти од детството, се запира на описот на своето его кое несватливо лута низ овој свет без љубав. После повеќекратната самоанализа, ќе премине на филозофирање, а пред да се раздени ќе премине на историја. Повеќето негови партнери(ки)  цврсто ќе заспијат уште на првата епизода од детството.

ВОДОЛИЈА-иноватор
Иноватор во се, па така и во сексот. Водолијата во креветот сака да ги испроба сите можни пози за кои слушнал или кои му се вртат во неговата глава, а нарочито оние најегзотичните. Но бидејќи не располага со премногу енергија, обично цврсто ќе заспие во некоја невероватно замрсена положба за која нема на крај памет да ви дојде. Ако не уживате во класичен секс, тогаш Водолијата ви е вистинскиот партнер.

РИБИ-гладни
Сите Риби со исклучок на оние кои го гледале ”Девет и пол недели”, длабоко се уверени да хранењето на партнерот после водењето на љубов е неопишливо секси. Затоа во устата со сила ќе ви клава краставици, банани, варени јајца, колбаси, или пак цел батак, а во краен случај ќе ве испрска со цела туба шлаг или мајонез. Тоа толку ќе ги возбуди што ќе сакаат уште еднаш да водат љубов. Но без разлика на тоа вие сигурно не ќе можете да се помрднете.