КОЛКУ СТЕ ПРИЛАГОДЛИВИ ВО БРАКОТ

Секој облик на соживот значи прилагодување, компромис, дури и кога се работи за љубов. Слободните моменти не се само моменти на едниот. Постојат многу повеќе прашања на кои треба да се одговори од колку оние кои ги одговараме на почеток. Секако дека треба да се научи да се живее заедно.

Не му е тоа лесно на огнениот Овен на кој клучниот збор му е ,,јас,,. Нивната ароганција и неприлагодливост доаѓаат до израз уште во родителскиот дом. Животот во пар за овие бунтовници без причини не ретко ги фрустрира, освен кога љубовта е толку јака да близината на саканиот е незаменлива. Тие пред се мора да ја поделат својата агресивност да сватат дека секогаш немаат право и да се обидат барем малку да ја намалат љубомората и посесивноста. Слични се и Лавовите, покрај тоа што знаат да бидат големодушни спрема својот партнер знаат и успешно да ги кријат своите домаши проблеми пред другите. Но и тие се опседнати пред се со себе и многу малку внимание ќе му посветат на партнеровите проблеми.
Сосема спротивно се што неможат и несакаат Овенот и Лавот, а се однесува на пронаоѓање на складност во животот со некого, на воздушните Ваги тоа им е потполно природно. Тие секогаш си замислувале партнер со кој ќе делат се од вилушка до постелнина, од џепарлок до кредитни картички. Затоа тие и не зборуваат за прилагодување, тоа тие го нарекуваат заедница и признаваат дека секогаш се чуствувале како им недостасува другата половина. Со својот шарм и убав збор, дури и тогаш кога би излегле до кожата, успешно ќе ублажат секоја расправија и ќе го продолжат она што во животот најмногу им значи-бракот. На партнерот ќе им посветуваат многу внимание, а нивната насмевка секогаш ќе ги мами на простување дури и во најкритичните ситуации.
Воздушните Близнаци и Водолии како и огнените Стрелци воглавно не покажуваат некој посебен интерес за прилагодување во заедничкиот живот. На почеток колку тоа да се чини привлечно и шармантно пото задава големи проблеми. Најпрво треба да им се објасни дека животот во пар не е исто што и живот со тројца или четворица и дека одредени правила сепак постојат. Неточноста на Близнаците или неколку часовните телефонски разговори, заборавање на договореното за типичниот Стрелец и посветеноста на сопствените преокупации за Водолијата не прват од нив некои посакувани партнери. Од друга страна и верноста не им е јака страна па тогаш е јасно зошто некопј одговорен со сериозни намери ќе си ја чука главата во ѕид само после неколку дена од заедничкиот живот.
Почнувајќи од првиот зодијачки знак секој нареден се повеќе се отвата спрема другите. Значи ако Овенот е најнеприлагодлив, Рибите би требало да го изгубат сопственито идентитет во морето на другите. Тие се толку емотивни, ранливи и заљубливи што можат да направат се само за да ги задоволат желбите на партнерот. за нив заедништвото и љубовта се светост, вредна жртва и терет кој со задоволство ќе го носат на своите рамења. Кога ќе почуствуват дека љубовта не им е вратена на исти начин, грешката ќе ја бараат во себе и со мака ќе ги собираат скреШените парчиња од својата личност. тие даваат се а тој што не знае да го цени тоа ќе биде одговорен за сите нивни зацрнувања за сите нивни настранувања, падови и патења. Од саканата личност ќе отрпнат а само нивните сонливи очи и матниот поглед ќе покажат колку тоа ги чинело. Другиот воден знак, Ракот  поради својата емоционална слабост најдобро ја разбира рибината психа, во некои ситуации дури и личи на нив. Нив од животот во пар најважно им е само едно животот со децата и семејството. Нјсреќен е кога е во своите четири ѕида во непосредна близина на партнерот и децата. За нив семејството е светост за неа треба да се жртвува се  па дури и она што се неможе. Тие се грижливи дури и тогаш кога се преокупирани со работа. Партнерот на Ракот својот живот ќе го дели на два периоди период пред роѓање на децата и период после тоа. Секако дека ќе жали за оној првиот.
Иако Скорпијата е воден знак многу повеќе наликува на Овен или Лав кога е во прашање живот во пар. Тие се прилично тврдоглави посесивни љубоморни и страшно недопирливи кога се во прашање личноста и самосталноста. Многу тешко се сложуваат на компромис, постојано уверувајќи го партнерот дека тој им е најголемото нешто, ќе се држи до своите правила кои спонтано мора да ги прифати и партнерот. Нивната страственост може да биде терет како и нивната постојана љубомора. За живот со Скорпијата потребни се челични нерви и голема енергија.
Земјените знакови-Девицата Јарецот и Бикот кон соживотот пристапуваат доста разумно. Тоа што треба да се даде и тоа што треба да се добие уште напочеток го појаснуваат и токму таа нивна рационална компонента исто како на работното место станува неприфатлива  кога е во прашање љубовта. Девицата со својата аналитичност ќе го замрзни секој емоционален однос. Јарците сами по себе се доволно ладни па партнерот не ретко ќе има чуство дека емоциите треба со клешти д им се вадат. Но и едните и другите сепка ќе настојуваат де бидат фер и толерантни спрема партнерот ќе си остават слобода и за себе и за партнерот и ќе се воздржат од многу навики кои не им одговараат.
Најтоплиот меѓу нив Бикот, највероватно поради својот владетел Венера, ќе ја обожава заедничката секојдневица, ќе ужива на промените кај својот партнер, а својата љубов ќе ја прикрива со секоја тешкотија која ќе се појави. Но тој, кој ја дели масата и креветот со него не смее да заборави и на онаа работа на која Бикот најмногу реагира: Биковите се темпераментни, понекогаш болно љубоморни и посесивни и секако тврдоглави. Се на се, не се лесни за соживот.