Скапоцени камења

Уште од дамнешно време, луѓето откриле дека постои некаква поврзаност помеѓу скапоцените камења и месеците од годината. Исто така, откриле дека секој скапоцен или полускапоцен камен, има влијание на некој од хороскопските знаци. Едни камења ја зголемуваат енергијата, а други пак делуваат смирувачку. Исто така постојат и камења кои би треба да се избегнуваат. Камењата на некој начин претставуваат филтер на енергијата која ја добиваме од планетите. Во текот на денот постојано се случуваат некакви аспекти помеѓу момнеталната положба на планетите и хороскопот на луѓето (транзити) кои некогаш се добри, а некогаш лоши. Лошите аспекти (влијанија) неможат да се избегнат, но можат да се ублажат токму со скапоцените или полускапоцените камења. Дијамантот сите го посакуваат но нажалост за Близнаците не е многу поволен камен. Постои верување дека скапоцените камења имаат влијание и со подзнакот, но и со сотанатите планети во хороскопот. Секој личност, покрај тоа што си има свои предодредени скапоцени камења според хороскопскиот знак кои позитивно влијаат на организмот, исто така може да се комбинира и со скапоцените камења кои му припаѓаат на нејзиниот подзнак или пак некоја доминантна планета од хороскопот. На тој начин нивната моќ за зголемување на енергијата или смирување ќе биде посилна.

ОВЕН
За енергија: Хелитропот е каменот кој правилно ќе ја насочи огромата Овновска енергија. Добар е за помладите Овни. Постраите Овни, оние кои веќе научиле да ја канализираат енергијата, треба да носат Аквамарин.
За смирување: Лапис Лазури е каменот кој на типичните Овните ќе им донесе длабок мир. Посебни е добар ако имате оидзнак во некој земјен знак.
За љубов: Ако сте презафатени со обвски и немате доволно време за партнерот тогаш Гранатот е каменот кој ќе ве натера да им се посветите на љубовта. Смарагдот ќе ви поможе полено да ја пребродите изгубената љубов.
Останати камења кои имаат позитивно дејство: Хризоберил, чист кварц, дијамант, хематит, магнезит, магнетит и рубин.
Потребен ми е скапоцен камен


БИК
За енергија: За покренување на енергијата на спориот Бик потребен е Карнеолотот. Исто така ја враќа виталноста, па добар е за постарите Бикови. Хризоберилот ги поттикнува на работа мрзеливите Бикови.
За смирување: Лапиц Лазули брзо го отстранува стресот, и доведува длабок мир. Носи хармонија и толеранција према помладите.
За љубов: Доколку ви треба емоционална рамнотежа тогаш потребен ви е Смарагд. Исто така овој камен доведува хармонија на сите полиња.
Останати камења кои имаат позитивно дејство: Хризоберил, хрисопрас, чист кварц, бакар, корал, дијамант, розев кварц, рутил и син турмалин.
Потребен ми е скапоцен камен


БЛИЗНАЦИ
За енергија: За канализирање на енергијата на хиперактивните Близнаци потребен е Оникс. Со овој камен поуспешно ќе ја трансформирате вашата сурова енергија во нешто покреативно. Во одредени моменти кога заборавате да се одморите, токму овој камен ќе ве фрли во пасивна положба.
За смирување: Она што му е најпотребно на еден типичен Близнак е баланс помеѓу телото, мозокот и духот, а за тоа најпогоден е Ахатот.
За љубов: Каменот кој ја подобрува безусловната љубов, единството и пријателството е Смарагдот, а кога овој услов е задоволен, тогаш не постои пречка Близнакот да биде заљубен.
Останати камења кои имаат позитивно дејство: Апатит, Аквамарин, хрисопрас, чист, кварц, дендритичен агат, емералд, Оникс, бисер, рутил, песочник, син сафир, зелен сафир и серпентина.
Потребен ми е скапоцен камен


РАК
За енергија: Раковите се доста вредни и секогаш ги користат последните атоми за навремено завршување на работата, но бидејќи често го менуваат расположението, а после тоа ја губат мотивацијата, најповеќе за тоа ќе им помогне Карнеолотот.
За смирување: Месечината е владетел на Раковите, а најсродниот камен на Месечината е Бисерот. Со овој камен полесно ќе го контолирате расположениоето, а тоа е предуслов за смирување на нервите кај Раковите.
За љубов: Опалот е каменот на емоциите, а тоа е она што им треба на Раковите, малку поголема контрола на бурните емоции кои се основен двигател во животот на овие луѓе.
Останати камења кои имаат позитивно дејство: Калцит, халкидон, чист кварц, рубни.
Потребен ми е скапоцен камен



ЛАВ
За енергија: Лавовите најповеќе се плашат од неуспех, а каменот кој најповеќе може да ги мотивира за успех е Карнеолот. За постарите Лавови, добар е и Ониксот, а за дамите Аквамаринот.
За смирување: КОга сте тргнале по патот на успехот секако дека стресовите се секојдневие, а каменот кој ќе ве одржува и поддржува низ период на стрес и секако ќе ви носи мир и целовитост е Јасписот.
За љубов: За разбудување на страстите кај постарите Лавови одлично влијание има Гранатот. За помладите Лавови кои изобилуваат со страсти најдобар е Топазот.
Останати камења кои имаат позитивно дејство: Килибар, чист кварц, дијаманти, гранат, злато, Џаспер, Оникс, Рубин и жолт сафир, .
Потребен ми е скапоцен камен



ДВИЦА
За енергија: На аналитичните Девици постојано имаат недостиг ментална енергија. Карнеолот е каменот кој ја изоштрува концентрацијата и менталната летаргија. Штити од гнев и незадоволство, а го смирува и бесот.
За смирување: Агатот ги подобрува менталните функции, ја подобрва концентрацијата, перцепцијата и аналитичките способности, а во недостаток на некоја од овие функции кај Девиците се јавува немир.
За љубов: Недостатокот на самодоверба во љубовта се подобрува со Грантот.
Останати камења кои имаат позитивно дејство: Агат, аметист, халкидон, чист кварц, Џаспер, магнетит, сафир, обсидиан и турмалин.
Потребен ми е скапоцен камен



ВАГА
За енергија: Хелитропот ќе им донесе доста самодоверба на Вагите. Исто така овој камен ја подигнува интуицијата и ја зголемува креативноста.
За смирување: Вистинскиот камен кој прави баланс помеѓу левата и десната страна на мозокот е Турмалинот. Со овој камен ќе ја подобрите психичката рамнотежа која е основа за нормално функционирање на нервите кај Вагите.
За љубов: Со Опалот ќе ја зголемите лојалноста, верноста и спонтаноста.
Останати камења кои имаат позитивно дејство: Емералд, малахит, розев кварц, и сафир.
Потребен ми е скапоцен камен



СКОРПИЈА
За енергија: На огромната сурова Скорписка енергија ќе и ја додаде потребната храброст само Аквамаринот. Овај камен најдобро се вклупова кај чувствителните луѓе.
За смирување: Јасписот заштитува од електромагнетните и радиоактивните зрачења, а на Скорпиите им носи мир и целовитост.
За љубов: Со Опалот ќе ја зголемите верноста, со Топазот отвореноста и искреноста, а со Тиркизот ќе внесете романтика во љубовта.
Останати камења кои имаат позитивно дејство: Чист кварц, џаспер, малахит, обсидиан, опал, рубиn и чаден кварц.
Потребен ми е скапоцен камен



СТРЕЛЕЦ
За енергија: За поголема среќа на патувањата на овие авантуристички луѓе потренен им е Калцедонот. Исто така овој камен ја зголемува издржливоста и посебно се препорачува за постарите Стрелци.
За смирување: Лапиц Лазули брзо го отстранува стресот, и доведува длабок мир. Носи хармонија и толеранција према помладите.
За љубов: Со Топазот ќе ја зголемите отвореноста и искреноста, а кај помладите Стрелци ќе ја подобрите страственоста. Доколку имате проблеми во љубовта, Тиркизот е камен со кој полесно ќе дојдите до креативно решавање на проблемите.
Останати камења кои имаат позитивно дејство: Аметист, халкидон, чист кварц, бакар, лапис лазули, обсидиан, рубин, сафир, чаден кварц.
Потребен ми е скапоцен камен


Јарец
За енергија: Хризоберилот, или познат како мачкино око, ќе им доноси среќа и ведрина на Јарците, испреплетени со оптимизам, великодушност и доверба. Исто така носи среќа во бизнисот.
За смирување: Аметистот е моќен и заштитен камен. Ќе ги заштити Јарците од психички напади, а штити и од секаков вид на штета.
За љубов: Бидејќи Јарците се презафатени со обвски и немаат доволно време за партнерот, Гранатот е каменот кој ќе ги натера повеќе да им се посветите на љубовта.
Останати камења кои имаат позитивно дејство: Аметист, арагонит, чист кварц, флуоритни, магнетит, малахит, чаден кварц, црн турмалин, зелен турмалин, и обичен турмалин
Потребен ми е скапоцен камен



ВОДОЛИЈА
За енергија: Аквамаринот и Калцедонот ќе ви помогнат да издржите на работното место. Аквамаринот ги разјаснува перцепциите, го изострува разумот и ги прочистува конфузиите.
За смирување: Аметистот го ублажува стресот и напорот, ја смирува раздразливоста, ги намалува гневот, бесот и стравот.
За љубов: Со Тиркизот Водолиите ќе ја добијат потребната романтика во врската, поголемо вниманије и почит од партнерот.
Останати камења кои имаат позитивно дејство: Килибар, аметист, халкидон, чист кварц, магнетит и сребро.
Потребен ми е скапоцен камен



РИБИ
За енергија: Она што најповеќе им недостасува на Рибите е самодовербата а каменот кој ја зголемува е Хелитропот. Исто така овој камен ја подигнува интуицијата и ја зголемува креативноста.
За смирување: За заштити од психички напади на Рибите потребен им е Аметистот, со овој камен исто така го контролира бесот и стравот.
За љубов: Опал и Тиркиз се камењата кои на овие лесно заљубиви луѓе ќе им донесат среќа во љубовта и ќе им ја зголемат самодовербата.
Останати камења кои имаат позитивно дејство: Аметист, Аквамарин, син лаце агат, чист кварц, корали, флуоритни.
Потребен ми е скапоцен камен