ЗОДИЈАКОТ И СРАМЕЖЛИВОСТА

Секој од нас се грижи за својот имиџ, односно за тоа како другите го гледаат и каков впечаток остава во друштво. Една од најчестите слаби точки на личноста е неспособноста вербално да се изрази или да го стори она што во одреден момент мора да биде направено за да се постигнат позитивни резултати. Да се биде срамежлив значи да се биде уплашен, иако постојат различни степени и видови на инхибираност. Затоа и според Астрологијата различни зодијачки знаци реагираат различно во различни ситуации, односно секој од хороскопските знаци се однесува според доминантните планети кои го симболизираат тој знак. Ако Сонцето, Марс, Уран се доминантни планети во наталниот хороскоп и позитивно аспектирани личноста е се друго само не срамежлива, додека за сремежливост најмногу придонесуваат негативните аспекти на Сатурн, Месечината и Венера.

Овенот на пример е под силно влијание на Сонцето и Марс, така што на овие личности не им недостасува животна снага и ентузијазам. но таа снага не мора секогаш да биде агресивна и насочена само на чувството на сопствената важност, како што најчесто се опишува типичниот претставник на овој знак, така што подруго дури и срамежливо однесување сепак е можно.
За Бикот кој е под владетелство на Венера како сосема да е природно да биде повлежен, срамежлив, скромен и да поцрвенува за секоја ситница. Но, сепак како што е кажано порано аспектите и владеачката планета во наталниот хороскоп се од примарна важност при одредувањето на вистинската слика на личноста.
Тешко можеме да ги замислиме Меркуровите штитеници, Близнаците, као заради срамежливост седат во некој ќош и и молчат. Ни еден од Близнаците нема никогаш да поцрвенее од срам, освен ако во наталната карта не му доминира Сатурн, кој ги пригушува Месечината и Венера со својата наметлива дисциплина. Во секој случај најчесто Близнаците црвенеат од задоволство кога ќе почувствуваат дека се во центарот на вниманието.
Ракот со својот владетел Месечината претставува вистински центар за сите болно срамежливи пипадници на хороскопот. Сепак толку многу Ракови се присутни во јавниот живот. Изгледа дека тоа се оние Ракови кои ја имаат искористено целосната поддршка на позитивно аспектираниот Сатрурн кон Месечината, што им овозможува да ја  урамнотежат нивната емотивна природа.
Духот на Лавот обично е таков што за своите деца ќе го направи она што за себе не е спремен. Мајката Лавица со Марс и Уран во петто поле (поле на децата), потпоно ги запрепастува своите познаници со своите жестоки противнапади во врска со она што таа го доживува како неправедна критика упатена кон нејзините деца.
Девицата со која владее Меркур искрено мрази да ја разбранува својата околина, и покрај фактот што дека тоа е знак познат со својата критичност. Кога Девицата влегува во просторија полна со луѓе, на неа се забележува извесна доза на негодување и нелагодност која како да зборува “Не сакам да бидам премногу слободна, но се надевам дека ќе ме прифатите”.
Припадниците на деликатниот знак Вага, можат да делуваат смирено и студено, но срамежливоста никако не може да се смета како дел на нивната природа.
Скорпијата е исто така тивка, таинствена и решителна. Но припадникот на овој знак не е срамежлив, освен ако Марс во личниот хороскоп не се најдува во еден од другите два водени знаци Рак или Риби. Скорпијата ретко го изразува она што навистина го мисли и чувствува, освен кога сака да глуми воздржаност, невиност, благост...
Верувале или не Стрелецот може да биде болно срамежлив, посебно во младоста, иако таа болка може да го следи и во позрелите години, создавајќи му многу незгоди. Тоа трае се додека не сфатат дека никој нема да ги брка до крајот на светот само затоа што не се совршени во секој момент.
Насилниот и самосвесен пристап на Јарецот во сите области во животот можат да гоокружат со луѓе кои ќе мразат што мораат да проговорат макар и еден збор со нив, а сето тоа заради нивниот недостаток на смисла за хумор. Исклучок е Јарецот кој има многу планети во воздушни знаци. Јарецот не сака да го слушне ни смеењето на другите, но затоа ќе ужива да ги исмејува луѓето од својата околина.
Нервозата е збор кој оди заедно со планетата Уран, токму како и со неговиот штитеник Водолијата. Припадниците на овој знак не се срамежливи во вообичаена смисла на зборот, иако имаат склоност да се повлечат и не се мешаат во приватните работи и односи на луѓето околу себе. можат да ги интересираат светските проблеми, но ќе станат многу нервозни ако мораат да се вплеткуваат во интимните проблеми.
Рибите од сите возрасти ќе црвенеат секогаш  и на секое место. Многу Риби се до толкава мерка срамежливи во тинејџерските години така што тоа им создава нервоза од која тешко се ослободуваат. Единствено во случај Сонцето во наталниот хороскоп да им се наоѓа во некое од огнените полиња (прво, петто или деветто) или Марс во некој огнен знак, па така да се овозможи некакво модификувано однесување.