Прилогот кој следи првенствено се однесува на средношколците. Многумина ученици ќе се препознаат во толкувањата, а на некаои можеби ќе им послужи за пример како не треба да се однесуваат. Професорите и наставниците можат да го искорисат како мало напатсвије во нивната педагошка едукација.
Овен
Овновите често можат да се најдат во улога на бунтовници против класичиот систем на школство, затоа што им смета редовната обврска и долгорочносто занимавање со ист предмет. Тие се уверени дека искуството е подобар учител од книгата и им недостасува стрпливост. Но кога се мотивирани и заинтересирани Овновите постигнуваат извонредни резултати. Најчесто ги интересираат практични професии со вкус на авантура и непознато, а од професорот очекуваат градивото да им го презентира на интересен начин. Сакаат технички предмети, историја, географија, физичко и странски јазици.
Бик
Типичниот претставник на овој знак е мрзлив и инертен, па затоа во обраованието не дава колку што може. Доколку не наоѓа доволен поттик на училиште, подобро му е со пријателите, да се занимава со спорт или со некое хоби. Но, совесниот Бик може да биде еден од најсовесните ученици, секогаш спремен за одговарање, темелен, организиран, тивок. Во таков случај ќе сака признанија и добри оцени. Парите и материјалната самостојност можат да го оттргнат од училиштето и многу Бикови многу рано почнуваат да заработуваат. Сакаат цртање, музика, книжевност, природа, биологија, економија и политика.
Близнаци
Ова е знак на ментална сестраност, љубопитност и интелегенција. Близнаците ги интересира се, многу читаат, за се имаат свое мислење, извонредно се снаоѓаат во апстракните проблеми и постигнуваат одличн успех на училиште. Ако оцените не се на нивото на нивните способности, виновни се неговата вродена неорганизираност, површност, склоноста кон задоцнување, но и лесното губење на интерес за работите кои со воодушевување ги прифатил. Омилен е кај професорите заради комуникативноста, брзото мислење и хуморот. Најдобро му одат математика, мајчин јазик, музичко, но и филозофија, странски јазик и слично.
Рак
Односот на Ракот спрема учењето е длабоко емотивно обоен и поминува низ разни фази низ текот на школувањето. За него до голема важност е почетниот успех и атмосферата во околината, бидејќи чувствителниот Рак стравот од оцените, грубиот професор или проблемите во класот, можат да го поттикнат да се повлече во себе, да стане несигурен и да се откаже од целата работа. Доколку е опкружен со љубов, Ракот ќе биде извонреден ученик затоа што фантазијата и жедта за знаење цврсто го врзуваат за книгата. Добар е по историја, книжевност, мртви јазици (латински и грчки), уметност.
Лав
Како и секаде, Лавот и во училиштето има големи апетити. Понекогаш му е потребно да биде главен во друштвото во одделението, да организира бегање од часови или да држи вечна опозиција со наставниците, но најчесто неговите амбиции одат многу подалеку. Доброто образование му дава чувство на надмоќност, углед во општесвото, а знае дека ќе стане правник, инженер, професор, глумец или менанџер само со одлични оцени. За него е препорачливо да се ангажира во одделенското претседателство, да се бори за прават на учениците, да се запише во драмско или спортско друштво за да ја разбие монотонијата дома и на училипште.
Девица
Аналитичната Девица одлично се снаоѓа во сите подрачја на учење, методичка работа и заклучување. Совесен е ученик кој се стреми кон совршенство, прецизност и уредност, со брза интелегенција и со спретни раце. Девиците не се склони кон истакнување, но иако се исклучително самокритични, многу се осетливи на коментарите на околината. Ова е тип на солиден ученик чии квалитети ќе се забележат после подолго време. Треба да внимаваат да не се изгубат во ситници, да не посветуваат преголемо внимание на формата, убавото пишување, подвлекувањето итн. Сакаат математика, литература, природни науки и технички работи.
Вага
Друштвената Вага училиштето првенствено го сваќа како место за собирање и запознавање. Па доколку влезе воо лошо друштво може да го занемари учењето. Тоа сепак ретко се случува, затоа што Вагите имаат развиена одговорност, како и желба секаде да бидат успешни и најдобри, мразејќи ги грижите и судирите. Со леснотија учат, често негуваат добри односи со професорите и го пронајдуваат најкраткиот пат до одличните оцени. Многу работи сакаат и скоро се им поаѓа од рака, па затоа немаат јасна претстава за која професија да се одлучат. Склони се кон општествените предмети, уметноста и работата со луѓе.
Скорпија
Остроумните Скорпии обично не ги користат доволно своите способности затоа што тешко се вклопуваат во класичниот однос ученик-наставник. Како премногу самоуверена личност ќе бара сатисфакција во дружење и спорт, во посебни хобии, како што се криминалистика, медицина, маѓионичарство и окултно. Доколку се присутни семејни проблеми Скорпијата е склона кон деструктивно однесување. Ако се одлучи да се потруди, никој неможе да го надвладее во учењето и освојувањето на признанија, затоа што е спремен да ја плати секоја цена на она што го сака. Скорпијата е извонредно упорна со остра интелегенција, темелна и продорна и без проблеми го совладува секое градиво.
Стрелец
Посебниот Стрелец може да има тешкотии во основното образование бидејќи учењето го доживува како рутина, а го привлекуваат многу поинтересни работи како што се играње, фантазирање и спорт. Многу подоцна ќе се пронајде во предметите кои имаат вкус на далечина и непознато како што се филозофија, туризам, сообраќај, издаваштво, странски јазици, право и слично. Сестран и динамичен, секогаш е во потрага за нешто ново, па затоа таа нестабилност се одразува и во кампајнскиот одност спрема учењето. Често им недостасува упорност, а искреноста може да го доведе до непријатности и судири со професорите и одделението.
Јарец
На типичниот Јарец му треба охрабрување, затоа што не е претерано комуникативен, а тоа социјално неснаоѓање може да создаде несигурност пред професорите и склоност кон неистакнување. Исклучително е одговорен и работлив. Своите обврски и задачи ретко ги запоставува, па со повеќе самостално размислување и фантазирање би можел да биде совршен ученик. Јарецот е одличен во предметите каде е потребна долготрајна работа и меморија, а неможе да се снајде кога ќе се бара креативност, затоа што има проблеми со формулацијата на своите желби и чувства. Подобро се изразува со раце отколку со зборови, добро црта, моделира и сл.
Водолија
Интелегентен и талентиран, Водолијата обично нема проблеми во училиштето. Доколку се одлучи да биде одличен, работи редовно и некрева прашина околу тоа оставајќи си време и за други активности. Оцените не му се многу битни, затоа што Водолиите поседуваат нешто бунтовничко и ноншалантно. Тој се занимава со илјада други работи и паметно се провлекува низ школувањето со најмалку вложенн труд. Многу често ги привлекуваат симпатиите на професорите со својот шарм. Најмногу им одговараат предмети како што се: Биологија, Хемија, Физика, Математика но и општествените науки и социјалното ангажирање.
Риби
Непостојаните Риби ретко добро се снајдуваат во водите на школството. Успони и падови, единици и петки, тоа се редовни појави во ниванат школска кариера, затоа што тешко континуирано учат, неодговорни се и неорганизирани. Ги забораваат задачите и тетратките, погрешно го слушаат прашањето, но затоа се ненадминливо маштовити, креативни и длабоки. Размислуваат за темелните човечки прашања, многу читаат , фантазираат, слушаат музика и се занимаваат со минатото и уметноста. Кога Рибите би се присилиле редовно да учат, далеку ќе дотуркаат, иако во спротиво често се провлекуваат низ иглени уши благодарејќи на среќата. Емотивните кризи делуват како парализа на нивните ментални способности.