ЈАРЕЦ
Работа

Јануар е ваш месец, па како и секогаш ќе имате нагласена комуникативност и голема желба за успех. Ве очекуваат исклучително поволни можности за исполнување на сопствените планови и желби, посебно оние кои бараат сурова борба за успех во кариерата, големи организации, политички партии и сл. Потрудете се во овој месец да ги подобрите финасиските резерви, бидејќи во текот на годината ќе ви бидат потребни. Февруари ќе го поминете во знак на нервоза и незадоволство. Причината ќе биде стагнација на работите во сите дејности. Колку е можно избегнувајте комуникација со претпоставените и секако избегнувајте ги медиумите. Во март и април ќе бидете концентрирани на финансиското работење, а помалку ќе се грижите за останатите дејности особено за комуникацијата. Нема многу да ве интересира кариерата, повеќе ќе бидете концентрирани на материјалниот дел од активностите. Искористете ги бројните таленти за ова подрачје и потрудете се тоа во мај и јуни да го промените и да се префрлите на практичниот дел на работата, да почнете да планирате и да ја задоволите онаа другата страна во вас која потајно бара да се истакнува, а вие постојано ја потискате. Во овој период работите поврзани со патувања и трговија ви се добро аспектирани и можат да ви овозможат доста корисни контакти и професионален напредок. Втората половина од јули и целиот август ќе чувствувате одредена стгнација и недоволно голема самодоверба. Делумно ќе ве измачуваат и љубовните проблеми, а напнатоста ќе ве наведе помалку да се изгубите во сопствениот затворен круг. Во текот на септември и октомври повторно ќе ви се обнови енергијата па сите заостанати обврски од претходните месеци ќе успеете да ги завршите. Периодот е добар за заминуввање во странство или контакти со странци. Овој период може многу да ви ги прошири хоризонтите и да ви венсе многу позитивни промени во вашиот деловен живот.

Љубов

Во јануари ќе имате изразена желба за дружење и комуникативност. Речиси цел месец ќе го поминете во атмосфера на хармонија со многу нови пријателски односи а помалку љубовни. Јарците кои се во врска ќе постигнат извонредно добри односи со партнерот и конечно некако ќе се зближат. После помалку нестабилниот февруари, кој ќе го поминете без многу значајни настани, во првите пролетни денови планетите ќе ве надарат со неодолив шарм, која на многу слободни Јарци ќе му овозможи страствена љубовна авантура која долго време ќе ја паметат. Оние кои се во врска, можат да очекуваат голем број на промени кои ќе им овозможат поголемо уживање во врската. Промените тешко ги прифаќате, меѓутоа овој пат ќе ги прифатите без многу двоумење, а тоа е знак дека сте заљубени. Мај ве зафаќа помалку променлива клима. Ќе ве зафати некоја желба за слобода, па можеби многу Јарци кои имале среќни врски да останат сами во овој период. Од јуни повторно влегувате во позитивен период за љубовта, но овој пат со исклучителна смисла за рамантика и нежност. Ваквите афинитети ќе ви донесат пријатни љубовни односи и зацврстување на врската. Слободните ќе се трудат да влезат во нова љубовна врска, меѓутоа за тоа ќе мора да причекаат дури до средината на август. Септември е особено добар за нови љубовни почетоци, па затоа не се трудете по секоја цена да влезете ви љубовна врска во летиниот период. Есенскиот период ќе бидете во доста големи недоумици. Ќе ве зафати недоверба во односот со партнерот и постојано ќе ве наведува на размислување околу вашите желби и длабината на вашите чувства. Коолминација на незадоволствата ќе ве зафати во ноември и овој месец можже да се каже дека ќе биде најкритичниот за вашата љубовна врска и доколку сите проблеми ги надминете, очекувајте во декември повторно да уживате и новата година да ја дочекате заљубени и среќни.

Здравје

Оваа година ќе бидете под позитивно влијание во поглед на здраствената состојба, енергијата ќе ви биде на високо ниво се до почетокот на есента. Помали здраствени проблеми можат да очекуваат срцевите болни во месец април октомври и ноември. Критични месеци за хроничните болни се месеците март и април и почетокот на декември. Проблеми ги очекуваа оние претставници со висок притисок и највероватно од нервна напнатост. Можни се некои психосоматски заболувања кон крајот на летниот период.