Како што годината, месецот и денот на нашето раѓање даваат одредени нумеролошки вибрации, така и часот на нашето раѓање има сосема одредена и прецизна астролошка и нумеролошка фреквенција. Многу авторитети во астрологијата и нумерологијата сметаат дека одреден период во денот или ноќта е од исклучително значење за објаснување на некои наши постапки, ставови, расположенија. Тоа го толкуваат со фактот дека небесните тела кои влијаат на човековиот карактер и животот воопштто се во постојано движење, а нивните влијанија од час на час се менуваат. Значи, знаејќи го точниот час на раѓањето можеме, според ова толкување поблиску да се запознаеме себеси, но и другите од нашата најблиска околина. Кругот од дваесет и четири часа е поделен на соодветни шест астронумеролошки термини. Секој од наведените астронумеролошки термини во одреден четиричасовен период им дава на родените во тој период одредени и соодветни карактеристики, па може да биде интересно дополнување на сознанијата за нечиј карактер, покрај карактеристиките што ги даваат хороскопските знаци.
Прв астронумеролошки термин - родени од 00 до 04 часот
Ако сте родени меѓу полноќ и четири часот, би требало да бидете со тивка и смирена природа. Карактеристично е дека сакате да сонувате и секојдневно градите нова кула во облаците. Тоа само потврдува дека имате многу бујна фантазија и често дозволивате таа да ве обземе, но не се грижите многу за тоа. Меѓутоа таквото ваше однесување често ве хендикепира на тој начин што запаѓате во ситуации во кои тешко се снаоѓате во светот на физичката и материјална реалност. Многумина се убедени дека сте роден фантазер и поет и дека е тоа единствена причина што другите не ве разбираат. Имате крајно благородна душа.
Втор астронумеролошки термин - родени од 04 до 08 часот
Овие ранобудници се окарактеризирани како личности кои се одликуваат со итрина и потполн склад. Се смета дека се упорни и издржливи во сите работи, а тоа посебно доаѓа до израз ако се работи за практична работа и секое друго конкретно ангажирање. Им се припишува максимална способност оптимално да се снаоѓаат во светот на секојдневната реалност. Тие ни во најтешките ситуации не подлегнуваат и не паѓаат во депресија, туку успеваат да издејствуваат опипливо и животно разрешување на проблемот. Тука има и нагласена желба да се истакнат и да се наметната на другите како пример. Тоа ги тера секој момент да се докажуваат и потврдуваат, настојувајќи кај другите да наметнат натпреварувачко темпо.
Трет астронумеролошки термин - родени од 08 до 12 часот
Сите кои се родени во претпладневниот дел од денот, имаат во себе изразена црта на вера, надеж и оптимизам. Изгледаат како да се од тоа создадени. Се забележува нивната нагласена живост, кон се пристапуваат ведро и со оптимизам, постојано се во некаков творечки занос. Тоа ги прави многу забележителни и убедливи во сите можни односи со луѓето и им дава големи општествен и хуманистички атрибути. Делуваат како да насекаде зрачат со несебична љубов и магнетска топлина. Имаат нагласена сетилност и презентираат најфина продуховеност. Изразено се наклонети кон уметност и филозофија.
Четврт астронумеролошки термин - родени од 12 до 16 часот
На родените после пладне им е одредено да бидат секогаш ведри, поттикнувачко живи, за се расположени, максимално подвижни, полни со здрава енергија. И за нив се резервирани сите практични работи. Исто така најчесто се и одлични говорници, математичари и вдахновени физичари (доколку запловат во тие води). Постои можност да се истакнат и како книжевници или новинари. Доволно е само дел од својата енергија да ја насочат во тој правец и да го остварат она што другите само го посакуваат. Се работи за сестрано надарени и способни личности и само прашање е на нивниот избора на што ќе се посветат и успешно да го изразат својот креативен дух.
Петти астронумеролошки термин - родени од 16 до 20 часот
Родените предвечер имаат многу немирен и скитнички дух. Ги сметаат за нервозни, но и за занесењаци. Ги одликува динамичност на движењата, употреба на остри и снажни зборови, дури и кога за тоа нема потреба. Многу брзо мислат и делуваат, од прва и решително. За нив е карактеристично дека секогаш сакаат да дограбат што повеќе животи дека се во состојба да работат неколку потполно разнородни работи истовремено. Едноставно го сакаат животот во сите видови и облици и не се колебаат во него да влезат потполно. На другите им делуваат како често да ги менуваат одлуките и ставовите, но всушност тие само адекватно се однессуваат во зависност од бројот на превземените обврски. Секој кој добро ги познава знае дека не се брзоплети, туку дека потполно концентрирано, свесно и совесно влегуваат од проект во проект.
Шести астронумеролошки термин - родени од 20 до 00 часот
Овие ноќни птици со раѓањето добиле одмереност, упорност и истрајност во се и на сите полиња. Затоа и се сличува да се стремат кон остварување на доминација во сите работи и ситуации. Тоа понекогаш може да биде неприфатливи и да предизвикува спонтан отпор кај соработниците и блиските. Овие личности имаат изразени склоности кон филозофија и книжевност, а одлично репрезентираат продуховеност и рационалност. Им се припишува магнетско дејство на околината, самоиницијативно другите за нив се лепат или се одбиваат. Многу често се апсолутен авторитет во семејството и во општеството, меѓу своите пријатели и роднини. Околината на овие луѓе често сака да им напакости, најчесто да зад грб. Веруваат во себе и во своите способности, и блескаат со самодоверба и вистинска животна, креативна енергија.