ПОЧЕТНА

Ноември

Работа

Во овој месец конечно ќе здивните од тешкотиите и напнатоста која ве имаше зафатено во претходниот. Очекувајте големо освежувње кое нема да дојде одденаш, туку ќе доаѓа периодочно. Првите поволни прилики ќе ви се јават на самиот почеток од месецот меѓутоа уште ќе го чувствувате стравот и недоволната самодобверба која веќе долго време е со вас. Во првата половина од ноември ќе чувстувате некои слаби вибрации од планетите меѓутоа како и да е ќе бидат позитивни. Наважно е тоа што ветуваат многу па можеби ќе се исплатат во наредната половина од месецот. На деловне план постојано ќе ве прати среќа, а за многумина од вас ќе биде навистина потребна. Може да се случи да бидете оставени на цедило од некои ваши блиски колеги кои одеднаш без некоја посебна причина ќе ви го завртат грбот. Овните од првата декада ќе бидат најуспешни во деловна смисла за разлика од останатите кај нив се ќе се одвива без проблеми. Односот со претпоставените нема да ви биде многу сјаен, но ќе бидете коректни и поради тоа ќе бидете ценети. Во втората половина ќе бидете многу ангажирани на деловен, а исто така доколку се занимавате со некаква интелектуална работа, посебно ви е поволен овој период. Во секој случај што и да работите ќе имате доста среќа, но секако ќе треба за некои работи и да се потрудите. Во никој случај не се зафајќајте со работи поврзани со трговија, а исто така не е многу препорачливо занимавањето со политика - на почетокот може добро да ви тргне, но подоцна исто така добро да се изборите.

Љубов
За разлика од работата љуботва ќе биде многу посреќна во првата половина, па така добра ви е поставеноста на планетите во првата половина да се зафатите со решавање на љубовните проблеми, а во втората со деловните. Шармот ќе ви биде на високо ниво па ќе ви донесе бројни прилики за нови врски без разлика дали сте во врска или не. Шансите да најдете среќана врска и добро да ја зацвртите на самиот старт се огромни, па затоа не седете со скрстени раце, направете нешто и тргнете во освојување. Би било добро малку да ги збогатите своите љубовни навики, малку да се исфилтрирате, да станете попрефинети или со едн збор да скокнете во едно ниво погоре. Ако тоа самите не го можете, побарајте помош од некој близок пријател кој знете дека е повешт во оваа работа. Втората половина од ноември, работите малку се уназадуваат, па ќе ви биде потребна голема доза на внимателност која најдобро е да ја основате на претходните искуства посебно оние кои најповеќе ве разочарале. Се што ќе работите работете посмирено и попаметно. За типичните Овни тоа е тешко бидејќи донесуваат доста нагли одлуки, меѓутоа ќе мора навистина да работите со повеќе ум, бидејќи работите можат да се изјаловат. Последната недела од ноември не е поволна за оние кои ја имаат поврзано со работата. Љубовта која толку време ја криете може да стане опасна за вашата кариера, а за некои и за бракот, па затоа доколку имате таква најдобро е одма да ја прекинете. Односот со челновите на вашето семејство ќе се базира на искрен разговор и помагање и конечно ќе завладее добар пријателски однос. Ќе ви биде доста важно со постарите или помаладите да воспоствите длабок пријателски однос.

Здравје

Вашиот владетел Марс и планетата на енергијата е негативно поставен во одос на вашето здравје. Овните од втората декада најповеќе ќе го почуствуваат неговото делување, па во почетокот на месецот би требало да ги чувате бубрезите, бешиката и гениталните органи, и посебно да внимаваат на повреди. Постарите нека внимаваат на срцето и нека не се изложуваат на поголеми напори. Хроничните болни и некака внимаваат во средината на месецот, нама да чувствуваат болки, но добро е и понатаму да продолжат со терапијата. На вашиот организам потребни му се минералите калциум и Цинк. Конзумирајте повеќе млечни производи.

Совет

Избегнувајте премногу мрачни друштва или идеи, мислете позитивно.

Идеален партнер
Во овој месец најповеќе на вашиот шарм ќе загризат Близнаците. Овие два типа брзо се откриваат и меѓусебно се поверуваат, а љубовта на прв поглед не е без опасност. Овенот нема да биде доволно задоволен заради брзоплетоста и површноста на Близнаците, па затоа врската е доста нестабилна. Мажот Близнаци ја опсипува жената со многубројни безначајни подароци; жената Близнаци потскокнува околу мажот-оган. Ако прејако изразениот ерос на Овенот или силната љубопитност на Близнаците не ја расипат врската во младоста, ги чека среќна старост.