2016-та ќе ја започнете онака како што треба. Марс, планетата на енергијата е во вашиот знак и тука ќе остане се до март кога влегува во знакот на Скорпија. Тоа се разбира дека најповолно ќе се одрази на вашата амбициозност и енергичност, но исто така можете да очекувате и среќа и на полето на финансиите. За финансикса состојба слободно може да се каже, дека при целата календарска година ќе биде тесно поврзана со напредокот и афирмацијата на деловен план. Дури и најголемите расипници на пари ќе имаат успех на финансиски план. Во март ќе забележите мал пад на активностите и зголемено незадоволство од вашето работење. Вашите проекти нема да се сложуваат со дадените рокови и ќе предизивикаат неодобрување од јавноста и работната околина. На почетокот од пролетта ќе ја почувствувате маѓијата на заработувањето, но нема многу да му се радувате, бидејќи имате многу посериозни желби. Премногу ќе барате од околината која ве опкружува и ќе бидете постојано незадоволни, без разлика што се случува, па макар и работи кои се во ваша корист. Зголемување на енергијата ќе забележите во втората половина од мај. Ќе внесете позитивни промени во вашиот деловен живот, а работите поврзани со комуникации и кратки патувања ќе ви овозможат да склопите многу важни партнерства и договори со кои значително ќе ја подобрите вашата финансиска состојба. Јуни може да биде интерсен за нови почетоци за подобрување на материјалната состојба. Трговијата со убави нешта: парфимерија, уметнички дела, накит и слчно, може да ви донеси голема заработувачка. Најповеќе ќе трошите во јули, на патувања и луксузни нешта. Во есенскиот период ќе се занимавате со заостанатите обврски и проблеми како и со некои хонорарни работи. Најголемите резултати ќе ги постигнете во почетокот на Декември.
ЉубовВо емотивен живот, позначајни збиднувања очекувајте во втората половина на годината. Иако извесни бранувања во љубовниот живот ќе се забележат и на почетокот на февруари, сепак до посериозни познанства и до ваше поголемо ангажирање на ова поле ќе дојде на почетокот на летната сезона. Во март нагласени ви се проблемите во семејството и тоа највероватно ќе биде релација татко-син. Пролетниот период ќе помине без некои посебни збиднувања додека повторно во месец мај семејните проблеми не кулминираат. Во јули ќе имате прилика да му ставите крај на семејните проблеми, меѓутоа ќе ви треба помош од целото семејство. Во овој период ви се откриваат и некои тајни во врска со некоја стара љубов, па постои можност за обновување на истата. Месец август сите активности ќе бидат поврзани со љубовта само овој период ќе морате да внимавате да не бидете измаемни од страна на партнерот или вие да го направите истото, па да бидете откриени. Како и да е, во овој месец тајните ќе бидат многу кратки. Слободните со помош на блиски пријателли ќе се потрудат да влезат во врска за која и самите ќе бидат сигурни дека не е онаа вистаинскта која ја посакуваат. Највероватно кратко ќе трае, но ќе ви донесе големо искуство. Септември не е добар за Вагите во брак. Ќе имате доста недоразбирања со партнерот, проблеми во комуникацијата и секако со финансиите. Некој ќе троши многу повеќе отколку што ќе заработува и тоа секако дека ќе биде проблем. Ќе почуствувате дека не е во ред нешто со вашиот партнер и ќе се обидете да му помогнете. Меѓутоа тоа уште повеќе ќе ве одалечи, па во еден момент навистина не ќе знаете што да правите. Можеби најдобро е да ги прифатите работите такви какви што се без многу драматизирање. Издржете го овој месец веќе кон самиот крај облаците се разидуваат, па тогаш ќе можете да донесете некои посериозни одлуки. Во октомври и ноември овие проблеми ќе се надминат кога односите конечно ќе се хармонизираат, а ќе му се стави и крај на некои минат прооблеми кои долго време сте ги одложувале. Во декември, слободните ќе продолжат со возбудувањата преку целиот период. Кратката љубовна авантура ќе ви остави добар впечаток, па сега се обидувате да ја поправите.
ЗдравјеЗдравствената состојба ќе ви бидете прилично добра преку целата година. Најчесто ќе имате вишок на енергија преку целата година со исклучок на есенскиот период кога ќе мора повторно да ги надополните ресурсите. Најповеќе проблем со здравјето ќе имаат оние кои се подложни кон висок притисок. Преголемата активност и напнатост во почетокот на годината, а и многуте празници во овој период, можат да ви донеста многу проблеми со крвниот притисок. Ваквата состојба ќе ве прати до почетокот на пролетта. Критичен ви е и месец септември каде ќе почувтвувате голем енергетски пад.