Ноември
Работа

Веќе почнавте да се привикнувате на негативното влијание на планетите. Минатиот месец беше одличен за вас, се што ќе посакавте ви се исполнуваше, меѓутоа сега дојде време за сметката. Ваквото привикнување до некаде е добро бидејќи за се што ќе се зафатите веќе однапред му давате поголема доза на толеранција. Подршката од вашиот владетел Венера ќе биде последна која ќе ве напушти во овој период. Единставено што треба да направите е да издржите до средината на ноември кога одеднаш планетите повторно поволно се поставуваат за вас. Кон крајот на месецот, покрај енергијата ви се враќа и самодовербата, па ќе можете да почнете успехот да го градите успешно и сигурно. Ќе видите дека чекањето добро ќе ви се исплати и дека ќе почнат вашите планови да ви се остваруваат онака како што сте ги планирале. Втората половина е поволна за финасиски успеси. Оставрувањето на вашите планови ќе ви донеси и голем приход, а тоа ќе ве направи многу посигурни. Можи да очекувате и позитивно и негативно во зависност од периодот, но најважно е тоа што изненадувањата ќе ви се случуваат преку целиот месец, а повеќето ќе бидат пријатни отколку непријатни. Непријатните ќе бидат во првата половина од ноември, а пријатните во втората. Потрудете се да превземете поинтензивна акција на финансиски план. Парично ќе профитираат Вагите кои се занимаваат со трговија, сообрајќај или услужни дејности. Можете да ги платите вашите стари долгови.

Љубов

На почетокот од месецот ќе се чувствувате доста среќно во љубовта. Партенрот ви е потполно предаден, искористите го тоа, а нешто и чувајте за резерва. Тоа е донекаде е добро, бидејќи од втората половина ја губите подршаката од планетите, па ќе ви биде потребно голема умешност за да се справите со новите случувања на ова поле кои ќе се појават одненадеж. Внимавајте од љубомора, постојно ќе биде присутна преку целиот месец. Ве советуваме да се воздржите, бидејќи во вашите настојувања нема да бидете многу успешни. Што и да правите среќата нема да ве напушти и вешто ќе ги избегнвуате сите замки кои ви се подготвени. Единствено лошо е тоа што нема да успеете да ја пронајдите вистинската личност за ваквите непријатности бидејќи тоа го прави некој кој изгледа потполно невино. Слободните конечно ќе дефинираат што сакаат од љубовната врска само никако не ќе можат да се одлучат да го направат првиот чекор. Имајте на ум дека некој го чека вашиот прв потез, но исто така и дека го губи трпението. Родените во третата декада ќе се заљубат во личност за која и самите знаат дека не треба да го направат тоа. Бидете внимателни и размислувајте малку за последиците од кои понатаму можете да имате навистина големи проблеми. Останатите Ваги ќе бидат во постојана потрага по принцот на белиот коњ, кој само оние поупорните ќе имаат прилика да го запознаат. Вашата бујна фантазија и идеализирањето на партнерот, не влијаат добро врз изразувањето на вашите чувства. Втората половина од месецот ве очекуваат драстични промерни и возбудливи доживувања. Неодредените здраствени тешкотии и психичката нерамнотежа се последица на емотивната напнатост кој влијае во целокупната состојба на организмот.

Здравје

Почетокот на месецот ќе значи и слабо здравје за припдниците на овој знак. Проблемите кои ги имате ќе продолжат се до средината на месецот кога доаѓа до смирување на вашата состојба. Доколку не е загрозено вашето здравје тогаш ќе водите грижа за некој член од семјството. Со самото истоштување на организмот доаѓа до пад на имунитетот па затоа внимавајте на зарази и инфекции. Под негативно влијание ќе бидат болните од мигрена и они кои страдаат од висок притисок, а чувствителни места ви се главата и бубрезите. Исто така внимвајте на промените на температурата. Ако се занимавате со спорт не форсирајте премногу бидејќи се можни повреди.

Совет

Во се што ќе работите бидете внимателни и постојано размислувајте за последиците.

Идеален партнер

Во овој месец ќе барате личност која емотивно може многу да подарува. Тоа се Рибите. Два емотивни и сентиментални знаци кои и покрај тоа не се разбираат. Вагата е свртена кон надворешниот, Рибите кон внатрешниот свет. Суштински не се разбираат и многу страдаат. Можеби само Ќе се разминат во животот без задржување. Нивниот љубовен живот би можел да биде во ред, под услов Вагата да ја контролира својата склоност, премногу да бара. За да има складен живот Вагата ќе мора партнерот Риби да го стави пред своите желби, што таа многу тешко може тоа да го постигне. Во секој служај многу комплицирана врска.