ВОДОЛИЈА
Работа

Ќе се соочите со бројни тешкотии на работното место кои нема да ви дозволат да направите никакви грешки или пак да најдете малку слободно време за себе. Но тоа кратко ќе трае набрзо потоа во февруари влегувате во еден исклучително поволен период и едноставно ќе нема крај на вашите амбиции. Од друга страна, како ќе влегувате во се покомплицирани деловни проблеми, така мотивот за нивно остварување ќе ви расте. Ќе бидете доста успешни, па можеби ќе заработите некое подобро работно место. Март е поволен за студентите и учениците, но не е и така лош за останатите. Можни се некои пречки во работата кои со големиот прилив на енергија кој ќе го почувствувате во април, набрзо ќе ги надминете. Април исто така ви е добар за заработка односно подобрување на финасиската состојба. Единствено што ќе треба да направите е да се држите понастрана од сомнителни зделки. Во мај ќе бидете помалку агресивни и тврдоглави што не е својствено за вас па можеби некоја добра прилика ќе ја изгубите. Во јуни ќе треба да расправате на расправиите потрудете се да ги избегнувате посебно со претпоставените. Бидете малку подипломатични во сите комуникации, тоа можи многу да ви ги заобиколи проблемите. Во јули се појавуваат првите посериозни напнатости и тешкотии, па најдобро време за годишен одмор е токму ова. Тоа посебно се однесува на првата половина од месецот, додека во втората ќе бидете добри во работењето, меѓутоа резултатите нема да бидат воодушевувачки. Август исто така е добар за подобрување на финасискиата состојба, а во септември предупредуваме на внимателност во сите акции кои ќе ги превземате. Немојте никаде да брзате бидејќи можете да направите некои грешни чекори кои можат катастрофално да делуваат врз вашата кариера. Исто така овој период внимавајте од афери и внимавајте каде и што зборувате. Есенскиот период ќе ви донессе нови планови и идеи, но нема да можете лесно да ги остварите. Вистинската релаизација на сите започнати проекти очекувајте ја во ноември и потрудете се се да завршите во овој месец бидејќи декември ќе биде исто така критичен.

Љубов

Првите неколку дена од новата година ќе ви бидат доста пријатни на љубовен план, меѓутоа набрзо потоа ќе се соочите со некои проблеми. Обидете се да ги смирите надојдените емоции кои ќе ги чувствувате, а секако дека тоа нема да ви биде лесно. Највероватно скоро сте ја прекинале врската и сега ви треба опоравување. Обидете се колку можете побргу да заборавите на минатото и погледнете пред себе бидејќи веќе од февруари планетите позитивно се поставуваат за вас и ваквата состојба ќе остане се до летниот период. Слободните ќе имаат безброј романтични прилики особено во март. Ви се нудат огромни можности да налета онаа вистинската личност, па не ја пропуштејте приликата. Водолиите во брак преку целиот пролетен период ќе бидат непрепознатливо романтични, па можеби ќе го збунат партнерот. Во летниот период, иако ќе бидете презафатени со деловните обврски сепак нема да ја заобиколите љубовта. Ќе имате силна желба за влегување во нова љубовна врска, а шансите за да влетате во некоја која ќе трае подолго ви се големи. Август ќе биде месец во кој најповеќе ќе се дружите. Од ваквиот друштвен живот би можела да се појави нова љубов, меѓутоа сега тоа нема толку да ве интересира. Доволни ќе ви бидат некои минливи авантури кон кои ќе немате некои посебни обврски. Септември нема да биде пријатен месец, ќе ве зафати помала депресија која ќе ја пренесете и во октомври. Ако во овие два месеци ја прекинете врската имајте на ум дека тешко ќе се опоравите од последиците. Во ноември состојбата видливо се поправа, ќе ви се врати оптимизмот и самодовербата, па доколку не сте прекинале со партнерот во претходните два месеци тоа ќе биде доказ колку е силна вашата љубов. Среќниот период ќе продолжи во декември.

Здравје

Годинава морате да бидете посериозни со вашето здравје. Ќе чувствувате недостаток од енергија, а ќе се појават и првите знаци на некоја хронична болест. Треба да обрнете внимание на вашата преголема физичка активност и рекреацијата, но и на начините на кои се одмарате. Проблеми со вашето здравје очекувајте во Јуни. Преголемата исцрпеност на вашиот организам од бројните активности во пролетниот период можат да бидат причина за некои посериозни заболувања. Ќе ви бидат чувствителни зглобовите посебно на рамениците и секако мора да внимават на нервите.