Март
Работа

Во првата недела од месецот планети нема да ви даваат поддршка. Работите помалку се средуваат во втората недела, кога Венера влегува во вашиот знак и тука ќе остане до крајот на овој месец, а периодот после 21 март ќе ви биде исклучително поволен за секакви активности, па обидете се се што имате планирано и наизглед неостварливо да го реализирате во овој период. Ќе бидете во одлична форма одморени и секогаш подготвени за акција. Амбициозните планови ќе ги наоѓаат вистинските прилики и речиси стално ќе бидат успешно реализирани. Во почетокот на месецот поради љубовните проблеми може да имате некои проблеми во работата. Покрај љубовните проблеми како пречка можат да ви се јават и семејните проблеми кои ќе бидат посебно проблематични кај оние кај кои се бара концентрација во работата. Тоа ќе го забележи и вашиот претпоставен но за среќа во овој период ќе биде пријателски расположен па можеби ќе ви излезе во пресрет. Единствен посериозен проблем кој може да ви се појави во Март е погрешната проценка на сопствените способности, а тоа може да се случи кон крајот на месецот кога ќе имате доволно енергија за справување со стите проблеми но ќе немате поддршка од планетите. Помалку ќе се потценувате и со тоа ќе му овозможувате на другите да ве искористат. За малку пари и за уште помалку признание ќе ги работите туѓите задачи. Финансиската состојба во првата половина од месецот ќе биде нешто понеповолна, ќе бидете загрижени поради непланираните трошоци. Нема причини за грижи во втората половина на месецот работите се средуваат, но исто така во овој период ќе мора да бидите поштедливи. Имајте во предвид дека планираната сума на пари која ја очекувате нема да ви биде исплатена.


Љубов

Идеален месец за љубов. Ќе бидете опкружени со личности кои ве сакаат и кои наредните моменти ќе ви ги направат уште поубави. Штом се најдете во слична атмосфера попуштате, а со самото тоа се јавува можност во тоа и да претерате. Ако сте во врска ќе настојувате да ја зајакните врската во која се наоѓате. Работите се приближуваат кон бараната хармонија, внимавајте повеќе на партнеровите желби можат да бидат клучни за она што вие го барате. Стабилноста ви е многу важна, па можеби и ќе ги простите грешките на партнерот кои порано многу ве вознемирувале. Работите ќе ги гледате помирно. Слободните ќе имаат многу прилики но исто така ќе бидат склони кон брзо заљубување. Тоа во моментот воопшто не е добро бидејќи може да ви донесе сериозни проблеми, а можеби и некои афери. Родените во втората декада ги очекува возбудлива средба уште на самиот почеток од месецот. Некогаш долго сте ја планирале, а сега неочекувано самата ќе се оствари. Во средината на месецот поточно после 22 Март работите помалку се дестабилизируваат, но вие нема потреба да ја губите емотивната самодоверба, партнерот накратко ќе го промени своето мислење и тоа ќе биде во ваша корист. Потребно е само да му објасните што делува на вашата загриженост. Немојте да ги потиснувате вашите чуства. Љубовниот живот најповеќе ќе се интензивира кон крајот на месецот, но при тоа можна е и појава на мала напнатост и депресивност кај родените во треатата декада. Отфрлете ги тмурните расположенија тие најповеќе ќе ви пречат во врската. Дури ако не ви се исполнети сите љубовни желби тоа не е причина за разочарување. Останатите Водолии ќе уживаат во убавите моменти со партнерот, а слободните во големиот број на додворувачи и многуте прилики за нова љубовна врска.


Здравје

Во првата половина од месецот ќе имате просечно ниво на енергија која колку толку ќе ве чува од болести. Меѓутоа со влегувањето на Сонцето во знакот на Овен доаѓа до губење на рамнотежата и пореметувањето во емоциите кои доста негативно ќе делуваат на вашето ментално здравје, а со тоа и на физичкото здравје. Чуствителни места ќе ви бидат бубрезите, жолчката половината, црниот дроб. Бидете внимателни и непретерувајте во ни една активност која може да предизвика проблеми со некој од овие органи. Најдобра терапија ќе ви биди дружењето со пријателите, но не со премногу алкохол. Редовната исхрана ќе биде клучна за подобрување на здраствената состојба а исто така може да биде и терапија за лечење од болести.


Совет

Не ги потискајте чувствата. Потребно е само да му објасните на партнерот што делува на вашата загриженост.


Идеален партнер

Стрелецот навистиина може да ви даде мотив за авантури во вовој месец. Не ги пропуштајте понудите. Ова е сјајна комбинација на две инвентивни и друштвени суштества. Одлично се сложуваат во сите подрачја па и во сексот. Често се движат во одбрано друштво и нивното однесување е снобовско. Тие всушност внимаваат на сите ситници, како во друштвото така и во приватниот живот. Стрелецот нема сексуални инхибиции и е потопла личност отколку Водолијата. Недостатокот на љубомора кај Водолијата и нејзината доверба Стрелецот може да го протумачи како отсуство на вистински чувства. Несогласност може да се јави во нивнаите емоционален однос.