Марс, планетата на енергијата негативно го аспектира вашето соѕвездие и ќе биде причина за вашата слаба волја. Но вашата амбициозност нема да дозволи да се случи запоставување на работните обврски, а со тоа и потенцијални неприлики. Непријатното влијание посебно ќе го чуствуваат родените во првата декада кои често ќе наидуваат на тешкотии, а нив ќе успеваат да ги решат само со силна волја и упорност. Интелектуалните работници под заштита на Меркур нема да го почувствуваат негативното влијание на Марс, напротив ќе чувствуватње изразено богата инспирација за креативна работа. Вашите умствени способности се на одлично ниво во овој период. Запишете курс, или продолжите со вашето образованието. Во првата половина од Ноември најмногу до израз ќе дојде вашата непредвидливост во односите со околината. Во средината во која живеете и работите ќе покажувате крајности во вашето однесување. На моменти ќе бидете таинствени и тешко ќе биде да се комуницира со вас. Ненадејно вашата моментална повлеченост ќе преминува во неподносливи инсинуации кои ќе предизвикаат негодување и оговарања од страна на најблиските познаници. Насочете ја енергијата на некои активности кои ќе ви бидат од корист. Во втората половина од Ноември ситуацијата малку се менува во позитивна смисла, а тоа ќе ви помогне ваквата состојба да ја сватите како нормална и да не обраќате внимание на мислењето на другите за вашето однесување. Вашата финансиска состојба директно ќе зависи од вашите деловни активности. Имате изразена смисла за заедничко работење и партнерство, што во оваа недела ќе ви помогне да започнете заеднички проект со поверлив и лојален деловен партнер.
ЉубовДоброто расположение преку целиот месец нема да ви биде загрозено затоа што ве очекува поволен период за вашиот љубовен живот. Генерално за сите припадници на овој знак, ноември ќе биде исполнет со уживања во друштво со саканата личност. Вашата популаност во друштвото ќе порасне, а љубовната врска ќе достигне нови продлабочени димензии. Ќе имате можности за интензивно дружење и за запознавање на нови луѓе. Слободните како магнет ќе го привлекуваат спротивниот пол и доколку бидат повеќе сигурни во себе, можеби ќе ја запознаат и заведат личноста за која сонувале. Едно ново лице особено ќе ве привлече. Можеби тоа ќе биде почеток на прекрасно пријателство, кое долго ќе се задржи во вашиот живот. Стрелците може одлично да ви парираат во друштво. Водолиите кои се во брак ги очекува нов почеток во односот со партнерот. Можни се мали трзавици поради вашето несериозно однесување, меѓутоа нема да бидете расположени за расправии, па брзо ќе ги средите проблемите. Родените во третата декада ги очекува доста среќен брачен живот. Втората половина од месецот може да ви донесе мала криза. Ќе бидете помалку затворени, но и помалку љубоморни. За слободните можност да се вљубат во недостапна или забранета личност. Не правете го тоа што знаете дека ви штети. Во сериозните врски бидете помалку себични и прифатете ја понудата на партнерот за нови искуства и експерименти. Движете се колку можете повеќе. Кон крајот на месецот можни се тајни љубовни врски или флертови кои лесно можат да бидат откриени. Го барате најдоброто тоа и ќе го пронајдете меѓутоа прашање е која ќе биди цената. Секогаш добро и рационално ја проценувате ситуацијата меѓутоа овој пат можете грешно да ја процените.
ЗдравјеКондицијата нема да ви биде на добро ниво, па затоа не претерувајте со активности и премногу патување. Бидете поблиску до вашиот дом бидејќи тука ви е најдобро и во прв ред најсигурно. Ќе имате нагли падови на имунитетот и постојано ќе се чувствувате болежливо, па на момент ќе се запрашате зошто цело зло се вперило во вас. Бидете присебни цело време и прифатете го тоа како минлива работа која мора да се преброди.
СоветНасочете ја енергијата на некои активности кои ќе ви бидат од корист. Запишете некаков курс, дооформњетего вашето образование.
Идеален партнерСо Вагите ќе бидете доста среќни, но со повремени недоразбирања. Најповеќе ќе се сложувате со личностите родени во знакот на Лав. Нивните доживувања се надпросечни, брзо меѓусебно се доверуваат и лесно се одлучуваат за секс или брак. Заеднички им се две особини- непоколебливоста на своите ставови и гордоста. Лавот сака смиреност и стабилност, меѓутоа сепак ги опростува слободните испади на Водолијата. Подобро е ако Водолијата е машко. Одлика и на двајцата е независноста и неподнесувањето на авторитети. Ако сепак дојде до одредени недоразбирања тие ќе бидат жестоки и страствени, најчесто поради некои споредни работи.