ПОЧЕТНА

БИК
Работа

Презафатеноста со обврски и забрзаниот ритам на работното место од ќе го префрлите и во првиот и вториот месец од 2016 година. Планетите ви се одлично аспектирани, кариерата ви е во подем, меѓутоа нестрпивоста ќе биде онаа која ќе ви предизвикува нервози и ситни незадоволства. Во принцип вие сте трпелива личност меѓутоа кога во прашање се парите и кариерата често знаете да се однесувате непредвидливо. Работите кои се врзани со комуникација и трговија ќе ви овозможат најмногу прилики за финансиска добивка. Во март очекувјате доста променлив период со многу издугнувања и падови. Интелектуалните работници во овој месец ќе имаат многу повеќе успех од останатите. Со влегувањето на Сонцето во вашиот знак после 21 април ќе почуствувате нов прилив на енергија, но и зголемена потреба за материјална сигурност. Ќе се потрудите да останете само на стабилните извори на приходи, додека оние останатите макар и да носат поголеми средства нема да ве интересираат. Имајте на ум дека април е ваш месец, а се разбира и мај, па затоа не ги пропуштајте приликите, можете да постигнете многу со малку труд. Во јуни деловниот живот ќе ви биде многу стабилен без некои посебни случувања, можно е патување во странство или некоја работа поврзана со странци. Ви се отвораат многу нови деловни можности, но недостаток е тоа што помалку ќе ви недостасува храброст. Првите деловни проблеми и судири со авторитетите ќе ви се појават во август. Ќе имате извесна стагнација и незадоволство на рботното место кои можат негативно да се одрзат врз вашето здравје. Исто така во овој период внимавајте на тајните финасиски извори бидејќи можат да ви донесат неприлики со законот. Есенскиот период ќе биде поволен за оние кои се занимаваат со мода, уметност, трговија со фини нешта и сл. Исто така овој период можете да заработите доста од хонорари или од некој самостоен проект. Крајот на годината ќе го дочекате во пријатна атмосфера на работното место и со позитивни резултати. Во целост 2016 е добра година за Биковите, посебно на финасиски план.

Љубов

Цел јануари и дел од февруари, планетите се одлично поставени за љубов. Единствено мала пречка ќе биде динамичниот деловен живот кој нема да ви даде доволен простор слободно да уживате во љубовта. Ќе имате доста прилики за страствени врски и возбудливи настани. Ќе имате и такви кои ќе бараат од вас да донесете сериозни одлуки. Бидете мудри послушајте го малку и разумот, а не само срцето. Во втората половина на февруарии почнуваат да владеат променливи аспекти, ќе ве зафати делумно љубомоирата и преку целиот период ќе ви биде главен напријател. Ваквата состојба ќе потрае се до Мај, кога вашиот владете, Венера, ќе влезе во вашиот знак. Летниот период ќе ви биде исклучително интересен за слободните Бикови на кои ќе им се овозможи една прилика за воспоставување на повебен однос со необична личност од нивната деловна средина. Оние кои се во врска, летниот период ќе го поминат заедно со партнерот, со многу излегување, патување и сл. Пад на енергијата, а со тоа и зголемена нарвоза, се појавува во август. Одненадеж ќе станете незадоволни од партнерот и неговите постапки, а можеби и ќе се појави на видик и некоја нова љубов па ќе сакате да раскрстите со старата. Монотонијата некако ќе ве гуши па затоа во овој период често ќе излегувате со пријателите кои во последно време сте ги запоставиле. Есенскиот период повторно ќе биде под позитивно влијание, слободните ќе имаат уште неколку нови прилики за влегување во врска, но овој пат ќе има многу поголемо разбирање отколку во летниот период. Ќе бидете полни со разбирање, внимане, љубов и страсти. Зголемената агресивност и желбата за промени можат да бидат критични за вашата врска во октомври и ноември. Постојано ќе бидете во некакво исчекување со разбудени страсти кои тешко ќе се вклопат кај вашиот партнер. Декември ќе успеете да ги надминете сите проблеми па 2017-та ќе ја дочекате со многу позитивна енергија.

Здравје

Ќе имате променливо здравје во текот на целата година, а најповеќе ќе ви варира во пролетниот период. И покрај ваквите варијации ќе имате голема отпорност, силен имунитет и издржливост. Главен непријател во првата половина од годината ќе ви биде преголемото напрегање и исцрпувањето со деловните обврски. Раздразливоста ќе кулуминира кон крајот на летото, ќе бидете полни со позитивна енергија и склони кон стресни ситуации. Би било добро во тој период да се држите понастрана од тешки физички активности. Ноември и декември се особено добри за подобување на внатрешната форма и промени во надворешниот изглед. Последните денови од 2016 ќе ги поминете во здрава и позитивна состојба.