ПОЧЕТНА

Ноември
Работа

Некои поголеми настани нема да се случат во овој месец иако повеќето од планетите се позитивно поставени за вас. Ќе се занимавате со обични и секојдневни активности во кои донекаде ќе уживате. Поставеноста на Сатурн во вашето седмо поле заедно со Сонцето укажува на некаква потреба за експонирање и појавување во јавноста, па може да се каже дека овој месец ќе биде најповолен за политичарите, највероватно тие ќе бидат најмногу ангажирани а останатите ќе му се посветат на семејниот живот и на тесниот круг на пријатели. Значи нема да се случи ништо изненадувачко, меѓутоа и во таквиот начина на живот ќе си го најдете своето место. На работното место работите се местат во ваша корист, меѓутоа добро би било уште малку да причекате со планираните делувања. Можете и сега да стапите во акција, ќе имате среќа меѓутоа ќе ви недостасува волја за работа. Важните одлуки не ги донесувајте сами, редовно консултирајте се со вашите соработници така многу подобро ќе се снајдите, а ќе имате и многу повеќе корист. Во втората половина од ноември подршката од планетите нагло ќе престане. Ќе избегнувате секакви поголеми работни ангажмани посебно оние кои бараат повеќе напор, па може слободно да се каже дека во овој период ќе бидете најмрзливата личност во зодијакот. Но за среќа нема да биде тоа за долго веќе кон крајот на месецот повторно ви се отвораат некои нови деловни можности. Па на крајот ни малку мрзеливост нема да биде на штета. Добро одморете се и подгответе се за наредниот месец кој ќе бара од вас многу повеќе одколку што си претпоставувате. Во последно време работите доста и се трудите да ја поправите вашата ситуација, тоа во овој период би можело да ви тргне од рака. Но сепак не очекувајте премногу.

Љубов

Вашиот владетел Венера не е поволно поставена за вас. Страстите помалку ќе почнат да се повлекуваат и ќе ви се појави желба за стабилна и сигурна љубовна врска. Партнерот ќе ви прости за некои грешки, но ќе ја зголеми дистанцата, а тоа нема многу да ви се допадне. Најдобро во овој месец е да се држите до него и да не експериментирате премногу барајќи нешто ново и недостижно бидејќи не е ни време ниту пак сте во такви можности за тоа да го направите. Значи нема потреба да навлегувате во некаков љубовен живот кој во минатиот период го имавте преку глава. Ќе уживате со партнерот подалеку од лудиот ноќен живот, а тоа највероватно и тој ќе го прифати. Меѓутоа никако не се обидувајте премногу да го врзувате околу вас бидејќи тој има до некаде право на живот. Доколку се појави некаква љубомора помеѓу вас двајцата најдобро е да не превземате ништо околу тоа, играјте ја играта која тој ја диктира, земете некаква добра книга тоа секако ќе ве смири. Ова особено се однесува на родените во втората декада. Родените во третата декада ќе бида прилично пасивни и молчаливи и не би било лошо малку да се раздвижат и повеќе да излегуваат и повеќе да се дружат. Со влегувањето на Венара во знакот на Јарец во втората декада од месецот, работите помалку се средуваат, слободните ќе имаат прилика да се заљубат, меѓутоа тоа ќе биде само минливо воодушевување, затоа не правете големи планови и тргнете се поснастрана од илузиите. Не брзајте и на ја откривајте својата љубов ако не сте сигурни дека во иста мера ќе ви се врати. Биковите во брак ќе имаат најповеќе среќа во љубовта во овој месец, односите со партенрот им се средени единствено што треба да направат е даја пуштат фантазијата, да и растат крила и да ги исполнат скриените желби. Партнерот нема да ве одбие па и доколку сака тоа да го стори.

Здравје

Нервозата и мрзеливоста во овој месец ќе ви бидат најголемите непријатели, а најдобро ќе ја лечите со прошетки во природа и занимавање со некој спорт. Периодот е критичен за родените во третата декада посебно пушачите кои би можеле да навлечат хроничен бронхитис. Имајте на ум дека ова е време на нагли промени на температурата па внимавајте. Во спротивно лесно би можеле да заработите настинка или воспаление на грлото. На вашиот организам потребен му е од минералите калциумот а од витамините Б2 и Б12. Внимавајте на исхраната, избегнувајте масна храна и не претерувајте со алкохолот посебно кога учевствувате на био кој начин во сообраќајот.

Совет

Не поминувајте го слободното време во кревет, се разбира дека таму е најдобро, но сепак треба малку и да се раздвижите и да се активирате.

Идеален партнер

За овој период најповеќе ќе ви одговараат Раковите. Препуштете им се на нивната сигурна рака и едноставно уживајте. Идеалите на овие двајца се куќа опкружена со цвеќиња, сигурен имот покрај вода и богата маса. Во домаќинството соработуваат одлично, на маса се веселат покрај јадењето, но во креветот се е млитаво и неспретно, повеќе надујаност отколку коитус. Иако Бикот е конзервативен има големи сексуални потреби и Ракот користејки ја својата бујна фантазија може да се обиде да спречи појава на досада во нивниот однос. Бракот на оваа комбинација е цврст, затоа што во сферата на корисното и материјалното остануваат заедно со куќата, децата и обичаите, и се додека ги врзува нема страв од раскин.