Годината ќе ја почнете малку несигурно и уплашено, меѓутоа набрзо потоа ќе ви се отворат нови прилики на финасиски и деловен план, па набрзо ќе сватите дека сепак 2016 година, може да биде успешна година за вас. Креативноста ќе ви биде нагласена преку целиот зимски период, а посебно ќе ви одговара ако ја поврзете со работа во медијумите. Ваквиот период ќе трае се до втората декада од март, кога ви паѓа концентрацијата и би можеле да ви се појават некои потешкотии со роковите, договориите и воопшто со работната околина. Материјалната ситуација ќе ви биде поволна се дотогаш, додека не започнете со некои чудни игри кои бараат ризик. Во април и првата половина од мај очекувајте нагли издигнувања и падови на финасиски план. Истото ќе се случи и во училиштата и факултетите доколку сте ученик или студент, па бидете подготвени за нагли промени на ситуацијата. Со влегувањето на Сонцето во вашиот знак, кон крајот на мај, ви се враќа самодовербата, а со тоа и ви се подобруваат резултатите во вашата работа. Работите поврзани со странство, патувања и интелектуална работа ќе ви донесат идеални прилики за напредок во вашата професија. Некоја, од овие активности, ќе ви донесе и поголема заработка со што ќе ви ги надополни помалку потрошените резерви. Позитивниот период ќе трае преку целиот летен период со особено нагласени способности во комуникациите - вашето главно оружје. Првите сериозни падови на енергијата и непријатности, кои ќе се појават во деловниот свет, можете да ги очекувате во октомври. Посебно во овој период внимавајте на работите поврзани со финансии, бидејќи на тоа поле можете да доживеете сериозни падови. Последните два месеци помалку ќе се стабилизира состојбата, особено околу материјалната сигурност. Работите поврзани со вложувања и со патувања сепак ќе треба да почекаат за наредната година. Во секоја случај, ова е доста важна година на професионален план за Близнаците, па затоа не пропуштајте никаква прилика која може да ви обезбеди напредок во работата.
ЉубовИако ќе бидете помалку меланхолично расположени, сеак може да се каже дека во јануари, ќе бидете исполнети на љубовен план. Добрата комуникација и можните кратки патувања би можеле да ви донесат средби и се разбира љубовни врски, меѓутоа од краток рок. Мала љубовна криза и несогласувања со партнерот, може да се појават доколку сте во врска, меѓутоа сето тоа брзо ќе се надмине во февруари, кога планетата на љубовта поволно ќе се постави за вас и ќе остане во таква положба се до почетокот на јуни. Значи, во целиот пролетен период ќе имате многу прилики за нови љубовни врски и хармонија во љубовта доколку сте заљубени. Првите кризи ќе ви се појават во втората декада од јуни, посено кај Близнаците кои се во долги врски. Слободните, своето незадоволство, ќе се обидат да го решат со бурни и страствени авантури или пак со бегање од љубовта, а како изговор ќе им се најде работата и многуте обврски. Бидете внимателни во овој период околу донесувањето на некои одлуки, бидејќи, голема е веројатноста погрешно да ја процените ситуацијата и да направите катастрофална грешка. Планетите повторно се поставуват во ваша корист во месец јули, кога Венера ќе бидат во вашиот знак. Периодот е особено поволен за љубов во поседната декада од месецот. Во август помалку ќе се оладите од сите тие бурни настани, се некако ќе ви биде здосадено, па повеќе ќе ве интресира дружењето со пријателите отколку љубовта. Од друга страна, како пречка можат да се јават и деловните обврски, па многумина од вас ќе имаат малку време за љубов и романтика. Би било добро да избегнувате секакви расправии во овој период посебно со оние кои ги сакате. Во септрември и октомври ќе бидете особено шармантни и привлечни за околината меѓутоа и многу кобни за туѓите срца. Ова е интересен период за вас, меѓутоа не и за другите, на кои со вашата непосотојаност можете да им нанесете штета. Последните два месеци од 2016 ќе имате периодични кризи во љубовниот живот, но позитивно е тоа, што точно ќе сознаете што сакате од луѓето и дали сте доволно здрели за нешто посериозно во врската. 2016 е поволна година за љубов за Близнаците, посебно за време на летниот период.
ЗдравјеПрвите четири месеци од годината периодично ќе чувствувате пад на енергијата и физичка малаксаност, а преоптеретеноста со работа би можела да предизвика проблеми со стомакот и периодични главобокли. Сето тоа е последица на исцрпеност и нервоза. Мај ќе бидете во нешто подобра кондиција, ќе бидете многу повеќе активни отколку што ќе имате енергија. Во овој период намалете со пушењето, бидејќи најчуствителни ќе ви бидат белите дробови. Целосна исполнетос со енергија, добра физичка кондиција и одлично здравје, можете да очекувате во август. Есенскиот период е добар за промени на вашиот изглед и воопшто целокупниот начин на живот.