Оваа личност пред се сака да освојува, да открива, да запознава. На почетокот на врската таа ги поминува најубавите моменти и го вложува она најдоброто што го има. За нив се што е ново, сосема сигурно е возбудливо. Да се каже дека личноста родена во знакот на Близнаци дека е многу чувствителна, би било лага, но да се оптужува дека е неспособна да сака, би било претерување. За да се допадне некому, за да му се приближи, личноста Близнаци нема да ги штеди ветувањата и итроштините од секаков вид.
Кога во тоа ќе успее и ќе ја совлада жртвата ќе почувствува извесни потешкотии за понатамошно приврзување. Не сакаат себе си да си го отежнуваат животот со заклетви за вечна љубов, кога можат да уживаат во сегашноста. Личноста Близнаци секогаш е во потрага по својот двојник, по некој кој личи на неа, но ја спречува да скршне од правиот пат кога е во криза, по некого кој не ја загрозува нејзината слобода, значи некој кој е толерантен, кој не е љубоморен, ниту посесивен, некој кој во се е напреден.
Кога е заљубена личноста Близнаци не го менува распоредот на своето време. Таа и понатаму живее нормално, само што е помалку на располагање на другите луѓе. Многу е важно интелектуалното разбирање со брачниот другар, нивната способност да разговараат, брзо и добро да се разбираат. Тоа не значи дека врската треба да биде рамна, безшумна, без страсти. Бидејќи чувствува постојана потреба да го обновува своето возбудување, оваа личност не ги мрази предизвиците од партнерот. Близнаците го разделуваат сексот од чувствата; за нив да се изневери некој не значи да се спие на друго место, ниту да се лаже, туку значи да се нема повеќе желба ниту потреба со нив да разговарате. Извесно е дека постојат Близнаци кои заради афективната незрелост тешко успеваат за некого да се врзат. Но постојат и оние кои многу млади се врзуваат за еден партнер, а кои можат да се сретнат дваесет години попдоцна и понатаму со истиот партнер. Отсуството на страст, прилагодливоста, независноста понекогаш се поволни за долготрајни заедници.
Како и да е овој знак кој понекогаш го прогласуваат за рамнодушен, често има исполнет љубовен живот богат со искуства. Со оглед на својата раскажувачка дарба е еден од најдобрите за раскажување на убави љубовни приказни.
ТАА: Нејзината душа е детска, пристапува едноставно и лесно, дозволува милување, па и бакнување. Недолжен флерт, сака милувања но не ја интересира страствен допир, ја меша фикцијата со стварноста, па чувствата избувнуваат во неповолен момент. Сака маж-другар и љубовник, со безгрижни сваќања кој се восхитува на нејзината свежина. Слатка иронија не сака драматизирање, и сметаат дофрлувања, се радува на смешните подароци и со малку хумор ја разбива мрзливоста. Тоа ѓаволче го презира моралот, површно бакни ја и веќе е задоволена. Монотонијата и досадува и често во коитусот треба да се измислуваат нови пози. Не го планира неверството, нејзе тоа и се случува случајно на излет, на журка или поради чиста љубопитност. Инаку се нуди, меѓутоа не се дава, секогаш има спремна тема за отпор, делува со шарм и ве уверува дека од нејзе сте имале се.
ТОЈ: Го има секаде, подложен е на секој ветар. Немирен, подвижен, несигурен, не му значи гордоста. Полот ненагласен, понекогаш хермафродит, бисексуалец, мултисексуалец. Нема комплекси ни еротски дилеми. Копнее кон лесни сензации, променливи мали возбудувања бидејќи без тоа нема стимулација. Не сака да се врзува за домот но парите ќе ги обезбеди со леснотија. Добар партнер во куќата, троши на куќното друштво, го разонодува со вицеви и маскирања. Наивен е и неопходен му е партнер со појаки принципи. Го заморуваат длабоки и постојани работи. Секоја нова ситуација го разведрува и зацврстува. За сопствената жена тој е врапче кое долетува и одлетува, нема завист и љубомора, случајното неверство го замачкува со хумор. Бидејќи не знае да мрази ни љубовта не му е длабока. Влегувањето во брак добро го планира а сопствените деца не знае татковски да ги воспита.
Близнаците и сексот
Може да се каже дека и во оваа област немаат принципи. Може да се тврди дека се склони во сексот да внесат елементи на расудување, па со тоа и на фантазија. Иако не се опседнати со сексот, ниту се претерано срамежеливи и прилично ги доведува во искушение она што е необично. Воајеризмот на пример, како ни некои љубовни триаголници не им се туѓи.
Обожавааат да го откриваат она што не го познаваат, и телата покрај останатото. Треба исто така да се знае дека сами себе си се набљудуваат како водат љубов, не без смисла за хумор и понекогаш повеќе отколку самиот чин, ги задоволува комичноста на некоја ситуација. Всушност не се во состојба да молчат за време на љубовниот чин и понекогаш се случува да некое погласно изразување на задоволство на нивниот партнер предизвика смеа кај нив. Имено иако со задоволство влегуваат во пресрет на желбите на својот партнер, иако се даваат, тие не се даваат потполно. Близнаците се шегаџии кои сакаат да прават игри на зборови за време на оние други игри.
Близнаците и бракот
Да се стапи во брак со Близнаци не е едноставна работа: тие не веруваат во вечни врски, не им е потребен тој вид на сигурност, а освен тоа однапред им е смачено од разни формалности во бракот. Сепак кога љубовта е силна, кога љубовниот пламен е нов и жесток, тие многу лесно можат на брзина и лекомислено да се одлучат на венчавка, а тоа често им се случува додека се многу млади. Но да се стапи во брак со млади Близнаци не е баш сериозен потег, затоа што себеси доцна се запознаваат, односно може да им се случи воопшто да не знаат што работат. Освен тоа немаат обичај да избегнуваат развод кога ќе почувствуваат дека слободата им неопходно потребна.
Многу повеќе им одговара барем во прво време, да живеат во слободна заедница; колку помалку обврски имаат толку подобро се чувствуваат. Според тоа бракот ништо не би изменил во нивното можно неверство, тие не му дозволуваат на обично парче на хартија да влијае на нивното однесување. Недостатокот на ваквото решение е тоа што времето нема ништо да промени во работите. Бидејќи вака добро се живее, зошто да има изложување на опасност и да се живее на друг начин-ќе мислат Близнаците. За да се решат на таков чекор како што е бракот ќе им потребна навистина јака причина, можеби децата или од финансиски причини. Ако сакате да ги избегнете разочарувањата подобро е да не ја присилувате личноста родена во знакот на Близнаци да се појави пред матичар, треба да ја пуштите самата да се одлучи, како возрасна.