Можат да ви се појават нагло проблеми на работното место за кои ќе имате големо разбирање и подршка од вашите претпоставени, меѓутоа повторно ќе морате да се потрудите да го изведете тоа подипломатски, а можеби ќе треба малку и да стапнете на вашата гордост. Во првата половина од месецот работите ќе се одвиваат во добра насока. Ќе бидете полни со енергија и воља да превземете крупни чекори во работата, инвестициите и семејството, а работите ќе ги извршувате со голем ентузијазам. Можни се непланирани патување од кои ќе извлечете голема корист, а ќе биде причина и за бекоја крупна промена во вашата кариера. Комуникативноста ќе ви биде зголемена меѓутоа ќе имате мал проблем со искреноста. Во втората декада од месецот активностите ви се зголемуваат двојно, ќе бидете растргнати на сите страни, проблеми ќе почнат да ви се јавуваат секаде, а подршка речиси и да немате од никој. Ќе мора максимално да се залагате и добро да се организирате. И најмали пропусти и одлагање на работите за некој нареден период можат да бидат лоши за вашата кариера. Бидете упорни и средете ги работите, бидејќи наредниот месец ќе ви биде период на опуштање и релаксација речиси без никакви активности. Во третата декада, поточно со влегувањето на Сонцето во знакот на Овен ќе се почувствувате исцрпено. Ќе ги искористите последните резерви на енергија и до крајот на месецот едноставно ќе вегетирате. Оние полукавите ќе ја завршат својата работа успешно и тоа на стара слава. Финансиксата состојба просечна, меѓутоа со неколку ситни трговски зделки кои ќе ви се врати самодовербата. Исто така во овој период можете да очекувате наследство или пак решавање на некој спор во врска со наследство. Спортистите во овој месец можат да остварат одлични резултати особено оние кои играат во тим.
Во почетокот на месецот ситуацијата во љубовта нема многу да ве радува. Презафатени со работни обврски, ќе немате имногу време за убавите нешта во животот. Ако сте во брак не ситничарете премногу, поштедете го брачниот другар од вашата мрзеливост поточно помогнете нешто околу секојдневните домашни обврски. Ако сте пак родени во третата декада и имате тајна љубовна врска, направете пауза или прекинете ја врската, бидејќи љубовни афери тешко ќе можете да ги избегнете. Во втораат декада можете да очекувате промени кон подобри, а со тоа и нова љубов во која нема да влезете со некое воодушевување, а може да биде и проблематична доколку добро не ги анализирате пратнеровите постапки уште на самиот почеток. Во третата декада од месецот повторно се враќа напнатоста во љубовта. Бидете пофлексибилни првенствено према себе си а потоа кон партнерот. Не играјте жртва без разлика дали уживате во тоа. Посебно бидете внимателни доколку партнерот ви е роден во некој огнен знак. Не ги потиснувајте чуствата ако сте од нешто незадоволни слободно покажете го. Слобондние ќе имаат многу интензивен љубовнито живот во овој период. Постојано ќе бидете во некаква потрага по партнер, а притоа сите критериуми ќе ги намалите на најниско ниво. Обичните излегувања со пријателите ќе се претворат во флертови а можеби љубовни авантури. Ќе уживате во слободата и неизвесноата а ќе ве привлекуваат личности кои само се привлечни и ништо друго. Оние кои очекуваат повик од симпатијата нема така брзо да се случи како што сте планирале меѓутоа бидете постојанои подготвени може да бидете изненадени. Бидете малку по присебни и не дозволувајте некаква минлива напнатост и незадоволство во љубовта да ве претвори во неморална личност.
Проблемите со здравјето очекувајте ги на самиот почеток од месецот. Ќе имате чувствителните бели дробови. Најтешко ќе им биде на родените во третата декада, додека останатите полесно ќе поминат. Не се изложувајте на провев и облекувцајте се соодветно со временските услови. Во средината на месецот ќе почуствувате подобрување но секако дека треба да внимавате и понатаму. Држете се до препораките од лекарот и навреме земајте ги лекарствата. Постарите можно е да имаат проблеми со црниот дроб па не би било лошо навреме да ги извршувате сите прегледи. Крајот на месецот е добар закрепнување од болести. Потребни ви се витамините А и Ц,а од минералите калијум и железо.
Зголемената комуникативност во овој месец може многу да ви помогне во го зголемувањето на кругот на вашите пријатели.
Преку целиот период одлично ќе се сложувате со Водолиите. Во оваа врска постои заемна љубов. Спонтано се сретнуваат, без предрасуди влегуваат во однос. Ги поврзуваат идеали, музика патувања, авантури друштва итн. Не се љубоморни еден на друг, секогаш се во лов на нови сензации и создаваат нови и нови познанства. Во оваа врска се зависи од Водолиите и од степенот на ниваната ексцентричност. Можат да имаат добар брак. .