Последната подршака од палнетите престанува на 4 ноември со излегувањето на Венера од знакот на Стрелец. На деловен план не очекувајте ништо добро се до третата декада од месецот. Причекајте до овој период непревземајте никакви активности и максимално потрудете се да ги избегнвуате проблемите. Избегнувајте ги сите видови на трговија купување или продавање, бидејќи што и да превземете ќе наидете на неуспех. Многу добро ќе биде да ги прифатите советите од ваши блиски пријатели или родини и да причекате со донесувањето на било какви одлуки. Дури во случај да ве обземе оптимизам и голема самодоверба имајте на ум дека тој ќе биде без основа. Исто така проблемите со финасиската состојба ќе ви бидат голем терет кој постојано ќе мора да го решавате доколку сакате да не се зголеми. Во сите проекти во кои сте вклучни дадете му предноста на вашите соработници и верувјате во нив. Исклучете го било кое параноидно однесување, тоа во овој период многу ќе ви штети. Ако ви останела дел од годишниот одмор можете да го искористите сега и накратко да се одморите. Последната декада од месецот состојбата одеднаш се подобрува и Марс и Сонцето двете планети кои носат енергија и амбициозност ќе ви донесат нова животна искра, па многу поактивно и попродорно ќе настапувате во се. Она што треба да внимавате во таквиот силен нагон е да од голема мирна положба не премине во деструктивно однесување. Очекувајте некоја случајна средба со некој ваш познаник, со која ќе можете да остварите некое деловно партнерство, а со тоа и дел од финансисксите проблеми да решите. Работата со странство ви е исто така добро аспектирани, можни се деловни патувања кои ќе ви осигураат добра заработка за во иднина. Можни се и патувања кај роднини или пријатели кои ќе ве стават во поголем трошок од очекуваниот. Во овој период ќе имате доста планови, но ќе мора да направите листа на приоритети и некои да ги отфрлите.
ЉубовВо љубовта би било добро да се воздржувате од било какви непромислени потези, посебно во втората половина од месецот, кога лесно ќе можи да ви се случи да навлезете во доста големи непријатности. Слободните нема да ги прати среќата, од една страна ја немате подршката од планетата на љубовта, а од друга страна ја немате подршката од вашиот владетел Меркур или планетата на комуникациите. Вашата препознатливост е комуникативноста и главно оружје за освојување на личности од спротивниот пол. Затоа најдобро, ако нешто правите на ова поле направете го на самиот почеток од месецот бидејќи подоцна ќе следуваат само разочарувања. Оние кои се во врска најдобро ќе поминат доколку постојано ја зборуваат вистината, но исто така да признаат што сакаат од партнерот. Бидете поотворени без многу политика и ласкавост така повеќе ќе добиете она што го посакуват. Само така ќе успеете да ги откриете намерите на партнерот, а тие ќе бидат нешто сосема друго од она што го очекувавте на почеток. Исто така ќе забележите дека некој посебно се интересира за вашите чести љубовни авантури, не се обидувајте ништо во овој месец, оставете за наредниот нека ви биде тоа златна резерва. Однесувањето на некој ваш пријател ќе ве извади од колосек. Немојте премногу да се нервирате туку едноставно целата работа гледајте ја само од поволниот аспект. Кон крајот на месецот ќе почувствувате подобрување во комуникациите, па делумно ќе се промени состојбата на подобро и повторно ќе бидете оној стариот. Односот со пријателите ќе ви биде просечен и таков ќе остане се до третата декада.
ЗдравјеЌе имате ниско ниво на енергија и намален имунитет кој постојано ќе се зголемува. Проблемите со здравјето нема да изостанат, но сите ќе ги надминете без некои поголеми проблеми. Постојано ќе чуствувате некој притисок во главата кој не може да се нарече главобокла, но ќе ви прави да се чуствувате тешко и мрзеливо. Во втората декада можни се проблеми со бубрезите и болки во долниот дел од грбот. Марс во Скорпија би можел да ви донесе и проблеми со гениталиите. Исто така внимавајте и на исхраната вашиот организам неможе да поднесе премногу токсини во овој период.
СоветЗборувајте ја вистината, стегнете ги забите и покажете му на другите дека сте способни да се снаоѓате и во најтешките ситуации.
Идеален партнерДоколку ви треба личност за патување, авантири и заминување некаде во странство за тоа најсреќни ќе ви бидат Лавовите. Меѓу нив постојат големи разлики во еросот и психата. Тоа е брак на волјата и интелектот. Ослободени се од сите предрасуди, чувствата не се длабоки, на љубомората и нема место. Тие се сраќни затоа што се гледаат реалистички. Се надополнуваат во јавната работа, на излетите, во друштво. Еротската страна нема да бида во ред (посебно за Лавот) бидејќи Близнаците се одликуваат со скромни побарувања, Лавовите не сакаат коментари. Во јавноста понекогаш оваа врска наликува на брак на снобови.