ЛАВ
Работа

Недостатокот на концентрација и стагнација во деловниот живот, Лавовите, ќе го обележат јануари како лош месец. Би било добро во овој месец да избегнувате било какви правни и административни работи, а уште повеќе работите кои се поврзани со партнерства. Во февруари ќе влечете сериозни финасиски потези кои можат за многу да ја променат вашата положба во деловниот свет. Ќе бидете доста храбрии, ќе постигнувате добри резултати, меѓутоа сепак мала внимателност не е на одмет особено ако сте родени во третата декада. Исто така февруар ќе ви биде нагласена желбата за луксуз и екстраваганција па мжеби ќе потрошите поголема сума на пари на ова поле. Во март ќе мора малку да се возджите од трошењето, деловниот живот ќе ви биде малку во криза, ќе се чувствувате помалку исцрпено, но сепак конечниот резултат ќе биде задоволителен. Април е добар за патувања на подолги релаци, како и работа со странци. Во овој месец на ова поле можете да постигнете многу, посебно ако работата ви е поврзана со комуникации. Позначајни финасиски остварувања можете да очекувате во периодот кога Сонцето ќе влезе во вашиот знак после 22 јули. Во овој месец и наредниот можете да ги обновите помалку истрошените финасиски резерви, а работите поврзани со економија и трговија ќе ви овозможат успех, а не е лошо во овој период да го обновите своето знаење и да ги проширите своите професионални видици. Искористете го овој период од годината, по се изгледа најмногу ветува. Септември ве очекува помалку нестабилен и нервозен период, кој ќе мора да го пребродите. Октомври ви овозможува добивка без многу труд, а новите деловни проекти и работите поврзани до големи деловни организации можат да бидат плодно тло за ваши долгорочни проекти. Последните два месеци ќе уживате во сопствениот успех овие месеци добри се за образоиваниоето и комуникациите.

Љубов

Се ќе почне убаво, но ќе трае кратко само за новогодишните празници. Ќе бидете вистински зимски заведувач кој ќе подарува возбудливи и неочекувани љубовни понуди. Ќе бидете доста комуникативни и ќе имате прилика сите околу вас да ги забавувате. Едноставно ќе уживате во вниманието од околината и обожавателите. Но уште еднаш тоа кратко ќе трае. Веќе веднаш после новогодишните празници почнуваат проблемите. Ќе ве прати чувство на незадоволство и осаменост. Ваквата состојба ќе трае до наредниот месец кога работите одеднаш позитивно се поставуваат. Ќе следат пријатни настани кои помалку ќе ве збунуваат и изненадуваат, меѓутоа во тоа ќе уживате. Слободните ќе имаат прилика да уживаат во комбинација на страсти и егзотика, додека оние кои се во врска ќе внесат нови страсти и обновени емоции. Ваквата состојба ќе ве прати цел пролетен период. Во мај ќе бидете доста популарни кај личностите од спротивниот период и тоа навистина ќе ви годи. Првите летни денови ќе бидете помалку збунети со наглите напади на страст и разгорените емоции. Оние кои се во врска може да западнат во скриена и возбудлива авантура која поради мали грешки може лесно да се открие. Во јули и август повторно ќе бидете под позитивно влијание на планетата на љубовта и после помалку нестабилниот и хаотичен јуни повторно ви се враќа стариот оптимизам и насмевка на лицето. Се до 21 септември ќе уживате во средените односи со партнерот и неговата прегратка. Првите сериозни проблеми ќе ви се појават во ноември кога се можни нагли прекини на врската, а кај некои можат да завршат и со афери. Долгорочните врски ќе почнат да заладуваат како и атмосферата во семејството доколку сте во брак. Ваквата состојба ќе се стабилизира дури во декември кога ќе ви требаат многу повеќе сила, енергија и трпеливост за да ги решите направените проблеми. Оние кои полесно ќе поминат во декември не им останува ништо друго освен да се зафатат со веслба, ведро расположение и задоволно да размислуваат за деновите кои донесуваат нови предизвици и возбудувања.

Здравје

Јануар не е многу поволен за вашето здравје и можеби ќе биде причина за некои проблеми кои ќе се појават на работното место. Преку целиот февруари и март ќе се одликувате со добро здравје, можни се мали непријатности во средината на март, меѓутоа нарзо се подобрува состојбата. Во тој период ќе ви биде зголемена нервозата, а може да се појават и проблеми со желудникот. Април е особено добар за разубавување и подобрување на физичкиот изглед. Првите непријатности со здравјето можат да се појават дури во јули. Во овој месец ќе треба да внимавате на алкохолот, а во август потрудете се да го намалите пиушењето бидејќи чувствителни ќе ви бидат белите дробови. Нагласено активни ќе бидете во октомври, кога се и можни и некакви повреди. Особено внимавајте во ноември посебно ако имате проблеми со некои хронини болести. Декември ќе имате добро здравје.