Ноември
Работа

За овој месец препорачуваме голема внимателност за сите Лавови. Сите три декади ќе имаат исклучително критични периоди кои ќе делуваат на вашето расположение. Месецот ќе го започните помалку резервирано, за одеднаш потоа веќе од втората недела од ноември да почнете да се соочувате со проблемите. Од ден на ден ситуацијата ќе ви станува се потешка до последната декда од ноември кога ќе се појават подобри можности и кога ситуацијата барем делумно ќе се стабилизира. Било што да работите не се базирајте на среќата бидејќи овој месец нема да ви биде многу наклонета. Пребрзо ќе се одлучите за нешто што ни самите не сте уверени. Состојбата на работното место е доста чуствителна, а вие во моментот не сте подготвени на таков развој на настаните бидејќи работната енергија ви е на ниско ниво. Ќе ви недостасува вистинска волја за работа, па затоа ќе се потпрете на работата на вашите соработници кои подобро ќе се снајдат од вас. Повеќето од вас не ќе знаат како да започнат со вишокот на обврски. Во комуникациите обавувајте ги само оние најнужните, бидејќи ќе бидете брзоплети и склони кон нејасни заклучоци. Нештто подобро ќе поминат Лавовите кои се занимаваат со креативна работа, бидејќи ваквата поставеност на планети ви носат можност за истражување и ќе ви помогнат да го најдете сопствениот начин на изразување. Не се движете премногу, избегнувајте патување и поголеми собирања. Финансиската состојба не ви е на завидно ниво, но сепак делумно ги задоволува вашите барања. Ќе можете да си дозволите и некои луксузни трошоци во смисла на патувања или викенди на подалечна релација.

Љубов

За разлика од работата, љубовта ви е нешто поповолно аспектирана, но сепак ве очекуваат помали проблеми. Можни се недоразбирања со партнерот и тоа како причина ќе се појават проблемите коие ќе ги носите од работното место. Не влегувајте во расправии за кои знаеет дека не сте во право. Некои Лавови ќе почуствувате љубомора кон партнерот. Тоа го правите често и без причина, но овој пат можеби за тоа ќе имате право. Можеби ќе ја откриете неговата двојна игра. Не се грижете се работи за беззначаен флерт. За слободните еден совет - обрнете повеќе внимание на себе и не ги слушаат советите кои ќе ви бидат понудени. Препорачливо е да не се впуштате во некои поголеми љубовни авантури иако ќе чувствувате доста енергија и занес. Тоа е така бидејќи Венера ви е делумно наклонета, меѓутоа останатите планети го оспоруваат тоа. Лесно може да ви се случи да доживеете доста голем шок па потоа голем период да не сакате да влезете во голема врска. Во овој месец сте посебно ранливи, збунети и неодлучни. Втората половина од ноември добра е за кратки авантури, меѓутоа потрудете се да не се врзувате многу за партнерот. Само така ќе можете да се чувствувате задоволно. Ќе имате прилика да дознаете нешто во врска со некоја личност која доста време е крај вас. Можеби конечно ќе сватите дека ве искористува, а вие и овој пат ќе преќутите бидејќи сте потполно немоќни тоа јавно да го искажете или пак да ја прекинете врската. Можеби тоа е мудра одлука но првата прилика би било добро да ги разјасните работите и да ја отфрлите горчината која веќе некое време ја собирате во вас. Чекајте добри прилики и размислете пред да се впуштите во било каква акција. Новите пријатели кои скоро ги запознавте ќе ви приредат некое исклучително добро изненадување кое доста ќе влијае на вашата самодоверба. Обидете се за тоа да им се одложите бидејќи во иднина ќе ви биде потребна нивната подршка.

Здравје

Ќе имате чуствително здравје посебно во првата половина од месецот. Можни се и лекарски интеревенции. Ваквата состојба посебно ќе ги зафати родените од втората декада. За постарите се препорачува повеќе одмор, редовно конзумирање на лековите и витамините и секако повеќе внимавање на храната која ја конзумирате. Имунитетот делумно ви е опаднат па затоа порачуваме поголема внимателност и хигиена. Чувствителни орагни ви се зглобовите и срцето, а можете да имате проблеми и со пробавата. Помладите ќе се потрудат да променат нешто со својот изглед прифајќајќи нов стил на живот и воочливи промени во имиџот.

Совет

Опуштете се, побарајте друштво на пријатни луѓе. Тоа во моментот е најдобар лек за сите ваши проблеми.

Идеален партнер

За овој период исклучително добро ќе си одговарате со Близнаците. За многу кратко време се врзуваат меѓусебно. На прв поглед оваа врска би требало да биде успешна, меѓутоа ако по одредено време дојде желбата на Лавот да доминира и ситуацијата се менува. Лавот се восхитува на Близнаковата оштроумност и спретност со кој ги совладува препреките. Близнаците ја ценат блескавата интелегенција на Лавот и неговиот на чин на решавање на проблемите. Ова меѓусебно почитување на квалитетите е одличен предуслов за добро заедничко живеење.