Во текот на скоро целиот јануари ќе бидете помалку незадоволни со деловните достигнувања и воопшто со финасиската состојба. Очекувајте доцнења на реализацијата на проектите, неизвршување на работата на одредени членови на тимот, доколку сте претпоставен, или проблеми со јавноста доколку работите со медиуми или се занимавате со политика. Во февруари, на работното место, ситуацијата се подобрува. Ќе чувствувате позитивна делона клима, а посебно ќе напредувате ако се занимавате со уметност, книжевност и воопшто со образование. Од средината на март енергијата значително ви се зголемува, па ќе бидете добри во комуникациите и сите работи поврзани со нив. На кратките патувања можете да остварите доста, па затоа не ги одлагајте. Во мај ќе ве зафати мала мрзеливост, ќе се чувствувате некако истоштено, а и расправиите со околината, ќе ве демотивираат. Во летниот период ќе бидете нагласено динамични, работите поврзани со трговија, економија, туризам, а кај некои и купување и продавање на недвижнини, ќе ви донесат одлична заработка. Во есенскиот дел од годината очекувајте доста позитивни промени или нови вработувања, ако сте невработени. Ноември е посебно поволен за работа со медиуми, но исто така добар и за подобрување на финасиската состојба. Во овој месец можете да откриете нови и доста профитабилни извори на заработка. Во целост финасиската состојба ќе ви биде добра преку целата година, бидејќи вашиот владетел Јупитер и планетата на среќата во цела 2016 година ќе биде позитивно поставена за вас. Дури и оние насиромашните припадници ќе уживаат во пријатната и стабилна финасиска година. Во целост оваа е поволна година за Стрелците, а искористете ги позитивните влијанија посебно во сферата на финасиите. Можете да постигнете многу со малку работа.
ЉубовЈануар за љубовта ќе ви биде помалку напнат и нервозен месец. Постојано ќе бидете опкружени со атмосфера на незадоволство и расправии со партнерот и личностите кои ги сакате. Ќе се трудите на бесмислен начин да ги решавате проблемите, а тоа ќе биде или со кратки и неморални авантури или со купишта на деловни обврски. Студениот февруари полека ќе ги смирува надојдените проблеми, а жестоките расправии одеднаш ќе се претворат во љубов и разбирање. Звучи малку неверојатно, меѓутоа како работите се средуваат на работното место, така ќе се средуваат и работните проблеми. Целиот пролетен период, се до јуни, ќе уживате во складниот љубовен живот. Слободните ќе имаат изразен нагласен шарм и нагласена привлечност кој ќе ви овозможат без многу труд да ги остварите своите фантазии и да ја заведете личноста која подолго време ја посакувате. Јуни ќе биде доста непредвидлив месец, интензивносто дружење со пријателите ќе ви оневозможи да внесете нова живост и страст во врската. Набрзо ќе сватите дека сте погрешиле, а тоа ќе се случи откако вашиот партнер ќе стане нервозен и раздразлив, па во јули ќе се обидете да ги средите односите. Во тоа и ќе успеете, романтично патување или летување со партнерот ќе му стави крај на проблемите. Слободните ќе бидат помалку неодлучни, постојано ќе бидат со неконтролирани и нејасни страсти, па можеби летниот период да го поминат сами. Но затоа пак, есента, нуди многу повеќе, посебно месец октомври кога повторно ви се враќа стариот шарм и привлечност. Овој месец е добар за слободните, но и за зафатените ако може така да се каже. Желбата за промени и возбуди може да ве одведе во туѓа прегратка и почеток на нова љубовна приказна. Во ноември и декември ќе внесете нов бран на оптимизам и среќа во вашиот љубовен живот. Овие два месеци се добри за брак, хармонизирање на врските и разнишување на оние разнишаните. Ќе уживате во хармоничниот живот со партнерот и со сигурни чекори ќе влезете во наредната календарска година. Во целост ве очекува доста интересен љубовен живот преку целата година, исполнет со голем број на цврсти врски но и по некоја авантура.
ЗдравјеЗдраствената состојба за оваа година не е многу поволна. На почетокот ќе се чуствувате полни со енергија и здрави, за со нагли падови и издигнувања ги поминете наредните шест месеци. Втората половина од годината ве очекува нагло опаѓање на енергијата и голема чуствителност на болести. Најповеќе ќе страдаат Скорпиите од третата декада, ги очекува проблеми со нервите, срцето и крвните садови. Кон крајот од годината ќе почуствувате подобрување, но секако дека треба да внимавате и понатаму. Во есенскиот период внимавајте на болести на репродуктивните органи посебно кај кај жените.