ТОЈ: Ова е човек кој постојано сака да учи нешто ново, постојано доаѓа со своите блиски, па осамен Стрелец е вистинска реткост. Својата отвореност и директен начин на однесување, тој ги пренесува и на своите пријателски и љубовни врски. Тој првенствено е искрен човек дури и тогаш кога неговата искреност боли. Мажот Стрелец признава дека сакал и порано и без двоумење додава дека веројатно ќе може да сака и подоцна. Затоа жената мора или да го прифати можното неверство или да го заборави. Овој човек најдобро би постапил кога би нашол партнерка која е на исто интелектуално ниво како него, а да не ги занемари притоа ни прашањата на темпераментот и карактерот. НО него напротив секогаш го привлекува сјајот и само сјајот иако брзо ќе разбере дека секоја жена која би требало да живее со него мора да има многу повеќе од убаво лице. Кога во љубовта го повредат или се разочара, тој реагира така да влегува во врски со жени кои неможат да ја загрозат неговата слобода, па затоа мажените жени можат да му станат навика која тешко ќе ја искорени.
Ни една жена неможи да го задржи овој човекл само за себе, но ако инсистира на тоа тој наизглед ќе се потчинува на нејзините желби, но во стварност ќе бара некое послободоумно друштво или ќе стане толку критичен према неја така што од нивната заедница нема да остане ништо освен лабава физичка врска која исто така брзо ќе се угасне. Нему му е потребен некој кој ќе ја разбере неговата желба да комуницира и да се додворува, некој кој е отворен према жовотот како Што е тој самиот. Многу мажи родени во овој знак го избегнуваат бракот затоа што најмногу сакаат да бидат свои господари. Но кога ќе ја најдат вистинската личност ќе бидат многу среќни, а децата ќе го обожаваат таткото кој има толку полно дух и склоност кон авантури.
Овој маж има концепција за љубовта како закон за редот меѓу луѓето. Фин љубовник, знае се за сексот и фудбалот, а бара жена кој ќе ги разбере неговите идеали, која не го разубедува, па макар и да е во прашање лицемерство. Во краен случај жената за него треба да биде барем весела, со смисла за хумор и достеки, за да може да покрај неа да се одмора од напорот. Во нормални услови овој човек нуди најдобра еротска и душевна врска иако жесто има два брака. Взаемната доверба за него е најважна во животот.
ТАА: Нејзината отвореност и искреност често погрешно се разбира, затоа Што пријателството кое го нуди многу луѓе го заменуваат за љубов. Иако нејзината потреба за слобода и искреност во почетокот ќе ги привлече припадниците на машкот пол, тоа ќе трае само додека не сватат дека таа не може да се промени. Обично кога ќе се појави таква опасност таа знае да се снајде и има среќна особина да може да ја заврти ситиуацијата на шега, при што одбиениот додворувач тоа ќе го цени и ќе се смири неговата повредена гордост. За жал ако тоа често се случува на жената Стрелец на крајот може да и стане тешко да ја изрази својата вистинска личност и затоа исто како и мажот Стрелец ќе прибегне кон врска која не може да ја задржи. Нејзе и е потребен маж кој нема да се повреди секој пат кога таа танцува или му се насмевнува на некој друг, посебно маж кој е во состојба дсоволно да ја сака и да и дозволи да биде она што е, а да не се обидува да ја поседува и со телото и со душата. Кога ќе се најде вистинскиот маж во вистинското време, таа може да стане верна мајка која на децата повеќе ќе и биде постара сестра, а нивната врска може да биде многу цврста.
Таа е жар под пепелот и секогаш може да го разгори огнот. Има свои сопствени гледишта за еросот, но тоа не го наметнува. Сколона е кон слободно однесување, хумана е, никогаш не е монотона, секогаш е рамноправна со партнерот и често му помага. Редовно бара натпросечен маж, ако не е таа ќе го воздигни. За жртвата не бара надохнада, затоа после разводот му се предава на спортот или заминува во манастир. Секогаш топла, сеопфтна и нуди оргазам. Освојува со пријатната појава, духот и најчесто не знае да лаже.