Првата половина од месецот не ви е многу поволна, се што ќе превземете ќе можете да го завршите само преку залагање и работа, а наградата и прзнанијата ќе бидат половични. Извршувајте ги само најосновните и неодложливите работи, а оние посензитивните оставете ги за втората половина од месецот. Разведрување на ситуацијата започнува во втората декада од месецот кога делумно ќе добиете подршка од планетите, особено за комуникација, за потоа во третата декада да започнете могу полесно да ги извршувате сите активности, особено оние кои бараат способност за комуницирање или пак поврзани се со некакви патувања. Во вашето трето поле се наоѓаат маса на планети кои ви гарантираат успех, во сите области кои се поврзани со комуникација. Со влегувањето на Сонцето во знакот на Овен после 21 март енергијата значително ќе ви се подобре, па покрај упорноста, следно орудие кое ќе ви помогне за справување со проблемите ќе биде вашиот шарм и делумно вашат среќа. Особено поволен е крајот на месецот. Вашиот владетел Јупитер е добро аспектиран од Венера планетата на убавината, па така секаде каде се бара естетика, достоинственост и префинетост таму ќе бидете најуспешни. Финасиската состојба преку целиот месец ќе биде задоволителн, можеби ќе немате доволно пари но ќе чувствувате исполнетост на ова поле, па така нема да ви претставува некаква тешкотија. Во втората половина од месецот ќе трошите многу повеќе одколку што заработувате, меѓутоа подоцна ќе сватите дека парите сте ги вложиле на вистинското место. Многу поволно ви се аспектирани сите бизниси кои се поврзани со кратки патувања и трговија со фини и луксузни нешта. Искористете го овој месец максимално, имате подршка од планетите, за се што ќе превземете.
На љубовен план овој месец ќе биде доста интензивен. Венера планетата на љубовта поставена е во вашето трето поле или полето на комуникациите и е добро аспектирана од Марс. Со други зборови одлични ќе комуницирате во љубовта. Првата половина од месецот ви носи многу љубовни возбудувања. Тешко ќе можете да ја задржите внатрешната рамнотежа и смиреност а и ќе немате потреба за тоа. Постојано ќе бидете возбудени со многу љубовни понуди многу кратки и слатки авантури, а за некои нова и среќна љубовна врска. Време е да вложите малку повеќе на ова поле, бидејќи токму во овој период состојбата е доста поволна, па можете многу работи кои ви пречеле токму сега да ги решите. Многу од вас посебно родените од втората декада ќе размислуваат за авантури, а често и ќе флертуваат. Шармот ви е нагласен, па нема да ви биде тешко да ги освоите личностите од спротивниот пол. Меѓутоа немојте подоцна да се покаете. Партнерот ќе почуствува дека нешто се случува со вас и брзо ќе реагира на сличен начин. Во тој случај разделувањето е неминовно. Кон средината на месецот во краток период ќе почуствувате мала хаотичност во мислите и емоциите. Тешко ќе можете реално да ја прецените ситуацијата во која се наоѓате, а и своите желби. Последната недела од овој месец повторно се враќате во елементот. Тоа ќе се случи бидејќи Сонцето влегува во за вас пријателскиот знак на Овен. Повторно ќе бидете срдечни и пријателски раположени меѓутоа ќе постои опасност за дружењето да се претвори во конфликт. Тоа посебно важи за Стрелците од третата декада. Ќе ве пратат доста бурни страсти но тоа нема да оди во прилог на стабилноста на врската. Користете ги енергетските потенцијали со мерка, бидејќи лесно може да се случи наместо привлечност кај луѓето да предизвикате потреба за одбрана. Во овој период во секој случај ќе имате голема поддршка од планететите, па искористете го.
Се наоѓате во месец во кој можете многу да направите за вашата здравствена сосотјба но исто така можете и да расипете доколку слободното време го претворите во работно. Исто така калитетениот сон и дружењето со партнерот позитивно ќе делуваат на вашата психифизичка рамнотежа. Бидет трпеливи, тоа ви е единствениот лек да ја избегнете нервозата и со тоа да го заштитите вашиот нежен желудник. Стресните ситуации ќе бидат почести кон средината на месецот. Покрај нервозите на работното место можни се проблеми со несоница, вртоглавица, и срцеви проблеми, посебно кај постарите личности.
Вложете малку повеќе енергија во полето на љубовта, бидејќи токму во овој период состојбата е доста поволна, можете многу работи кои ви сметале токму сега да ги решите.
Некој кој е роден во вашио знак би можел доста да ве усреќи во овој период. Овие двајца најмногу обожаваат авантури и во секој поглењд одлижно се сложуваат. Нивниот сексуален живот е успешен и интересен, но вистина е дека на љубоват не и придаваат големо значење. Еден на друг си нудат потполна слобода во сите погледи. И покрај тоа што заеднички уживаат и живеат интересен заеднички живот, на ниту еден од нив ни најмалку нема да му смета, ако партнерот го проживува своето време во непознато друштво. На кратко кажано во овој пар нема ни малку љубомора, напротив таквиот начин на живот уште повеќе ги зближува. Ова е сестрана сексуална комбинација, двајцата се спремни да експеримантираат.