СТРЕЛЕЦ
КАЛКУЛАТОР ЗА ПОДЗНАК

Стрелец-Овен
Ова изразено немирна комбинација. Луѓето родени со овој подзнак, прифаќаат се со изразено воодушевување и во основа се непоправливи оптимисти. Се држат кон високите морални принципи и никогаш не се служат со ниски удари. Сакаат патувања и спорт, и спаѓаат во оние кои цврсто веруваат дека во здраво тело здрав е и духот. Луѓето со оваа комбинација не сакаат никакви ограничувања, обврски и врзување, па бракот го доживуваат како своевидно ограничување на личната слобода.

Стрелец-Бик
Луѓето родени со овој подзнак се олицетворение на хедонизам. Најчесто имаат блага и весела природа и секогаш се треудат да ја сог;едаат поубавата страна на животот. Овие луѓе се изразено сензуални и страствени, а големо внимании им придаваат на јадењето, пиењето и облекувањето. Имаат селно изразена смисла за боја и префинет моден вкус. Ако во хороскопот на овие личности Венера и Јупитер се лошо поставени, заради мрзливост и конформизам лесно се откажуваат ако наидат на препреки.

Стрелец- Близнаци.
Изразено прилагодлива комбинација, која дава и непостојани луѓе. Овие личности сакаат промени и неможат долго да се задржат на исто место. Изразено се друштвени, но овде станува збор за површни , а не длабоки контакти. Најголема мана на луѓето родени со овој подзнак е непостојаноста и недоследноста. Несакаат да превземаат одговорност и обврски, затоа што несакаат шефовски улоги. Како и во се останато, така и во љубовта се напостојани, долгите врски ги замараат и исцрпуваат. Практични се и снаодливи, но недоволно истрајни.

Стелец-Рак
Личностите со овој подзнак се толерантни и стрпливи. Секогаш имаат време за дружење и излегувања. Овие луѓе се големи идеалисти и бидеејќи инстиктивно ги читаат другите карактери, лесно можат да бидат излажани. Према работата се однесуваат одговорно и дисциплинирано и најчесто постигнуваат завидни резултати. Оваа комбинација дава изразено шармантни луѓе кои се омилени меѓу пријателите, но за себе немаат претерано високо мислење. Срамежливи се и потребен им е некој кој им влева самодоверба.

Стрелец-Лав
Впечатливи и јаки личности. Оваа комбинација сака да биде забележана, но заради вродената толеранција никогаш нема да стане тиранин. Оптимизмот и ентузијазмот се најсилните особини кои ги красат овие луѓе. Благодарејќи на таквото сваќање на животот, скоро секогаш се им поаѓа од рака. На луѓето родени со овој подзнак среќата им е секогаш наклонета, а ако Јупитер и Сонцето се во хармоничен аспект, можни се и добивки на лотарија. Сакаат сјај и гламур, но најповеќе од се сакаат да трошат пари.

Стрелец-Девица
Комбинација која е изразено практична и иницијативна. Имаат одлични организаторски способности, но кога треба да се направи ризичен чекор тогаш им недостасува храброст и се откажуваат. Оптимизмот на Стрелецот кај оваа комбинација е доста пригушен. Овие личности ги го почитуаваат уредувањето и законите и не ја трпат анархијата. Имаат развиено чувство за должност, но им недостасува борбеност. Овие луѓе често повлекуваат брзи потези, но заради двоумењето можат да ја пропуштат вистинската прилика.

Стрелец-Вага
На луѓето родени со овој подзнак многу им се важни општествените односи. Сакаат да патуваат и да бидат опколени со луѓе. Ова е  изразено друштвена комбинација и имаат многу пријатели и познаници. Се одликуваат со благ темперамент и смисла за дипломација што ги прави омилени во секое друштво. На овие луѓе неможе да им се случи да кажат погрешен збор или некого да навредат. Сакаат уметност, а најмногу од се музиката. Големо внимание му посветуваат на својот изглед, посебно на облекувањето.

Стрелец-Скорпија
Овие луѓе са продорни и имаат смисла за бизнис. Сакаат да ризикуваат, а поголемиот дел од нивните деловни ризици завршуваат успешно. Овие личности се морални и принципиелни и никогаш нема да го погазат зададениот збор. Многу ги привлекуваат окултните науки и парапсихолошките феномени. Личностите со овој подзнак во љубовта се постојани но не сакаат постојаност. Многу ја ценат удобноста и исклучително му е важно како и каде ќе живеат. Имаат склоност кон добро јадење, па затоа можат да имаат проблеми со телесната тежина.

Стрелец-Стрелец
Бидејќи Стрелецот кај овие луѓе е двојно нагласен тие се ведри, оптимистични и спонтани. Секогаш му даваат предност на духовното над материјалното, но тоа во никој случај не значи дека не се практични. Оваа комбинација дава луѓе кои релативно лесно ги трошат парите и тоа најчесто на патувања и книги. Многу им е важно образованието и ќе се трудат да стекнат солидна наобразба. Овие луѓе иако се стремат кон верност и постојана љубов, лесно може да им се случи да двапати стапат во брак.

Стрелец-Јарец
Издржлива и изразено витална комбинација, која воглавном дава добро градени луѓе. Секогаш се во движење и спаѓаат во оние кои никогаш не ги мачи вишокот на килограми. Имаат јака волја и кога еднаш нешто наумат, не се откажуваат. Иако не се свртени многу кон минатото, ја почитуваат традицијата. Овие луѓе во љубовта се верни и постојани, старателски се однесуваат спрема партнерот и спрема целото семејство, но никогаш нема да дозволат да се загрози нивната лична слобода.

Стрелец-Водолија
Овие луѓе се отворени и срдечни, па затоа лесно воспоставуваат контакти со друѓите. Пријателствата одигруваат една од најважните улоги во нивниот живот. Ваквите личности се изразено либерални и нетрпат никакви ограничувања. Обожаваат патувања, а посебно ги привлекуваат далечните и егзотични земји. Најмногу од се сакаат да се дружат и најчесто се вклучени во сите видиви клубови  и организациии. Не се многу практични, па затоа им е потребен партнер кој ќе ги насочи.

Стрелец-Риби
Оваа комбинација дава прилагодливи луѓе но и непостојани. Имаат бујна фантазија и развиена интуиција. Заради постојаната желба за промена многу тешко ги одредуваат своите приоритети. Овие личности се многу осетливи на друштвени и општествени неправди, па затоа многу често помагаат. Ги привлекува филозофијата и религијата и ако можат активно ќе се вклучат во работата на духовни или верски групи. Во љубовта се непостојани и тешко се одлучуваат за брак, односно за подолготрајна цврста врска.