Ноември
Работа

Почетокот на месецот ќе биде прилично досаден, а тоа е она што најмногу ве иритира. Исто така нервозата, недоразбирањата и спротиставувањето ќе биде основен тон на периодот кој следи. Типичните Стрелци сакаат динамичност, движење комуникација, а во овој месец единствено што ќе добијат ќе биде доста време за себе и за своите размислување. Иако тоа нема многу да ве прави среќни, добро е што сепак ќе имате време да ги средите мислите и малку да се посветите на она што најповеќе го сакате, а тоа е градење на духовноста. Читајте, разговарајте со пријатели на филозофски теми, психологија, религија и слично, тоа многу ќе ве опушти и ќе ве подготви за втората половина од месецот кога подршката од планетите ќе биде значително подобра. Некои Стрелци без размислување ќе ја прекинат соработката со некои личности, бидејќи ќе се почуствуваат искористени. Затоа ако е можно воздржете се од заеднички проекти и јавни настапи, што особено важи и за оние кои се професионалнио врзани со публика. Доколку работата ви е тимска, ве очекуваат уште поголеми неволји. Со влегувањето на Сонцето во вашиот знак после 21 ноември пред се ви се отвора комуникативноста и желбата за дружење. Тоа и ќе се оствари, а посебно вреди за родените во втората декада. Ќе работите доста, ќе напредувате, а тоа е така бидејќи вашите успеси тоа и го заслужуваат. За среќа никој од вашите соработници нема да гледа со љубомора кон вас бидејќи ништо нема да се случи неочекувано, вие го добивате она што ви следува. Некои ваши грижи кои ги имавте, во вашата фантазија ви правеја многу проблеми. Во овој месец ќе се разбудите и реално ќе ја оцените состојбата. Можеби нешто ќе ве потреси за така позитивно да размислувате, но исто така време е некои тешкотии да ги отфрлите од себе.

Љубов

Иако повеќето од работите одат против вас и ви го отежнуваат секој ваш чекор, среќата лесно можете да ја најдете во љубовта. Венера планетата на љубовта моментлано се наоѓа во вашиот знак и во овој месец највероватно најпрво ќе се зафатите со љубовни активности кои за типичните Стрелци се од огромна важност. Најповеќе со љубовта ќе се занимавате во првата половина од месецот, но позитивното влијание ќе премине во втората, па ќе имате доста прилики за нови љубовни авантури онакви какви што само вие посакувате. Ќе бидете доста привлечни и шармантни, а тоа е гаранција дека ќе имате успех на ова поле. Најлошо ќе си поминат оние кои скоро раскинале со партнерот. Ќе имаат бројни прилики, но ќе немаат доволно волја за да влезат во нив, чекајќи дека старата љубов ќе им се врати и дека работите ќе тргнат кон подобро. Колку и да сте заљубени пресечете и тргнете напред. Можно е и заљубување на личност од деловната средина, а не се исклучени ни тајните љубовни врски. Држете се до советите од блиските пријатели, но притоа не ги занемарувајте своите чуства и не дозволувајте да се загубат во многуте обврски. Средувањето на односите со партнерот ќе бидат поттикнати од вашата страст, која во овој период, Венера, значително ќе ви ја разгори до толкава мера, што ќе ве натера да се помирите и со некои барања од вашиот партнер во врска со вашето однесување. За оние во брак, најдобро во овој период би било, поголемиот дел од денот да го поминуваат со брачниот другар. Тоа значително ќе ви го подобри односот во бракот.

Здравје

Енергијата постојано ќе ви се намалува, а тоа ќе ве прави се понервозни. Често ќе го посетувате вашиот лекар или ќе земете подолго боледување. Во моментот тоа не ви е лоша идеа бидејќи нервозната ситуација на работното место може скапо да ве чини. Кај припадничките од понежниот пол ќе се јавува повремена слабост и нејасни симптоми. Потребно е да вложувате повеќе во себе и да ги скротите своите негативни вибрации. Пробллемите барајте ги во заморот, а можат да бидат и од гиниколошка природа. Постарите нека внимаваат на своите слаби места и нека избегнуваат напорни ситуации и стрес. Втората половина од Ноември ќе биде многу поповолана, барем кога енергијата е во прашање, меѓутоа ќе мора повеѓе да внимавате на повреди.

Совет

Посветете си повеќе време на себе и на дружењето со пријателите тоа многу ќе ви ја зајакне самодовербата и ќе направи полесно да ја пребродите прават половина од месецот.

Идеален партнер

Овој месец ќе ви одговараат страствени љубовни авантури кои најповеќе би ги оствариле со личностите родени во накот на Овен. Астролошки оваа врска е одлична, затоа што на Овновиот темерамент совршено му одговараат кондицијата и снагата на Стрелецот. Се што ќе превземат заеднички ќе биде полно со ентузијазам и оптимизам. Во потполност одговараат еден према друг, како сексуално такла и во семејна заедница. Таквиот брак гарантира мирен семеен живот полн со разбирање и надополнување. Нивниот сексуален живот Ќе биде задоволителен под услов да најдат време за тоа, затоа што преѕтерувањето во активностите надвор од дома може да ја загрози важноста на сексот во нивната заедница. Среќна врска.