Ноември
Работа

Ноември ќе биде поволен за Девиците, среќата ќе ве прати пред се во почетокот на месецот кога нема да знаете за граници. Во овој период единствено негативно е поставена Венера во знакот на Стрелец, но тоа нема значително да делува на вашата состојба. Малку непријатно ќе се чивстуввате во втората половина од месецот, ова посебно се однесува на Девиците од втората декада кај кои може да се јават проблеми поврзани со финасиите. Ќе се чувствувате доста храбро и борбено, а некако и околината ќе забележи дека агресивноста ви е е зголемена. Овие карактеристики не се типични за вас и обично не ги поднесувате кај луѓето, меѓутоа во овој период едноставно ќе уживате во нив. Ќе се впуштате во доста ризични акци, а тоа ќе го сватите после деталната анализа која е добра особина во вашето работење. Задоцнетата констатација сватете ја како порака од планетите дека храброста не оди заедно со разумот. Понекогаш треба да се исклучите од трезвеното и да му се препуштите на инстиктите посебно во вакви периоди кога среќата е на ваша страна. Што и да правите чувството на деловност ќе биде постојано со вас. Речиси во сите работи кои ќе ги прифатите ќе оставате добро мислење, а од тоа во иднина ќе имате значителна корист. Родените во втората декада нека избегнуваат донесување на поголеми одлуки. Кон крајот на новември очекувајте некоја непријатна случка која ќе ви остави одредени последици. Опасноста доаѓа од погрешно преценета ситуација и тоа како причина повтроно ќе биде вашиот претеран перфекционизам. Не се разочарувајте бидејќи тоа ќе биде ништо во споредба со она што ќе го добијат вашите блиски соработници.

Љубов

Тешко ќе можете да ја ставите под контрола ситуацијата во љубовта се до втората половина од Ноември, па најдобро би било да ги прифатите неговите предлозите до овој период. Слободните тешко ќе можат да ги докажат своите заводнички потенцијали, па затоа не ви препорачувам започнување на нови љубовни врски. Воздржете се до втората половина од месецот кога планетата на љубовта ќе ви овозможи попријатни моменти. Како и кај слободните така и кај оние во брак проблемот ќе биде љубомората само не во толкава мера. На помладите им порачуваме да обратат поголемо внимание на односот со родителите особено со таткото. Втората половина од Ноември одеднаш работите се местат во ваша корист. Ќе имате многу повеќе љубовни прилики и ќе видите дека овојпат се многу подобри одколку што очекувавте. Исто така ќе имте и прилика за заљубување, а при тоа постојано ќе внимавате на потезите. Постојано ќе бидете воздржани и можеби тоа ќе биде причината и другата страна да покажи зголемено интересирање за вас. Можеби некои од вас ќе сватат дека тоа е добра тактика или можеби пак вистинското однесување кое треба постојано да го применуваат. Ќе се движите во друштво, ќе запознаете некои ниви луѓе па ќе заборавите на малите грижи. Ќе имате прилика да се опуштите во друштвото на пријатни лица, од кои поголемиот број ќе бидат нови познаници. Дали од тие контакти ќе изникне и некоја подлабока емотивна врска, пред се зависи од вас. Отворете ја вратата на својата резервирана природа, за другите заинтересирани за вас, да би можеле да ја запознаат суштината на вашите чувства. Ќе ви биде доста важна комуникацијата со пријателите но нема да ве привлекуваат големи друштва и широк круг на луѓе.

Здравје

Планетите во ноември поволно ќе делуваат на здравјето на Девиците. Спортистите ќе бидат во добра форма со можност за постигнување на добри резултати. Доколку не се занимавате со некоја спорт вишокот на енергија трошете го некое хоби кое бара физичка активност. Втората половина од месецот е добар за вашите естетски барања, па затоа направете некаква промена лично за себе. Кон крајот на месецот ќе почуствувате исцрпеност и психичка напнатост, меѓутоа тоа нема да делува на вашата здраствена состојба. И понатаму ќе бидете чуствителни на промената на температурите, но без грижи нема да има поголеми последици.

Совет

На момент исклучете ги некои ваши особини како што се претераната аналитичниост и перфекционизам. Ќе сфатите дека работите можа полесно да се движат.

Идеален партнер

Во почетокот на месецот најповеќе ќе ви одговараат Биковите, а преку целиот период ќе ве привлекуваат Јарците. Силна телесна привлечност, а сличните погледи према парите уште повеќе ќе ја продлабочат оваа врска. Во љубовта добро се сложуваат, бидејќи сексот не им е најважен во животот, а може да биде згоден начин за искажување на љубовта и блискоста, со што ќе ја зајакнат врската. Депресиите на Јарецот би можеле да го подобрат нивниот сексуален живот, бидејќи во тој случај Девицата станува почувствителна и попилагодлива на своите желби. Јарецот еден од знаците кои им одговараат на Девицата.