РИБИ
Работа

Планетите, во поголемиот дел од годината која следи, ќе бидат наклонети за последните во зодијакот. Добро ќе биде доколку повеќе се насочите на вашата лична афирмација. Постојано предноста им ја давате на другите, па на крајот, за вас останува речиси ништо. Ве очекува успешна година, посебно за родените во првата декада, па не ја пропуштајте повторно. Способни сте за големи резултати, особено со тоа што околностите ќе ве поттикнат од себе да го извлечите максимумот. Бидете борец. Оние кои заработуваат од интелектуален труд посебно ќе бидат успешни во зимскиот период . Во април очекувајте ги и првите ограничувања. Ќе имате некои пречки во вашата кариера, особено ако се условени од некоја постара авторитативна личност, на која веќе некоие време и пречи вашата работливост и ангажираност. Летниот период е доста критичен. Ќе бидете неподносливи за околината, а јавноста ќе ве гледа со сосема поинакви очи. Ќе биде срушена вашата гордост, а ќе чуствувате силен притисок од авторитети. Помош од вашите пријатели доаѓа, а можеби и од некој од раководителите. Во август ќе забележите мал пад на активностите и зголемено незадоволство од вашето работење. Вашите проекти нема да се сложуваат со дадените рокови и ќе предизивикаат неодобрување од јавноста и работната околина. Зголемување на енергијата и враќање во нормала ќе забележите во октомври. Во овој период ќе внесете многу позитивни промени во вашиот деловен живот, а работите поврзани со комуникации и кратки патувања ќе ви овозможат да склопите многу важни пратнерства и договори со кои значително ќе ја подобрите вашата финансиска состојба. Во целост 2016-та е година во која можете многу да направите за вашата кариера и речиси сите планетарни влијанија се насочени токму околу полето на работата, при тоа имајте на ум дека првата половина од годината може да биде поуспешна од втората.

Љубов

Во љубовта состојбата е слична како во работата. Бран на силни емоции ве зафаќаат уште на самиот почеток од годината. Очекувајте нови почетоци, нова љубовна врска и сл. Искористе го максимално првиот месец од годината, бидејќи понатаму, се до летниот период ќе ве следат променливи чувства. Ќе се запрашувате колку навистина го сакате партнерот и дали е време да го промените. Очигледно дека сте незадоволни од неговото однесувањето па размислувете како ќе постапите. Можеби во прашање е и желбата за промени. Исклучителна прилика за авантура очекувајте во јуни. Воопшто летниот период е одличен за слободните, на кои им престои период полн со многу кратки љубовни авантури. Но да ве предупредиме дека ќе следи и разочарување. Оние кои се во сериозна врска, најповеќе разбирање со партнерот ќе имаат токму во овој период. Можни се мали љубовни незадоволства во месец септември, но со малку толеранција тоа ќе го средите. Октоври може да биде доста критичен за љубовта бидејќи токму во овој месец Венера планетата на љубовта е неповолно поставена спрема вашето соѕвездие. Обидете се да најдете разбирање со партнерот. Месец ноември ќе биде добар за отпочнување на нова љубовна врска, меѓутоа со голема претазливост бидејќи можете да западнете во интриги и игри на некои од вашите пријатели или непријатели. Не дозволувајте работите да излезат од контрола, тоа може да ви оди на голема штета за целата наредна година. Кратки и експлозивни пробелми во љубовта можно е да се појават во месец декември. Можен е скандал во кој ќе бидат вклучени и родителите, или пак ќе се работи за врска со поголема разлика во годините. Исто така во овој месец нагласени ви се конфликтите со некои членови од семејството кои највероватно ќе се појават поради вашата напнатост во комуникациите. Бидете внимателни.

Здравје

Здравјето годинава нема да ве загрижува, но сепак не би било добро малку повеќе да внимавате во летниот период. Ќе дојде до слабеење на вашата виталност и концентрација, посебно поради нервни немири и исцрпеност. Постои опасност за сериозни повреди на коските, скршеници, удари од електиричен напон, посекотини и сл. Есенскиот период ќе биде просечен со можни помали нервози попратени со главоболки, но ќе бидат од минлив карактер. Важно е да однесувате умерено и да водите повеќе грижа за вашето здравје. Во декември состојбата се подобрува, па новата 2015 ќе можете да ја пречекате подготвени за нови работни поибеди.