Март
Работа

Масата на планети во вашиот знак ви гарантираат успешен месец. Првата декада од месецот е во знакот на комуникациите. Одлично ви се аспектирани работите поврзани со медиуми, спотриски активноси, право и економија. Во втората декада од Март можете да почните со планирање на активностите но нивната реализација најветоватно ќе дојде после 21 Март кога воопшто ве очекува експанзија на деловне план. Ќе бидат нагласени вашите интелекуални способности како и амбициозноста и самодисциплината. Добро ви се аспектирани работите во кои е потребна упорна работа, истражување и медицина. Посебно добро се аспектирани работите поврзани со патувања и размена на идеи, па на ова поле би требало повеќе да се концентрирате. Деловните патувања ви се особено добро аспектирани, па слободно тргнете не мора да се плашите од компликации. Она што не е поволно во овој период тоа е вашата финасиска состојба која иако ќе биде солидна нема многу да ве радува. Ќе барате повеќе без некоја одредена граница. Во почетокот на месецот би можеле да направите некој поголема зделка која ќе ви го наполни паричникот па макар би изгледала неверојатна. Меѓутоа во вторанат половина од месецот подобро е ваквите акции да ги оставите за некој друг период и да не се изложувате на ризици. Кон крајот на месецот ќе бидете исполнети со нови идеи богати со креативност и практичност, кои ќе наидат на одобрување кај вашите соработници и позитивно ќе се одразат врз работата. Оние кои за професија го одбрале спортот ги очекува месец во кој ќе постигнуваат надпросечни резултати.


Љубов

Поставеноста на Венера планетата на љубовта во знакот на Јарец, во првата недела од Март ќе ви донесе доста среќа во љубовта. Ќе се чувствувате полетно, а љубовните проблеми ќе ви бидат само минато. Ви се смачило од напнатоста и воопшто од сите настани кои се поврзано со љубовта, па сега време е малку да здивнете. Ќе уживате во разговорите со партнерот и поминатото време со него. Оние кои се слободни и понатаму ќе уживаат во слободата без некоја посебна желба да влезат во нова љубовна врска. Барате луѓе кои ве разбираат и со кои можите да делите некакви интереси, хоби и сл. За љубов целиот месец не е многу поволен меѓутоа добро ќе комуницирате во периодот од 9 до 26 март. Во средината на месецот делумно ќе ви се разгорат страсите па можеби ќе се најдете во нечии прегратки, но тоа ќе биде само кратка страсна авантура и ништо повеќе од тоа. Кон крајот на месецот бидете внимателни на вашите постапки со партнерот посебно ако сте во долга љубова врска или во брак. Во последно време премногу барате од партнерот, а и посесивноста ви е нагласена. Некои ќе се користат и со лаги со кои брзо ќе бидат откриени и можеби докполнително да ја искомплицираат ситуацијата. Исто така во овој месец нагалсена ви е затвореноста, постојано ќе се криете во некој ваш свет во кој ќе нема место за никого. Дури и со најдобрите пријатели нема да разговарате, да го кажете она што го чувствувате и што го посакувате. Состојбата во семејството ви е напната, причината најветоватно е во некои тесни роднински односи. Обидете се да се дистацирате од нетрпението и бидете спремни на компромиси. Родените во третата декада ќе имаат нагласени семејни проблеми, можно е некаква грижа околу децата или родителите.


Здравје

Масата на планети во вашиот знак се гаранција за добра здраствена состојба особено во првата половина од месецот додека Марс планетата на енергијата ќе престојува во вашиот знак. После 15 Март ќе се чуствувате помалку слабо но тоа ќе биде минливо и пред се условено со заморот на работното место. Вашите најчуствителни делови на телото се белите нозете и нервите кои во овој месец нема да покажуваат слабост. Некои ќе имаат проблеми со циркулацијата на крвта меѓутоа престојот во топла просторија и туширањето со умерен ладна вода ќе бидат пријатни за вашето тело. Исто така водете повеќе грижа за исхраната бидејќи во поседно време таа е доста важна во ланецот за добро здравје.


Совет

Не му дозволувајте на другите да ве искористат. Бидет малку поодлучни кога се во прашање сопствените интереси.


Идеален партнер

Со Вагаите би можеле да остварите интересна врска во овој месец, посебно во првата декада. Двајцата се многу чувствителни, многу нежни, многу деликатни во изразувањето на чувствата. Но и овде недостасува динамичен елемент, затоа што кога Вагите ќе паднат во една од нивните кризи на колебање, Рибите не знаат што да се прави. Малку се “отсутни”, малку се и аматери, но се вешти и еластични и дискретно ќе си помагаат во остварувањето на своите цели, без форсирање, а со пријателите ќе бидат прекрасни. Инспиративна врска и тоа најмногу на креативно ниво.