РИБИТЕ

Личностите родени во знакот на Риби имаат изразена потреба за пријателство и љубов. Повеќето врски кои ги остваруваат имаат траен карактер. Снажните личности имаат силно влијание на Рибите, а понекогаш дури можат да ја злоупотребат нивната добрина и алтруистичката природа. Рибите многу лесно се отвораат кон љубовта, но таа мора да биде романтична и нежна. Меѓутоа, спремни се да доживеат и голема страст која понекогаш се претвора во екстаза. На Рибите љубовта им е неопходна сила, затоа што чувствата им доаѓаат од длабочините на душата. За својот партнер рибата секогаш е спремна да се жртвува. Рибите уживаат во подзаскриени, потајни и невозможни љубови. Може да се каже дека Рибите понекогаш имаат некој вид комплекс од неуспех, па така често се трудат врската да не заврШи премногу сериозно. Заљубената Риба е безгранично лојална, способна е да се надмине себе си па и да се мачи ако треба. Во одредени околности Рибата е во состојба да живее како аскет, во платонска и контемплативна љубов. Рибите се во состојба да се прилагодат на секоја љубов, освен на рутинската. Тие во љубовта често покажуваат садомазохистички склоности обвинувајќи го партнерот, а за тоа да не се ни свесни. Често пати ќе имате прилика да слишнете од Рибата како изјавува дека никогаш немала среќа, оставајќи на партнерот да размислува што тоа значи. Бидејќи Рибите се навистина непоправливи романтичари, нивниот партнер би морал да биде барем малку олицетворение на некој принц или принцеза. Секако, убавината е на прво место, потоа љубезноста, романтичноста, искреноста, алтруизмот, честа и така натаму. Можеби всуШност најидеален партнер на една Риба би бил оној кој би дозволил да го обликува според сопствена замисла. Во односите со партнерот Рибите не ја сакаат таканаречената еднаквост или правилната распределба на обврските и улогите. Тие од партнерот бараат креативност и способност да ги следат на нивните фантастични патувања надвор од прагот на свесното. Не им се допаѓа да бидат во друштво на некој кој е премногу авторитативен, иако ако тој некој се разболи, рибата е во состојба да му стане роб и потполно да заборави на своите потреби и вредности во кои верува. 

 

Рибите во сексот           

Рибите се многу сетилни и нивните сексуални потреби се во просек појаки отколку кај другите знаци, освен можеби кај Скорпијата или Овенот. Често есе оддаваат и на сомнителен секс така што квалитетот го надокнадуваат со квантитет, што често пати е неразумно и опасно. Рибите го сакаат мистериозното и егзотичното повеќе од било кој друг зодијачки знак. Нема да се двоумат да се впуштат во односи кои општеството ќе ги осудува или над нив ќе се згрозува. Од причина што се премногу чувствителни рибите многу лесно биваат повредени од страна на партнерот, а тогаш се повлекуваат во себе и избегнуваат се. тогаш може да ги зафати психолошка импотенција и фригидност, бранејќи се со тоа од повредувањата. Негативниот односно нижиот тип на Риби има мазохистички тенденции, па во односите бара болка и насилство. Мажот Риби се наоѓа таму каде што се неговите обожувателки. Ако ги нема ужсно му е досадно. Сака уметност, окултизам и политика. Негови ерогени зони се стомакот и стопалата. Ска тајни средби и уште потајни врски. Лудува по искусни партнерки. Оседнат е со групен секс. Жената Риби сетилните уживања ги прима со допир и со милувања. Ерогена зона и се стопалата. Како тајни фантазии и се јавуваат желби за проституција. Таа е недофатлива жена пола мадона, пола вештерка. На задоволствата им се предава потполно не оттргнувајќи ја таинственоста. Љубовта за неа е света и многу важна.

 

Рибите во бракот

Рибите сакаат да ги исполнуваат желбите на својот партнер. Тиа малку бараат, но затоа ќе отидат и на крајот на светот ако тоа од нив го бара личноста која ја сакаат. Исто така лесно ќе се согласат да отидат кај матичарот. За нив венчавката не значи нешто толку значајно, односно тие и не сфаќаат што всушност им се случува. Сепак рибите се способни да бидат верни, но не во младите години. Тогаш искушенијата се премногу големи, а Рибите не знаат да кажат “не“. На Рибите им е многу тешко да се прилагодат на сите потешкотии кои ги носи брачниот живот, и воопшто на уредувањето кое го постои во таквите односи. Заедничкиот живот секогаш ги става во ситуација да бираат нешто што не го сакаат. Мажот роден во знакот на риби би требало покрај себе да има енергична, страствена и интелигентна жена, која може да го разбере, која го сака и која умее да го води кон пореално сфаќање на животот. Овој маж често е многу привлечен, симпатичен, духовит, донжуански тип, кој на прв поглед побудува љубов и нежност. Може да биде среќен само ако најде жена која умаа да ги чита неговите мисли и желби. Тој сака мистериозни жени.         Жената родена во овој знак може да биде добра љубовница и сопруга само ако сака искрено и длабоко. Тражање од прегратка во прегратка заради обично задоволство не и е цел, затоа што таа во сексот гледа нешто убаво и возвишено. Таа има бујна фантазија, романтична е и понекогаш меланхолична. Има силна потреба да сака и  да биде сакана. Меѓутоа таа постојано живее во судир меѓу разумот и срцето. Оваа жена ги сака децата, но и слободата. Нејзините односи со партнерот почесто се базирани на духовен и интелектуален контакт, отколку на чисто физички допир, иако како голем естетичар ја цени убавината на спротивниот пол. Дури во поодминатите години има посреќен и покомплетен брачен живот, а ако остане сама живее од прекрасните спомени. Ако наиде на вистинскиот партнер жената Риби ќе биде благодарна и искрена, иако малку непостојана. Колку повеќе изгледате несреЌно толку се поголеми шансите да освоите личност родена во знакот на Риби. Рибите уживаат некому да му помагаат. Играјте на таа карта и Рибата е ваша.